Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Брисел одлучува за Фуере, а не Скопје

Фуере нема информација дека било барано укинување на една од неговите функции

Тамара Грнчароска

Владата никогаш не разговарала на темата да бара од Брисел повлекување на позицијата специјален претставник на ЕУ во Македонија, која, заедно со функцијата претставник на Европската комисија во земјава, моментално ја врши Ерван Фуере.

Ова вчера ни го потврдија извори од македонската Влада, кои тврдат дека се чисти шпекулации информациите оти постои несогласување во владината коалиција околу мисијата на специјалниот претставник на ЕУ во земјава. Портпаролот на Владата, Мартин Мартиновски, за оваа тема кратко изјави дека кога станува збор за ЕУ, „Владата на секоја седница една третина од времето разговара за евроинтегративните процеси, што е исполнето, што треба да се направи за да се исполнат критериумите за ЕУ“ и ништо друго.

И самиот специјален претставник на Унијата во Македонија, Ерван Фуере, вчера рече дека тој нема информација дека премиерот Никола Груевски барал такво нешто. „Секоја одлука за мандатот на специјалниот претставник на ЕУ е работа за членките во Брисел, а не за тука“, изјави Фуере, додавајќи дека „во меѓувреме продолжувам со мојот мандат, имаме многу работа пред нас и ќе ја посветам сета моја енергија таа да се исполни во текот на мојот сегашен мандат“.

И двете засегнати страни вчера, неофицијално, ја коментираа забуната, т.е. идентификувањето кое се прави меѓу мисијата на специјалниот претставник на ЕУ и на Мисијата на ЕУ во земјава. За тоа, според нив, во многу придонеле непрецизните информации во медиумите, поточно неразграничувањето на тие две функции кои моментално ги врши еден дипломат. Фуере е првиот европски претставник во земјава, но воопшто во Европа, кој истовремено е носител на тие две функции. До неговото доаѓање во Ма��едонија, во ноември 2005 година, специјален претставник на ЕУ во земјава беше Михаил Салин, додека шеф на Мисијата на Европската комисија во Скопје беше Донато Кијарини.

Фуере, во име на ЕК, во 2005 година беше именуван за координација со економската и техничката соработка меѓу ЕУ и Македонија, додека од високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана, како специјален претставник беше именуван да се грижи за безбедносните и политичките прашања во земјава. Идејата за еден дипломат кој ќе ги претставува двете европски мисии, како што се дозна тогаш, дојде од кабинетот на Солана од каде што сметаа дека во периодот кога земјава се соочуваше со сериозни реформи, на Европа и' требаше подобра координација во Македонија. Како специјален претставник на ЕУ, Фуере, освен Салин, ги наследи и Франсоа Леотар, Алексис Брунс, Ален Лероа и Сорен Јесен Петерсен. Фуере е шестиот специјален претставник на ЕУ во земјава.

Тогаш очекувањата беа дека кога Македонија ќе го добие статус на кандидат за членство во Унијата, ќе се укине функцијата специјален претставник на ЕУ во земјава. Ставот на Владата во 2005 година беше дека специјалната мисија на ЕУ треба да заврши со завршувањето на мандатот на Салин.

Специјалниот претставник на Унијата, именуван директно од високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, прв пат беше назначен по почетокот на конфликтот во 2001 година, со специјална мисија задолжена за управување со кризни ситуации, т.е. со задача да го следи процесот на разврска на конфликтот, а потоа и имплементирањето на Рамковниот договор.

Како што вчера неофицијално информираа дипломатски извори во земјава, таа позиција нема да биде укината се' додека целосно не се имплементира Рамковниот договор од кој како незавршени преостануваат децентрализацијата и граничното управување. Политичкиот дијалог, како дел од сето тоа, исто така, спаѓа под „мониторинг“-обврските на специјалниот претставник на ЕУ. Според неофицијални дипломатски извори, „политичкиот дијалог во Македонија, таков каков што е“, на ЕУ и' овозможува да ја држи таа позиција отворена колку што сака.

Фуере вчера се обиде да ја објасни моменталната улога на специјалниот претставник на ЕУ во земјава, велејќи оти смета дека има многу недоразбирања околу значењето на неговото присуство. „Некои го поврзуваат присуството на специјалниот претставник во земјата со криза, но тоа не е случај“, рече Фуере. „Специјалниот претставник на ЕУ е тука за да ги поддржи, советува, да помогне, да ги поттикне сите реформи кои се потребни во една земја-кандидат како што е Македонија“, објасни тој. Како што рече Фуере, ЕУ сака да ги види аспирациите на граѓаните за европски интеграции исполнети колку што е можно побрзо.


Статијата е прочитана 1250 пати.

Испрати коментар

Од: nik
Датум: 03.07.2009 03:24:09
Osnovnata uloga na ovoj nametnat predstavnik e da go drzi na oko mnozinstvoto vo Makedonija koe ednostavno ne saka niti novo ime niti nov jazik. Bidejki se ubedi deka nema nisto od prekrstuvanjeto, toj (pisi EU) kako AS vo rakavot gi drzi veke proslavenite Ljupco, Ljube i Brane. Ako zatreba tuka se i narodnostite za disipliniranje na neposlusnite...
Од: Petre
Датум: 03.07.2009 06:43:11
dali ovakva misija ima vo Hrvatska ili Srbija ?? pa tamu da ne e podobra situacijata vo istite oblasti ?..tuku si dadovme g*zot pod kirija da ne pravat budali... vo Bugarija uste caruva autoMafijata i falsifikuvanje pari pa nisto !! Grcija ne samo sto ne gi priznava malcinstvata tuku e polna so anarhisticki grupi i imase nemiri so meseci vo kontinuitet, zosto ne odi nekoj od EU da ja ispita tamu situacijata ??
Од: glupendra
Датум: 03.07.2009 07:36:16
Mislam deka navistina Fuere mora da si odi od Makedonija. Toj so nisto vo vladeejneto na ovaa Vlada ne pridonese istata barem da go soslusa a kamoli da go poslusa. Takvi luge se potrebni no na domasni luge koi najprvin ke go islusaat sekogo a posle neka donesuvaat svoi odluki. Ovde od tos nema nisto
Од: Donald Duck
Датум: 03.07.2009 08:44:11
Vladata na sekoja sednica tretina od vremeto razgovarala za EU integraciite??? Pa vreme e da prestanat da razgovataat, i da fatat nesto da podrabotat....od koga dojdoa portokalcinava na vlast, izvestaite na EK od godina vo godina se se polosi i polosi....nie za zal so nedelkanive portokalovi politicari se oddalecuvame od EU.... PS. Treba da bideme srekjni sto postojat organizacii kako Delegacijata na EU, Helsinski, OSCE i sl....da ne bea tie, Ovcarot i familijata do sega kje otvorea konc logori za neistomislenicite....
Од: Македонија
Датум: 03.07.2009 08:58:56
М.р Фуере е почесен Македонски граѓанин,па оттука нека се бори Македонија под своето име и национален идентитет да влезе во ЕУ.Исто така господинот е граѓанин на Охрид,па оттука сигурно ке сака да живее во славата Македонија.А,ти г.дине Петре место да кажуваш од комшиите кој како заслужил,а стално е ставаш во пример Бугарија требе да прекинеш...Знаеш дека во овие пусти тешки годинии кај нас и кај соседна Бугарија како пос комунистичка земја се случуваат истите работи,но не значи дека таму не се казнуваат..Платија таму лоповите и мафијашите со живот...што не е случај во Македонија,па да се уплашат повеке да не е крадат Македонија.И да престанат државата Македонија со целиот народ да е носат во Скопје.Скопје не е само Македонија.
Од: dbreak
Датум: 03.07.2009 10:12:40
Jas ne znam kako takov intelekt kako Fuere se zamara so vakvi domorodci od Makedonija. Na covekot ushte shto ne mu rekoa i napravija, covekot go zadrza nivoto. Odlicen diplomat....
Од: b
Датум: 03.07.2009 10:36:37
Пастирчето ќе кажува или слепци што го подржуваат кого ЕУ да испрати во Македонија и на кое ниво. Проста маса! Е додека така размислуваат, нивото ке биде такво какво што е.
Од: Ајван Доктор
Датум: 03.07.2009 10:43:16
„Кој е он бееее... да ми кажуе, ја сум снимил еден куп емисии, дури и филм...“ (од предавањето за теорија на камера - изјава на еден „врвен“ камерман од „високопрофесионалната“ МРТВ).Така некако се однесува и нашата Блада: „Кој е он, да ми кажуе... па, јас сум магистер..“. Демек они се најгооолеми и најпаметни (а тоа се докажува со секој потег на бладата:), па затоа и не ни треба никој друг од страна! Башка зборат странски, па не ги ни разбираме! Уште да ги прашаме онака наивно: `Аааааа...? Абе шампиони сме, нема што!
Од: perica
Датум: 03.07.2009 10:54:23
Sreka e sto "medjunarodnata"ne drzi vo status na poluprotektorat inace do sega ke se ispokolevme medju sebe , tripati ke ni ja rasturea drzavata i nemase M da ima od Makedonija ako taa navistina im bese ostavena na celosno vladeenje i rakovodenje na nasive amateri.
Од: Патриот
Датум: 03.07.2009 12:14:57
Ова е пример за добро исфабрикувана лага. Очигледно Фабриката за лаги на Бучко сеуште функционира. Прво измислуваат дезинформација (колку што може поцрна), па ја пласираат преку своите ограноци Коха, Дневник,Вест, Утрински, А1, Телма и Алфа. Потоа се јавуваат разни “душебрижници“ и “независни експекти“ од страна на кандидатот за прецедник на “сељачааната“ и на крајот “спасителот“ СДС-БЈРМ и сите осудуваат и го плашат народот со нови војни, а никој не го објавува демантот од ВМРО дека такво нешто не постои и е лага. На крајот наравоучение СДС-БЈРМ се добри и мора да се вратат, а Груевски е лош и да си оди. Се повраќаници и повраќаници, лицемерие, лаги, ароганција и иронија. На кратко византискиот стил на владеење на Папата и на СДС-БЈРМ.
Од: dedo dimo
Датум: 03.07.2009 13:26:07
Na zalost ,sprema ova shto go chitam vo komentarive ,teshko na nas . Nie samite ne se sakame e shto mislite ,drugite od nadvor ke ne sakaat.Toa ne e mozno.Narodot odnosno mnozinstvoto i dade po ftor pat doverba na vladata ,dali nekoj malo umni sakaat ili ne ,toa ne e vazno .Pobeda so mnozinstvo toa e demokratski Vladata treba da raboti za opstanok na drzavata i za podobra idnina .Ako toa ne go napravat .,istata sudbina ke gi snajdi kako SDSM.Ovaa vlada mora kolku e mozno da gi ispravi greshkite shto se napraveni od predhodnite vladi za da se trgni napred,a toa ne e lesna rabota .
Од: janev
Датум: 03.07.2009 15:07:11
Jas kolku sto znam nikoj oficijalno ne pobaral smena na Fuere iako ako se smetame za drzava koja se stremi kon Evropskite integracii navistina e zalno dokolku smetame deka ni treba emisar od EU koj nema da bide obicen ambasador tuku ke ni bide medijator na site politicki i opsestveni procesi . Tuka treba da ja nasocime kritikata ne samo na Fuere tuku i na nasite politicki kritiki koi se odnesuvaat kako vo politicki jasli

Најди! во Утрински
Насловна
Го есапи ли некој ревизорот
Цел јули со дожд и грмежи
Васко Наумовски нов вицепремиер
Уште еден скандал со обвинителите?
Зошто Боцевски поднесе оставка
Боцевски одржувал тајни контакти со Грција?
Скандалозен избор
Новинарите ќе го тужат Амди Бајрам за навреда и клевета
Самозалажување
Хаос со доставата на даночните решенија