Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ЕВРОПА - БАЛКАН

Опструкција или беспарица

Иван Торов

Сите се надеваат дека е во прашање само еден „лош ден“ на српската дипломатија и дека сегашното „недоразбирање“ нема да ескалира

БЕЛГРАД - Српските медиуми во минатата недела едвај да објавија штура информација дека Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Словенија вложија демарш до владата на Србија. Причина за дипломатскиот протест на четирите земји (сукцесори) е тоа што Србија во последен момент го откажа состанокот (17 јуни) на Комисијата за распределба на дипломатско-конзуларните претставништва во светот.

Вообичаено дипломатско недоразбирање (такви инаку ги има се' повеќе) или нов, вообичаен повод за спорови меѓу членките на поранешна Југославија? Судејќи според се', станува збор, можеби, за слаба комуникација, која, меѓутоа, доколку би се останало при моменталните причини и поводи за еднострано откажување на собирот, би можело да прерасне во подлабок меѓудржавен спор, кој според мислењето на експертите, би можел најмногу да им наштети токму на евроинтегративните планови на Србија. Во тој контекст, на останатите држа��и им е неразбирливо што српската страна не се потруди да објасни зошто го откажува состанокот на кој беше планирано официјален Белград да ги преземе обврските и 24 дипломатско-конзуларни објекти во светот да им предаде на бившите ЈУ-држави. Имаше рок од потпишувањето на Загрепската спогодба кон крајот на 2006 година, значи полни четири години да се пресели од тие објекти, но тоа не е направено, дел поради што во меѓувреме се промени власта, дел поради инертноста на нејзината дипломатија и државната бирократија, кои „имаа поважни национални мисии за зачувување на Косово“, дел поради фактот што оттогаш западна во економско-финансиска криза, па нема пари, од една страна, да ги испразни и да ги предаде објектите што им припаѓаат на други, а од друга страна, за себе да најде алтернативни решенија. Затоа, од останатите држави побара примопредавањето да се одложи барем за уште една година. Тоа и беше одговорот (додуша, колку што е познато, неофицијален) на Србија на заклучокот на претходниот состанок од 21 мај дека Белград имал сосема доволно време да го изврши примопредавањето. Поранешниот амбасадор на Србија во Хаг и професор по меѓународно право, Радосав Стојановиќ, смета дека овој потег (откажување на собирот) на српската дипломатија е лош и додава дека таа би морала да покаже многу повеќе кооперативност и флексибилност. Вака, излегува дека останатите држави, кои, исто така, имаат големи финансиски неволји, треба да имаат разбирање што во Србија, како што вели генералната секретарка на МНР, Мирјана Живковиќ, „ставовите во врска со динамиката на предавањето на објектите се' уште се усогласуваат поради што и' е потребно уште некое време“.

Пред навалата на некои други „подраматични случувања“, сторијата за сукцесија на имотот на поранешната југословенска држава, за која многумина веруваа дека е успешно приведена кон крајот, е турната на маргините. Но, во другите новоформирани држави не е и заборавена. Сега во тие средини повторно избива во прв план. Имено, со Спогодбата за сукцесија од 2001 година, наложено е земјите-потписнички најдоцна шест месеци од парафирањето да го поделат првиот контингент (од пет објекти) од вкупно 123 згради - 57 амбасади и генерални конзулати, 33 резиденции, 17 стана и куќи и пет градежни парцели - колку што поседуваше поранешна СФРЈ. Тогаш БиХ ја презеде амбасадата во Лондон, Хрватска во Париз, на Македонија и' припадна зградата на поранешниот конзулат во француската метропола, на Словенија амбасадата во Вашингтон, на Србија (СРЈ) резиденција во Париз. Во Загреб во 2006 година е договорена распределбата на уште 44 објекти, на Србија 20, а на останатите 24. И оттогаш, практично, ништо не се случи, останатите сукцесорите и натаму чекаат Србија да ги испразни објектите, кои повеќе не и' припаѓаат.

Најогорчени поради едностраното откажување на состанокот се во Хрватска и во БиХ. На Загреб, имено, по договорот од 2006 година, му припаднаа 10 објекти, а на Босна осум. Нивните претставници, всушност, дозволуваат можност крајниот рок за предавање да биде јуни следната година, но и предупредуваат дека ако Србија го пробие и тој рок - ќе им се обратат на соодветните меѓународни институции поради „српската опструкција на сукцесијата“. Нешто слично заговара и Македонија, но таа го става акцентот и на анексот Ц, спогодба за побарувањата и долгувањата на социјалистичка Југославија.

Сите, сепак, се надеваат дека во прашање е само еден „лош ден“ на српската дипломатија и дека сегашното „недоразбирање“ нема да ескалира во ново исцрпувачко натегање околу деталите за кои веќе е постигнат договор. Всушност, се надеваат дека министерството на Јеремиќ нема и оваа можност да ја искористи за покажување и докажување на некаква лидерска позиција на Србија на просторите на поранешна Југославија. Секако, во белградска интерпретација.


#
Статијата е прочитана 886 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 22.06.2010 04:16:08
Nekade procitav ,da Srpskite Imoti vo Republika Makrdonijaa treba ,da se komprnziraat ,so Sto??

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Велосипед на синџир
Се трошат последните резерви на игли и шприцови
Били Ајдол го стресе Скопје
Во Даут-пашин амам почнува борба со влагата
Европскиот Бразил и далечниот Брег
Реторичките прашања на премиерот
Или ратите навреме или отиде имотот
Капело
Тројца македонски државјани убиени во Косово
Енергетските проекти како Потемкинови села
Нема пари за пензии?
Кисело киви за светскиот првак
Вести од мундијалот
Десничар во социјалистичко опкружување
Португалија ја прегази Северна Кореја со 7
Штрајк во француската репрезентација