Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Капело: Две години за ништо

Селекторот на Англија, Фабио Капело, вели дека не се плаши од притисокот пред одлучувачкиот меч со Словенија, иако се зборува за негова оставка по ремито со Алжир.

„Изгледа дека две години работевме за ништо. Не знам зошто и како играчите дојдоа во ваква ситуација“, изјави Капело.

Два бода од првите два меча се далеку од она што го очекуваше англиската јавност. Против Алжир Англичаните го навлекоа на себе навивачкиот бес.

„Не сум среќен, напорно работевме 20 дена и на тренингот се' изгледаше добро. А, на терен излегува сосема поинаку. Не разбирам зошто не го менуваме ритамот на играта за време на натпреварот. Англија навистина е бавна, а на Светското првенство без трка, притисок и борбеност не може да стигнете далеку“, објаснува Капело.

Мечот со Словенија ќе биде англискиот момент на вистината, а Капело знае да се носи со притисокот.

„Доволно сум силен, притисокот не ми е проблем. Ги подготвувам сите поединости и секое утро се гледам во огледало и се прашувам дали сум проучил се што треба. И сум. Затоа сум подготвен да ги прифатам сите критики“, заклучи италијанскиот стручњак.


#
Статијата е прочитана 1672 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Велосипед на синџир
Се трошат последните резерви на игли и шприцови
Били Ајдол го стресе Скопје
Во Даут-пашин амам почнува борба со влагата
Европскиот Бразил и далечниот Брег
Реторичките прашања на премиерот
Или ратите навреме или отиде имотот
Тројца македонски државјани убиени во Косово
Енергетските проекти како Потемкинови села
Нема пари за пензии?
Кисело киви за светскиот првак
Опструкција или беспарица
Вести од мундијалот
Десничар во социјалистичко опкружување
Португалија ја прегази Северна Кореја со 7
Штрајк во француската репрезентација