Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Боцевски одржувал тајни контакти со Грција?

Социјалдемократите откриваат што може да биде мотив за оставката на Боцевски

Соња Крамарска

Опозицискиот СДСМ вчера настапи со сензационални откритија кои, ако се покажат точни, фрлаат нова светлина врз оставката на вицепремиерот Ивица Боцевски. Според потпретседателот на социјалдемократите, Гордан Георгиев, Боцевски во изминатиот период имал неколку тајни средби со личности од грчкиот државен врв, кои, како што се кажува меѓу редови, биле одржани без знаење на премиерот Никола Груевски.

„Нашата јавност и вчера остана покуса за објаснувањето на премиерот Груевски околу причините за оставката на вицепремиерот Боцевски. Затоа го прашуваме премиерот Груевски дали е точно дека во почетокот на декември 2008 во Брисел имало тајна средба меѓу вицепремиерот Боцевски и грчкиот заменик-министер за надворешни работи“, рече Георгиев.

СДСМ има информации и дека набргу по таа средба се случила и втора средба, овој пат меѓу македонскиот вицепремиер Боцевски и грчкиот државен секретар за надворешни работи. Тајните средби на Боцевски не застанале тука. „Кон средината на јуни оваа година имало средба помеѓу Боцевски и висок дипломат во грчката амбасада во Вашингтон за време на одржувањето на конгресот на Обединетата македонска дијаспора, на која е разговарано околу проблемот со името“, велат од СДСМ.

Иако потпретседателот Георгиев ги пласираше сознанијата како прашања до премиерот Груевски за тоа дали се случиле тие средби, повеќе од јасна е пораката дека тие поседуваат такви информации и сметаат оти тука лежи причината за оставката на Боцевски.

Според извори на „Утрински весник“, пак, првата искра меѓу Груевски и Боцевски се појавила кога Боцевски успеал со посредство на Брисел да се договори Грција да не ги блокира средствата за изградбата на автопатот, но потоа неговите напори биле торпедирани со ненадејната одлука на Владата да го преименува автопатот во „Александар Велики“.

Владата и натаму молчи околу оставката на Боцевски иако, за волја на вистината, и ексвицепремиерот како да потона во земја, но сосем веројатно е дека се' уште е во САД со семејството. Нашите обиди да дојдеме до релевантни информации за тоа дали ќе има владин�� реконструкција вчера завршија со неуспех, бидејќи канцеларијата на премиерот подигна ѕид од молчење.

Прашан дали ќе биде реконструиран, министерот за образование, Перо Стојановски, исто како завчера и министерот за финансии, Трајко Славевски, вчера одговори со тоа дека е презафатен. „Обврските и ангажманот во Министерството за образование и наука се толку големи што не ми оставаат време да се занимавам со шпекулации“, важно им соопшти тој на некои од новинарите.

Она, пак, што срамежливо се најавува од луѓе во ВМРО-ДПМНЕ е дека Груевски знае дека мора нешто да направи за да го намали гневот во јавноста кон министерот за правда, Михајло Маневски, но дека бара начин тоа да го изведе без поголема политичка штета за Владата. Дали моментот на извршување ситни кадровски поправки во владиниот состав Груевски ќе го искористи и за пошироко проветрување - засега никој не дава одговор.

Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ практично ја одмолча провокацијата на социјалдемократите за средбите на Боцевски со високи грчки политичари. Портпаролот Александар Бичиклиски се огласи веднаш по изнесените наводи од СДСМ, но одби да ги коментира кратко нарекувајќи ги „глупост“. ВМРО-ДПМНЕ со веќе познатата реторика обвини дека СДСМ прави сценарија за враќање на Црвенковски на власт преку претходна дестабилизација на политичката состојба во земјата.

„Имаат соработка со една албанска партија и една македонска партија, поранешен коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се обидуваат заедно да креираат амбиент на политичка нестабилност“, рече Бичиклиски.

Премиерот Груевски вчера беше зафатен со средбата со Шарл Азнавур, која беше главен настан во владината агенда. Новинарите и натаму ја опседнуваат неговата канцеларија за односи со јавност за информации околу наредните чекори што тој ќе ги преземе за да ја стабилизира Владата, но попусто.

Евроамбасадорот Ерван Фуере апелира што поскоро да биде назначен наследник на Боцевски за да нема застој во процесот на евроинтегрирање.

Фуере вели оти тоа е важно за напредокот на земјата. Истовремено, во еден дел од изјавата Фуере откри досега непознати детали околу оставката на Боцевски. Тој рече дека минатата седмица имал средба со премиерот на која ја нагласил важноста од брза одлука за наследникот на Боцевски.

Тоа ги потврдува информациите дека оставката била поднесена многу порано отколку што беше објавена, а за неа бил информиран дури и Фуере, кој не е омилена личност во владини кругови. „Празно место во толку важна институција може негативно да влијае“, рече вчера Фуере.

Ако Груевски навистина сака оставката на Боцевски да не се рефлектира врз процесите во земјава, бездруго мора да реагира брзо со изнаоѓање ново кадровско решение. Освен ако решил да прави поширока владина реконструкција, па му треба време за консултации со коалициските партнери.


#
Статијата е прочитана 5612 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 03.07.2009 00:33:37
Posle prviot skandal so Grcija - tajniot aneks na dogovorot na Gruevski so Okta, eve go i vtoriot. Premierot na FYROM i site okolu nego rabotat DIREKTNO za interesite na Grcija, dodeka nivnite glasaci ja kritikuvaat so najpogrdni zborovi. Se zaprasal li nekoj dali Gruevski toa go pravi besplatno?
Од: ace djole fr
Датум: 03.07.2009 00:44:46
aiaiai pa sdsm li najde da zboruva za tajni sredbi so grcija a so ne kazat za niv so ne kazat deka koga sami ja potpisuvaa privremenata spogodba vo poslednite pet min pred potpisuvanjeto branko prifati fyrom promena na zname i mk da ne se mesa so makedonsite vo grcija i nivnite problemi so zedoa za toa pari DA ako ne e taka jas ke se obesam na sred plostad I sega pak tie istite faci spioni predavnici
Од: Pero
Датум: 03.07.2009 02:16:23
Shto ima losho vo toa shto pregobvaral (razgovaral). Toa treba da bide plus i negov i na vladata. Chudno e shto go kontaktiral Fouere ili mozebi toj bil "delegiran" od Fouere vo vladata???
Од: blaze m.
Датум: 03.07.2009 02:47:01
Poznati sme po samounishtuvanje verovatno ke dokazei slucajov so Bocevski kako i dosta dosega slucai so Branko Frcko Maleski Tupurko Gligorov i mnogu drugi imat opashki.Gruevski pod hitno mora da go otpusti min. Manevski i drugi ministri so slabi uspesi i da e rekonstruira vladata so sekoe kasnenje si nanesuva steta na vladata
Од: Thomas Nast
Датум: 03.07.2009 04:35:47
Dobro be, ima li DPMNE rezervan varijanta na opravduvanje, osven Branko i albanska partija go rusat drzavniot poredok? Dvaeste godini ja slusame istata pesna, daj najdete novo dete, malku pokreativno. Im gi ispravte mozocite na kutrite gragani, za sekoja afera Branko ili Albancite se krivi. Ova e veke nadrealizam u cista forma. Predlagam da izdadete CD: The BEST OFF. Press Centar DPMNE, vokalist Bicikliski. Veruvajte ke ima ogromna komunikoloska vrednost da se islusaat / izgledaat site pored.
Од: Makedonec vo SAD do Grkot "nekoj"
Датум: 03.07.2009 05:05:13
Mnogu lesno se gleda deka si Grk. Site tvoi komentari se polni so arogancija, prezir i potcenuvanje kon Makedonija. Makedonskiot jazik dobro go vladeesh. Najverojatno si "diplomat" vo "kancelarijata" vo Skopje (Konzul?). Znam deka te bolat moite komentari no toa e vistinata. Jas sum vo SAD vekje 11 god. Sum stignal na mnogu mesta vo ovaa zemja a i okolu svetot. Sum videl dovolno za da znam deka vashata Grchka politika e zasnovana na idejata za rasizam i superiornost na Grcite nad drugute okolu niv. No ako, samo prodolzhete da ne potcenuvate. Taka ste na najdobar pat da zagubite. I sonuvajte samo deka kje ja smenite politikata na SAD. Imeto Makedonija ovde jasno se govori. Amerikanskata drzhavna poshta USPS ja oslovuva nashata zemja kako MACEDONIA - ne Republika i ne FYRO ili severna - tuku samo MACEDONIA - i toa ushte od 2000 od vremeto na Klinton. Sledniot pat soberete 1000 budali da mu pishat pismo na pretsedatelot Obama. Mozehbi kje vi upali.
Од: Makedonka vo EU
Датум: 03.07.2009 07:41:40
do Makedonec vo EU ako za tebe nie sme FYROM ti ne si Makedonec..
Од: Daniel Irak
Датум: 03.07.2009 08:24:20
SRAMOTA, SDSM se faca za slamka samo za da se vrati na vlast. Spremni se da ne krstat i "Neverlend" ako treba samo da Crvenkovski sedne vo premierskoto stolce.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 03.07.2009 08:34:47
„Го прашуваме премиерот дали тајните средби на Боцевски биле јавни средби на Боцевски“. Оксиморон. Не се прават партија Социјалдемокративе најмалку уште 20 години. Абе излезете со Програма, не со кодошење. Пукна тој балон. Доста со глупости од типот „оној вака, овој така“. Напишете програма веќе еднаш и презентирајте ја пред народот!
Од: Trajko
Датум: 03.07.2009 08:37:39
Kako shto imam slushnato deka sredbite ne bile bash i tajni tie bile so blagoslov na pastirot.Zatoa tie niz mediumite pred lokalnite i pretsedatelskite izbori ja koristea devizata koga kradecot povikal drzete go kradecot i prodolzil so svojata nechesna rabota.Taka se vospituvani nashite deca.Deka na chesen nachin vo zivotot ne se uspeva.Toa se uchi vo programata na vechernite uchilishta.
Од: Objektiven
Датум: 03.07.2009 08:58:00
Za da go pokrie sramot od zavcerasnata nesmasna izjava na Potpretsedatelot na SDSM, Georgiev (znae li sto sakase da kaze?), SDSM, vcera, izleze so nekoi konstrukcii za tajni sredbi na Bocevski so grci.
Од: Алексис Зорбевски
Датум: 03.07.2009 09:09:41
Се повторува комуњарската приказна на клеветење на личности кои не се присутни, како „најдобар“ начин поединци да соберат поени. Зачудува тоа што за оставката се расправа во отсуство на Боцевски, што е најдобар начин да се дисквалификува. Тоа што тој преговарал со Грција не верувам дека е без знаење на Νικόλαος Γρούιος. Ако и преговарал, тогаш значи дека е единствениот во Бладата кој поседува барем малку Ум. Не знам зошто поединци се лутат на FYROM... Демек, не сме бивша Југословенска... Да не беше таа Југославија, немаше да постои ниту МК, ниту јазикот, а уште помалку - МПЦ.
Од: rekanec.
Датум: 03.07.2009 09:13:55
Се мисе чини ова е уште едно масло на ГРУЕСКИ? Да се отргне вниманието на НАРОДОТ.Како тргнала Македонија Господ нека ние на помош.Се се прави само да се отргне вниманието во каква каша (криза) е Државава.Се фрлат срества за се и сешто а прилив од нигде,Сем со пуштајне во промет на харти од вредност, да се прибере некој денар.Но дали се свесни од Владата дека тие треба да се враќат а од каде???Се знае ако е светска криза треба и ВЛАСТА да го стегне ременот, оти НАРОДОТ нема веќе рупи на ременот да стега.Нај паметно би било владата да си поднесе комплет оставка да се спаси Македонија ако се уште има време.Но надежта последна умира и да се надеваме дека овие РАСИПНИЦИ ќе си заминат.
Од: Kuzman
Датум: 03.07.2009 09:27:22
Problemot na Makedonija mu e nametnat, ja koci da odi napred i e stavena vo pozicija da bara kompromis koe bi bilo izmena na nacionalen identitet. Za vakvo resenie na grckiot problem so imeto na Makedonija pred se bese naivno ili namerno stepen po stepen prifakano od nasi politicari. Ne Gruevski, ne Bocevski, tuku drugi. Blagodarime za dobrata rabota na Bocevski i sekoj mu uspeh na Vasko Naumovski vo taa sluzba, poveke nema sto da se diskutira. Konecno vlada vo Makedonija koja se grizi i za Makedoncite. Veruvame vo niv.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 03.07.2009 09:31:23
Pa jas kolku sto pametam konfliktot vo 2001 god. go izprovocira tandemot Georgievski-Dzaferi,a ne togasniot opoziciski SDSM,pa od tamu ne drzat obvinuvanjata na Bicikliski,inaku partiski vraboten so drzavna plata.Na esen ke ve iznenadi Nikolce so negovata tajfa so "resenie" za imeto i red drugi "specijaliteti".So vladava MK veke odamna stana predmet na seir,ama slucajot Bocevski ima potecnijal da bide slag na rabotava.Alal da vie,navistina patriotska vlada imate!Bombasticni apsenja pred TV,no so obicni lopovi MVR ne moze da izleze na kraj;Milososki definitivno stana ministar "vo senka" javuvajki se koga ispuka provokativni rafali kon GR pred redovnite razgovori za imeto;Manevski primi dupla plata;ustanovata na Janakievski izgleda stana peralna na pari;Pero stojanovski ne moze da spravi so obrazovanieto;Stavreski i Slaveski neprekidno se izivuvaat so cinicni komentari na smetka na MKskata javnost;Spasenoski vozi Jeep i zemjodelcite ne znaat kako da obezbedat leb za nivnite semejstva!Poz
Од: Cande
Датум: 03.07.2009 09:31:31
,,Ahh para kurva ,, Slatka e taja pusta para sigurno Dora mu imat daeno i nekoja vila na Halki Diki. Ajde be Boce jako spreman mangup e se zalepi na Dora ,Neka si tropat Grujo gluposti , A ova e dobar odgovor na tie sto porano veleja deka Grujo ima vlada so decinja . Pa i stariot volk Manasiefske so Kumunisticka skola ,a po nif trca kako po Aftopat Mile Janaki toj pak na kolema brzina posto e toj transport i vrski i juri so 25 milioni Evra brzo Hahahahaha
Од: KPMarija
Датум: 03.07.2009 09:38:22
Ocigledno deka Premierot Gruevski ne saka ostavkata na Bocevski da se reflektira vrz napredokot na Makedonija pa zatoa i g-go Kramarska imame veke odlicen kandidat za Minister za evrointegracii prof. Vasko Naumovski, profesionalec koj i posakuva dobro na R. Makedonija
Од: od citatel
Датум: 03.07.2009 09:50:57
Pcelo je pocelo. Grujo nabrgu adios.....
Од: iki
Датум: 03.07.2009 09:51:50
Bre Ovci edni nedokastreni stalno zboruvate za privremenata spogodba sto ja potpisla SDSM pa ovci edni ako ne bese taa spogodba i denesnata referenca Makedonija denes nema da postoese iako so taa referenca vo vremeto na SDSM i BRANKO Makedonija ja priznaa 120 zemji megu koi i najgolemite od sovetot na Evropa kako i SAD od koga ste na vlast koj ja ima priznaeto Makedonija nikoj toa e vasata politika na plukanje na se sto e dobro tuku aj mozda KOSOVO ako saka ke ne priznae tuka se HORHE I GRUJO golemite patriotcinja
Од: Emil
Датум: 03.07.2009 09:59:46
I jas da sum na mestoto na Bocevski ke probam da gi vrazumuvam Grcite isto taka i privatno.Celata rasprava e APSURD, ako ne go predademe imeto, koe go brani Grujo. So pazarenje za imeto na mak. narod ,samo dobivame na vreme, a vremeto raboti protiv Atina, se' duri se vikame Makedonci.Sakat da ni menat licniot opis, a toa nemozat da go platat so milion kubici zlato.Toa Grujo ako go dozvoli ke go kamenuvame.Ako pak SDSM dojde na vlast mamiceto ke ni placat i pak ke gi krivat drugite. SDSM seuste e na linija da se trguva so makedonskiot identitet, koe ne go saka Grujo.
Од: db
Датум: 03.07.2009 10:10:26
Boranija.....
Од: b
Датум: 03.07.2009 10:55:00
Место да се нервираат со секое нагаѓање од страна, зашто човекот си оди, власта и ВЕМЕРЕ-ото нека излезат и конечно нека и објаснат на јавноста. Впрочем, нели е најтранспарентна власт, (на збор). Очекувам фирерчето да излезе на прес, како и многу пати досега, со сите кукли наредени зад него и да објасни, да им ги затне устите на сите предавници.
Од: Слободан
Датум: 03.07.2009 11:34:14
Боцевски оджувал тајни контакти со грците, а сигурно СДСМ одржува тајни контакти со Белград по едни или други прашања, на пример македонизмот на Новаковиќ и Цвијиќ. Браво на СДСМ и неговиот приврзок ДПМНЕ.
Од: zagrizen
Датум: 03.07.2009 14:26:14
Божем ќе немаше скандали во владеењето на совршениве со прецизната програма 100. Дали да набројуваме!? Одговорност е тоа што им фали, а не само фалење да се слуша! Народот бадијала не вели ,,фали ме усто да не те чепам,, (за фалбаџиите)! Нема потреба од надитрување со зборови и никакви оправдувања! Факт е дека не ни е поарно од лани ниту од полани. Мора да се работи се повеќе, а фајде нема: заработеното се помалку ни вреди! Животен стандард подобар бараме! Нови рабони места! Доста со тоа кој што правел и кој што ќе направел: резултатите ни требаат сега! Нема да живеам 100 години па да видам некој од стоте чекори!
Од: janev
Датум: 03.07.2009 15:11:02
dali Bocebski imal sredbi so grcki prestavnici, sto razgovaral i dali poradi toa ja podnese ostavkata, najdobro e Socijaldemokratite da go prasaat nego.Nepotrebno se dramatizira celiot slucaj
Од: Do Angjelkovski Metodija
Датум: 03.07.2009 16:05:46
Tvojot Sef celi tri godini mafta so nekakva programa od 100 cekori pa duri i nadgradena, no sto ispdna vo praksa od taa programa??? Lopovluk, kvazipatriotizam, izolacija, Swedmilk, Brkanje na stranskite investicii, vosocni figuri, i se razbira 4 te stana na mama Nadezda ne se cepkaat i red drugi malverzacii koi znacat propast na Makedonija. Cukni ja glavata, moze ima spas???
Од: kristo
Датум: 03.07.2009 19:26:58
СДСМ ги бидува само за злоба и потпикнување. Изгледа многу се навлечени на шпански серии оти тоа најмноги таму може да се научи. За продавање на знаме и име тие се докажани мајстори.

Најди! во Утрински
Насловна
Го есапи ли некој ревизорот
Цел јули со дожд и грмежи
Васко Наумовски нов вицепремиер
Уште еден скандал со обвинителите?
Зошто Боцевски поднесе оставка
Скандалозен избор
Брисел одлучува за Фуере, а не Скопје
Новинарите ќе го тужат Амди Бајрам за навреда и клевета
Хаос со доставата на даночните решенија
Самозалажување