Блокадата на европските интеграции не е во Брисел, туку во Скопје
Јавноста има право да знае зошто поднесе неотповиклива оставка Ивица Боцевски, заменик-претседател на македонската Влада задолжен за европски прашања. Особено ако тоа не е личен чин. Има многу елементи кои кажуваат дека не се работи само за лични и приватни мотиви, како што соопшти и како што сугерира Владата до јавноста. Содржината на оставката, во која добро е измерен секој збор, недвосмислено укажува дека Боцевски веќе не ја гледа смислата на својот ангажман како прв човек во Македонија за евроатлантски интеграции. Факт доволен за голема загриженост, бидејќи многу е веројатно заминувањето на амбициозниот вицепремиер да е мотивирано и од блокадата на евроатлантските интеграции. Станува се' поизвесно дека таа блокада не е во Брисел, туку во Скопје, во сопствената влада. Боцевски не ја образложи својата оставка пред новинарите и пред јавноста, како што вообичаено ги соопштуваше своите активности. Тој ја избегна јавноста и со тоа зад себе остави многу сомнежи и неодговорени прашања. Тоа што оставката, во најголема тајност, стоела 20 дена во фиоката на премиерот, исто така, кажува дека се работи за чин околу кој Боцевски имал големи дилеми, расправа и чекал разврска.
Како поинаку можат да се прочитаат и разберат следниве зборови: „Мојот придонес во актуелната Влада е целосно исцрпен. Затоа ве известувам дека денеска поднесувам неотповиклива оставка на функцијата заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања“. Паѓа во око реченицата која ја цитираат речиси сите медиуми и која е многу индикативна: „Секоја генерација има своја битка за Македонија, а на мојата генерација и' припаѓа обврската да се избори за европска и евроатлантска Македонија. Јас ја имав должноста да бидам предводник на овој генерациски проект во вашата Влада, што за мене претставуваше врвен патриотски чин“. Ивица Боцевски гледал врвен патриотизам во зачленувањето во ЕУ и во НАТО, во европеизацијата на Македонија и нејзиниот просперитет, а помалку во зачувување на ус��авното име. Боцевски изгледа предоцна разбра дека Груевски се одлучи за статус кво и да глуми подготвеност за компромис пред меѓународната заедница, исто како што тоа го прави Грција веќе подолго време. А, во суштина, двете земји се длабоко закопани во своите ровови, како што вели Метју Нимиц, преговарачот ангажиран од ОН.
Дали Боцевски не сака да учествува во двојната улога една за дома, а сосема друга за Брисел и за Америка и воопшто за меѓународната заедница, па одлучил да замине е прашање чиј одговор го должи на македонската јавност. Ваквите оставки како оваа на Боцевски, ако е од морални причини, се поднесуваат во два клучни случаја: кога земјата станува рамноправна членка на НАТО и на ЕУ, па заменик-премиерот, или министерот задолжен за тоа, гледа дека неговиот натамошен ангажман е целосно исцрпен со големиот успех, или кога вратите за евроатлантските интеграции се затворени во сопствената влада и во сопствената земја, па нема простор за натамошни реформи што води кон целосен неуспех. Тогаш, навистина бесмислено е да се глуми лудило и да се донесува и себеси и јавноста во заблуда. Имајќи ја предвид амбициозната на Ивица Боцевски, кого добро го познавам, тешко може да се поверува дека тој би ја жртвувал својата функција, една од најпрестижните во секоја влада која ја има за цел Европа, ако тоа не засега длабоко во државните интереси што носи историска одговорност. Затоа граѓаните на Македонија имаат право да знаат, а Груевски и Боцевски имаат обврска да ја информираат за тоа јавноста. Се работи за сериозно обвинување на премиерот кога неговиот заменик, одговорен за европски прашања нема веќе што да сработи, поставен на најреформското место во Владата. Од тоа недвосмислено произлегува дека Владата ја нема веќе Европската унија и НАТО во своите врвни приоритети.
Ивица Боцевски, вицепремиер за европски прашања, и' остана должен на македонската јавност да објасни зошто замина од најпрестижната функција по премиерот во Владата
Некако истовремено, без оглед дали е во тесна врска со оставката на Боцевски, следуваа притисоците на Владата да си замине амбасадорот на ЕУ, Фуере, од Скопје. Исто така,се уште во јавноста не се образложени рационално мотивите на Владата да не се обновува аранжманот со ММФ и Светска банка.Се затскриваат и причините зошто има застој во остварување на клучните европски реформи за членство во НАТО и почнување на преговорите со ЕУ. Сите тие активности и стратегиски интереси налагаат продлабочување на демократските процеси во Македонија и вистински реформи со кои се инсталираат високи меѓународни стандарди и правила во работењето и функционирањето на правната држава. На Груевски сега тоа очигледно не му треба. Во ек е изградба на поголем број нестопански популистички објекти и споменици и, што е уште позначајно, прераспределба на крупниот капитал и големите бизниси во партиски компании и фирми. Откако ќе се изградат објектите и спомениците, откако ќе се контролираат сите текови на парите во сопственост на компаниите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, може да се оди на нови предвремени избори. Затоа и задолжувањето на државата со нови стотици милиони евра е прикажано како успех, иако каматите се баснословни во споредба со заемите што ги дава ММФ. Затоа негативните оценки што доаѓаат од НАТО во Македонија се преправаат во позитивни, затоа ЕУ ни додава се' нови и нови задолженија за почнување на преговорите и затоа Македонија ја нема во агендата на активностите на новиот претседавач со Европската унија, Шведска.
Значи, по се' изгледа, на Македонија воопшто не и' треба заменик-премиер за европски интеграции, ниту министер за европски прашања, бидејќи таквите интеграции со ЕУ се застанати на ниво од пред пет години, а за НАТО од пред една и пол година. На Македонија и' треба само доктрината на премиерот Никола Груевски која ќе ја спроведуваат министри за европски дезинтеграции, министер за влошување на односите со соседите, министер за откачување на ММФ и Светска банка, министер за археологија и античка историја, министер за антички споменици и античка култура, министер за изградба на цркви и џамии, министер кој ќе го прераспредели приватниот капитал со нови национализации и експропријации, гувернер кој ќе направи девалвација и, се разбира, парламент кој секој ден ќе вика амин на владата.
Оставката на Ивица Боцевски е значајна порака и за Брисел и за Европската унија. Со својата еднострана заштита на Грција, како наводно различен случај меѓу Словенија и Хрватска, Европската унија ги радикализира односите во Македонија, кои одат во прилог на струите кои не се подготвени на компромис и кои не гледаат поголем патриотизам во членството во ЕУ и во НАТО, туку во антикоманијата.
Оставката, пак, на хрватскиот премиер Иво Санадер и неговото целосно повлекување од политиката, гледано од македонски агол, се подразбира како висок морален чин поради блокадата на ЕУ кон членството на Хрватска, во спорот со Словенија. Се разбира, Санадер во Хрватска ќе биде соочен со сериозни обвинувања дека како капетан прв го напушта бродот што тоне, дека бега од пораз, од економската криза, од последиците на презадолженоста. Тоа најдобро ќе знае да го оцени хрватската јавност. Но, факт е и тоа дека Европа гледаше во Санадер успешен реформски премиер и лидер на ХДЗ, што ја внесе Хрватска во НАТО, што го исчисти националистичкиот талог на Туѓман од партијата и создаде современа десница. Меѓународната заедница препознава во Санадер жртва за интересите на државата. Дури и за оние што во тоа препознаваат европско лицемерство, признаваат дека Санадер со својата оставка барем се обиде да изврши силен притисок на Брисел . Остави впечаток засега повеќе во светот отколку дома, дека немал дилеми во изборот меѓу власта и историските интереси на државата.
На македонската политичка сцена за време на целата транзиција е обратно. Битката за власт секогаш е поважна од интересите на Македонија. Освен во случајот со оставката на Хари Костов на функцијата премиер.
Санадеров „високо морален чин„?? Би рекол дека е оваа заводлива, ама утната синтагма, оптоварена со „репер„ од кој се гледаат состојбите во Хрватска, зa koи е најодговорен Премиерот. Тој репер е токму отепана Македонија, а не некоја од напредните соседни земји - Словенија, Австрија, Италија...Згора, „синтагмата„ баш не ги зема предвид околностите во кои е оставката дадена, а тоа е катастрофална економска ситуација, незабележaна корупција и неефикасно правосудтво - толку критикувани од ЕУ,итн. Медиумите во Хрватска веќе два дена вријат од изјави на компетентни личности од политичката и стопанската сфера на животот, во кои не се крие загриженост - да не ги спомнувам коментарите на најзначителните весници и интернетски портали. Во најголема мера тие се поразителни, па и навредливи за Иво Санадер, чија оставка се нарекува скандалозна, неозбилна, измама на бирачите,бегање од одговорност („стаорците први го напуштаат бродот„), и сл. Впрочем, ѕирните на некоj хрватски портал.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 03.07.2009 00:41:49
Go razbiram Bocevski. Nikoj ne saka da bide na gubitnickata strana, a fakt e deka vladata na FYROM veke nekolku godini redi samo neuspesi. Procesot pocna, a kako sto veli edna narodna pogovorka, na Gruevski mu se kratki nozete
Од: realen
Датум: 03.07.2009 00:47:44
Komentar na mesto. Se nadevam deka korelacija moze da se izvlece i da se spoznaat nekoi raboti. Priznavanjeto deka se nema solucija ako se vrsi ucena, ne e katastrofalna ako se kaze javno i pobara poddrska
Од: Оставка
Датум: 03.07.2009 00:55:23
Македонскиот премиер има поголеми причини за оставка отколку хрватскиот премиер Санадер! Неговата оставка ќе придонесе за битно зајакнување на позициите на Македонија како во однос на Грција, така и во однос на ЕУ и НАТО! Доколку е навистина патриот и доколку сака во историјата на Македонија да биде позитивно оценет, Груевски би требало да го следи примерот на Санадер и итно да си поднесе оставка.
Од: MKD
Датум: 03.07.2009 01:19:41
Ostavkata na Bocevski e inspirarana od edna ednostavna pricina (negov privaten i neoficijalen komentar)-so ovie poveke ne moze da se raboti.Za zal za MKD (a i za mene koj vo Gruevski gledase politicar koj ke gi ispravi site greski na SDSM),premierot nasproti likot na moderen evropski politicar koj ke gi ostavi nastrana partiskite interesi,se opredeli za politicar koj ja povtori greskata na SDSM i na uste postrasen,surov i bezobziren nacin resi da izgradi carstvo na svoi oligarsi,mediumi,instalacii vo sudstvo i vo vitalni drzavni organi i vrabotuvanje na isklucivo partiski (ne kadri) tuku vojnici koi ke bidat pod negova kontrola.Od toj moment na Gruevski veke mu e seedno dali Makdeonija ke go resi sporot so imeto,dali ke bideme clenka na NATO,dali ke dobieme datum za pregovori.Pa otkako ke finisira so svojata stranputica na kraj veke ke mu bide i seedno dali ke bide seuste na vlast i premier.Toa verojatno go sfatil Bocevski a i stranskite nabljuduvaci
Од: mitko za bukefalcite
Датум: 03.07.2009 01:37:05
Makedonija sega ke pravi ona sto go sakaat Bukefalcite (clenovite na najglupavoto i najprostoto glasacko tkivo na VMRO). Grujo ke mora da im udovoluva za da pobeduva na izbori. Ke se falsifikuva istorija, ke se gradat crkvi i spomenici ke se sadat drva. Ova ke se pravi se dodeka celata taa situacija na porazi i prostakluci ne im eksplodira na VMRO-ovcite vo faca. A sigurno ke im se sluci. Togas tie ke si odat vo stranstvo. Na Makedonija i treba treta opcija ama dali taa ima dovolni sili za da stvori takva?
Од: ??
Датум: 03.07.2009 02:23:05
По не знам кој пат,
и ја сум за ЕУ И НАТО, но НИКАКО под услов некој да ме именува и преименува според негов хир, воља, потреба, расположение, и слично. И макар за тоа плаќал дебели пари и ветувал брда и долини. Ако си го дозволиме тоа, тогаш подобро да не нема.
А, што се однесува до спорот околу името, еве мој мал придонес:
Грците велат/тврдат (и нека е и така) дека Александар Велики кого ние го викаме Македонски и неговите сонародници биле и се чувствувале грци. Со други зборови биле по националност, со модерна терминологија, грци. Ако е така, значи никогаш не постоела нација која себе се нарекувала МАКЕДОНЦИ. Од тука, од каде им право на грци, или било кои други нации, да спорат за НОВОТО име во клубот на нациите? Мислам дека од ова аргументација лесно произлегува решение, име на државата Р.Македонија , нација - македонци и јазик македонски. А што се однесува на тоа дали Ацо бил Велики или Македонски, за тоа историчарите можат да продолжат да се спорат, со години...
Од: pp20
Датум: 03.07.2009 02:47:19
Prvo Gospodine Rizaov ako Bocevski ima tolku golema moralna i druga odgovornost ne izleze javno i rece pa Gruevski ja koci rabotata i e vakov ili takov ama kuti...Ako e vistina kako SDSM spekulira deka imal tajni sredbi so Grcija zarem ima pricina da se objasnuva negovata ostavka vo cie ime toj se sostanuval i vo cie ime "daval mislenja predlozi i pravci na dejstvuvanje" ..vo vasiot tekst velite nesto sto navistina me nervira
citiram: Ивица Боцевски гледал врвен патриотизам во зачленувањето во ЕУ и во НАТО, во европеизацијата на Македонија и нејзиниот просперитет, а помалку во зачувување на уставното име...pa toa Gospodine Rizaov ne e patriotizam tuku predavstvo zarem "integriranjeto vo EU" e povazno od imeto na Makedonija od jazikot kulturata identitetot...Jas EU ja razbiram kako zaednica na drzavi i nikoj nema pravo da me tera da so smenam imeto za da "bidam" prifaten.....Gruevski e vo pravo koga ima tvrd stav koj e i edinstven stav nema promena na imeto toa e nad EU NATO OON
Од: NIK
Датум: 03.07.2009 03:12:32
Za da bide analizata sto po 'uverliva" potrebno Erol da se slika so fildzan kafe pred nego.
Од: Ljubotan
Датум: 03.07.2009 05:04:44
l, Jas sum ;Sumadinec,zarem ovoj sumadinec ne moze da bide i Rom. Zarem Rom od Skopje nee Skopjanin ili , samo nekoji drugi ima privilergija , samo toj , da se vika Skopjanin!Banacanin,Sremac ,Tetovasc,,Srno-Gorec. Makedonec, Bosanec;Toa ne e Nacija.Golema e razlika od : Kade si i Sto Si! Ete Jas sum Makedonec- od kade sum,ama ako me prasas sto sum;po nacija, e toa e nesto drugo!!
Од: pameten
Датум: 03.07.2009 05:47:52
"ја сум за ЕУ И НАТО, но НИКАКО под услов некој да ме именува и преименува."...
Ne ni treba "kompromis" toku baranje na dushata(soulsearching). Komunistite ni gi promenija ininjata na -oski. Prviot chekor mora da bide da se voznemirime na ovo perenje na mozocite. Togash svetot i duri Grcite kje sfataat deka smislata na imeto Makedonci ne e zagroza za niv.
Од: Mene do Vas
Датум: 03.07.2009 07:38:45
Ovca vo EU i ostanati pljukadzii nemaat sopstven zivot pa se nasladuvaat na tudji gajlinja. Ne go branam Gruevski zatoa i sto i ovie se naucija da kradat kako prethodnite, no zal mi e sto Ovca vo EU i pljukacite MAKEDONSKOTO prashanje go poistovetuvaat so edna licnost. Makedonstinata e zalozba na site da ja branat. Samo bednici kako vas se sposobni da plukaat po svoe. Ovco od EU ostani si kade si i peri si sadovi za navek. FYROM se sozdade od Se De Se Moe i sega e tesko da se ispravi kriva Drina. No ce se uspee i ce se zacuva MAKEDONIJA i so vas kako tovar. Kokodakate po forumive a ne ste sposobni dve nacrtani ovci da socuvate. Sozdade te si forum kade ce si nacrtate karta na M pa pljukajte po nea. Predavnici.
Од: Лавица
Датум: 03.07.2009 07:47:52
Ероле, прашуваш: „ Како поинаку можат да се прочитаат и разберат следниве зборови: „Мојот придонес во актуелната Влада е целосно исцрпен.“ Еве ти го мојот одговор: - Боцевски го исцрпил придонесот во нашатаа Влада, па почнал да придонесува малку во грчката.
Од: Saso Germanija
Датум: 03.07.2009 08:32:12
1.Mojot sin zema taksi(vo Germanija) i laf muabet so
taksistot Iranec(Persiec)mu kazuva deka e od Makedonija, a taksistot, mislejki na Aleksandar mu
veli:Ah,vie gjavoli Makedonci, pred 2500 godini ni
go unistivte carstvoto.2.Citam vo germ.spisanie STERN, na glavna stranica od 25 juni o.g.:Die Geschichte des Iran(Istorijata na Iran), so ilustracii na 20 stranici
od Steffen Gassel. Ovoj za antickite Makedonci veli
"halbgriechsches Volk"(polughrcki narod).Si se smeam zasto utre ke kaze "nichtgriechisches"(ne
grcki). 3.Vo Mayerova enciklopedija, citam deka
jazikot na starite Makedonci ne bil dijalekt na grckiot jazik. 4. Na drugo mesto citam deka starite
Makedonci bile po srodni so Trakijcite po jazik. Jas
se cuvstvuvam Sloven, ama Erole be na koj da veruvam? Zasto se pisuva koga im osporuvame na
Grcite deka krademe istorija. A sakat da smenat
imato na makedonskiot narod. Apsurd grcki.
Од: Nikola
Датум: 03.07.2009 08:47:31
Nekoj e predavnik!
1. Ako Bocevski uvidel deka Vladata ne e zainteresirana za EU i NATO, ce bese patriotski od negova strana toa javno da go kaze na gradjanite!
2. Ako Bocevski go stavil svojot kapacitet i na grcka strana, togas patriotski cin od Gruevski ce bese toa da go objavi na gradjanite!
Bidejci ni ednoto, ni drugoto ne se sluci, znaci ili deka ne treba da se bara patriotizam vo odnesuvanjeto na dvajcata, ili Bucevski imal ogranicen kapacitet t.e. nizok prag na celi, ili Bocevski e krajno pragmaticen covek, pa ce si zamine za ambasador (sto mislam deka e najverojatno).
Sto i da e, ni malku odgovornost, serioznost, da ne zborime za patriotizam.
Од: struga camo
Датум: 03.07.2009 09:03:47
bravo!
Од: Delco
Датум: 03.07.2009 09:09:48
Jas sum eden od glasacite na VMRO DPMNE. Izjavuvam sega deka bev zaluden od Gruevski i tie okolu nego. Sega gledam deka se gola voda i samo se bogatat na strana kupuvajkji vreme i ne pravejkji nisto za Makedonija. Narode Makedonski Carot e Gol!!!! Otvorete gi ocite i vidite sami.
Од: од прва
Датум: 03.07.2009 09:13:30
Кога се работи за ваков важен ресор,јасно е дека еден не одлучува,туку во името на тимот задолжен,а тоа е владата.Значи ли дека нема повеќе што да се работи на ова поле.Ако двете страни ги зацементирале своите позиции,зошто не влеземе во третата димензија и си речеме дека некоја трета страна премногу бара од двете.Како наследници на древноста,по која итаат сите,соберете храброст и кажете во што е суштината на проблемот.Сето ова има смисла,ако е на повидок разграничување на старата дама.Тежек проблем,како дилемата двокатни или трамвај.
Од: Donald Duck
Датум: 03.07.2009 09:18:13
Nikola Gruevski za makedonskoto glasacko telo bese Robin Hud, koj kje se spravi so kriminalnata privatizacija, i na narodot kje mu go vrati narodnoto. Megjutoa, istiot Nikola, se pretvori vo Pastir, Ovcar, Fuhrer i sto uste ne, koj ima namera da UKRADE od bogatite, no ne za narodot tuku za sebe i za familijata. Se drugo e od sekundarno znacenje, vklucuvajki gi i EU i NATO integraciite i problemot so imeto. Tazno e sto ogromen del od makedonskata populacija seuste ne go gleda toa....
Dokolku se napravi analiza za sostojbata vo MKD (ekonomska, politicka, bezbednosna....), kje vidime deka vo izminative 3.5 godini MKD se ima vrateno nazat nekolku godini, pa i decenii....Ni se servira istata prikazna koja Milosevic im ja servirase na Srbite vo pocetokot na devedesetite....svedoci sme sto takvata politika napravi od Srbija.....
Patriotizmot ne znaci udiranje so glava vo zid, i drzenje vo zaloznistvo 2 milioni lugje za sitni partiski i krupni familijarni interesi.....
Од: MK Skopjanec
Датум: 03.07.2009 09:59:26
Vo kontekst na posledniot pasos, bi go spomenal i Vasil Tupurkovski koj sogleduvajki deka VMRO DPMNE ja rusi prvata ekonomska programa za Makedonija, cisto od vlastoljubivi pobudi za pretsedatelskoto mesto (B.Trajkovski), izleze od Vladata po samo 2 godini. I go odrza vetuvanjeto kon graganite so toj cin.
Од: od citatel
Датум: 03.07.2009 10:09:32
Za razlika od Hrvatska i nivniot premier cija ostavka ja kritikuvaat, nie vo Makedonija, ostavkata na nasiot premier bi ja otcenile kako moralen cin i obvrska na moralen covek koj e apsoluten laik vo politikata. I se molime sto pobrgo da ja podnese za da prekine unistuvanjeto vo drzavat odnosno samounistuvanjeto.
Од: Predrag Terzioski
Датум: 03.07.2009 11:11:01
Zdravo Erol,
Znam deka momceto ti e simpaticno, samo daleku e i on od nevinost vo ova zamesateljstvo.
Ako uspeal da si istrguva ambasadorski mesto -sekoja cest..
Од: tatoo
Датум: 03.07.2009 11:39:35
Јас незнам зошто г-не Ризаов ја вметнувате оставката на Санадер во вашиот и онака издржан напис. Тоа си е проблем на Хрватска. Проблемот наш е само нашата Влада. Не е ни оставката на Боцевски (кој веројатно ја увидел јаловоста на владината политика, што се однесува до интеграциите во Еу и НАТО). Инаку, на Лавицата би и советувал да си ја затвори вилицата, зошто кога ке се свести, Македонија ќе биде поделена што не сакам да верувам, но натаму оди.
Од: b
Датум: 03.07.2009 12:23:52
Само посматрајте ја лавицата. Досега што да направеше Боцевски го правдаше. Ке почне сега да фрла дрвја и каменја по него. Па само ако од нејзиниот омилен фирер слушне нешто лошо за Боцевски, од неа ќе гледаме полошо пишување за него отколку за Б. Црвенковски. Искрено ја жалам! Инаку да и кажам, Боцевски и Иванов беа најголемите кадровски грешки на СДСМ.
Од: Патриот
Датум: 03.07.2009 12:26:57
Се забележува колку е проѕирен написов и како вебмастерот ги селектира само про-СДС коментарите. Прашање за Ерол? Дали имавте ваков напишано кога Бранко ваш го создаде ТАТ, кога ќе ја сечеше главата на октоподот, кога илјадници фирми продаде по багателни цени на партиски спонзори кои потоа ги уништија и ги избркаа луѓето на улица, кога не лажеше дека привременото име е само за три месеци, кога направи милијарда глупости? Не биди дволичен Ероле. Тоа од Фридом Хаус од вчера е точно. Постои притисок кон новинарите, но не од власта туку од опозицијата од каде на партиските новинари како што си ти им се даваат директиви. Се прашувам каков ќе ти беше коментарот ако Бране твој го направеше истото. Дали и тогаш ќе повикуваше на оставка или ќе с��аваше ловорики на државничкото однесување. Целосно пристрасен текст во служба само на СДС-БЈРМ.
Од: Стар внимателен читател
Датум: 03.07.2009 12:57:04
До Патриот. Ако имате кратко памтење не треба да пишувате на памет. Што пишувал Ерол за ТАТ треба да прочитате во Нова Македонија 1966 година. Првата реченица гласи: Од денеска времето работи против Бранко Црвенковски. Тоа е комнтар на авторот по говорот на Бранко во парламентот за Октоподот. Тоа беше жестока критика. Одете во библиотека и читајте.
Инаку Ризаов во своите кометари три пати има побарано оставка од БЦ. А многуте критики за неговата влада биле секогаш жестоки и издржани. Такви ке бидат и кога Бранко ке се врати. Автрот има критички однос кон грешките на сите влади.
Знаењето е мок , знаењето е сила. Само треба да се чита и памти.
Изгледа дека сепак сте вие некој нов патриот кој од вчера почнал да чита весници.
Од: janev
Датум: 03.07.2009 15:29:56
Pa sto... I vo Britanija podnesoa ostavka pola vlada i toa so konkretno obrazlozenie, a nasiot Bocevski si zamina i ne kaza koi mu se pricinite. G-ne Riazaov prasaj te go licno nego pa togas ve ocekuvame da ne izvestite.