Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Или ратите навреме или отиде имотот

Дури 270 милиони евра од вкупниот број кредити се ненаплатливи, па банките го продаваат имотот ставен
под хипотека

Соња Маџовска


Банките многу тешко одобруваат нови кредити, но кога е во прашање наплатата на старите заеми се бескрупулозни. Весниците се полни со огласи за продажба на станови, куќи, земјиште, деловни објекти, машини, опрема, дел продаваат банките, дел извршителите.

Од вкупно одобрени 2,9 милијарди евра кредити, според Народна банка на Македонија, сомнителните и спорните побарувања зафаќаат 9,1 отсто. Тоа значи 270 милиони евра. Тоа се пари кои банките не можат да си ги наплатат од граѓаните и од фирмите. За дел од нив, во случај кога клиентот сака, банкарите велат дека бараат можности како да го надминат проблемот и тоа најчесто го решаваат со репрограмирање на долгот, што подразбира намалување на ратата, а зголемување на годините на отплата. Но, во случај кога нема договор меѓу банката и клиентот, имотот даден под хипотека оди на продажба. Најчесто три неплатени рати се толерираат, или 90 дена, а потоа нема милост.

Изминатиот викенд НЛБ Тутунска банка објави оглас за продажба на недвижен имот, запленет поради неплаќање. Се продаваат земјиште, деловен простор, куќи, станови, локали. На пример, куќа во Куманово од 352 квадратни метри се продава по почетна цена од 89.000 евра. Или куќа во Скопје од 148 квадратни метри по цена од 66.000 евра. Становите се поевтини, за 83 квадратни метри цената е 49.000 евра. Оваа банка продава имот запленет од извршител и на ова листа има и машини, како што се виљушкари, комори за ладење и друга опрема, но и деловен простор, згради, куќи во Скопје, Ресен, Велес, во Струмица.

„Како последица на економската криза во последнава една и пол година има мало зголемување на достасаните ненаплатени побарувања. Но, тоа не го гледаме како проблем, бидејќи секогаш прво бараме начини заедно со клиентите како може да се намират долговите“, вели Антонио Аргир од НЛБ Тутунска банка.

Не само банките, туку и извршителите имаат полни раце работа. „Се' повеќе барања имаме од банките за присилно извршување“, велат тие. Извршителите деновиве имаа огласи во весниците за продажба на опрема, голем број машини, во случај каде што како доверител се јавува Стопанска банка. И од оваа банка велат дека прво сакаат да помогнат, па дури потоа се активира хипотеката. „Стопанска банка ги следи законските регулативи за справување со нефункционалните кредити, меѓутоа, пред се', гледаме да им помогнеме на клиентите доколку е потребно да се реструктуира долгот што го имаат и на тој начин кредитот да остане функционален, а на клиентите да не им претставува товар врз семејниот буџет. За банките е подобро кредитите да останат функционални, отколку тие да се доведат до извршители и до активирање на хипотеки“, велат од Стопанска банка.

Факт е дека граѓаните и фирмите се' повеќе ја губат кредитоспособноста и се' потешко ги плаќаат ратите за кредит. Оваа година особено е изразена немоќта за редовно враќање на заемите, поради што имотот ставен под хипотека многу лесно преминува во рацете на банките. Од невраќањето на кредитите банките не губат ништо, затоа што кредитите што ги одобруваат секогаш се добро обезбедени. Вредноста на хипотеките што ги прифаќаат е најмалку два пати, но најчесто и три пати поголема од вредноста на одобрениот кредит.

Банкарите велат дека е опасно ако продолжи трендот се' потешко да се наплатуваат старите кредити. Тоа, всушност, е и главната причина поради која банките се многу строги во одобрувањето на новите заеми.

„Имајќи ја предвид економската ситуација во 2009 година, па и во првата половина на 2010 година, дел од малите и од средните претпријатија, кои се наши кредитни клиенти, ги почувствуваа ефектите од кризата, што се рефлектира и во доцнењето на отплатата на кредитите. Ние настојувавме во таков случај да имаме проактивен пристап, што подразбира разговор со клиентите за наоѓање можност за надминување на овие проблеми преку репрограмирање на кредитите. Наша цел не е да го земеме имотот, кој е под хипотека и банката да ги покрие своите трошоци, напротив, настојуваме заедно со компанијата да го надминеме овој период. Само во случај кога нема никаква волја за соработка од страна на клиентот, каде ни реструктурирањето не може да помогне, се одлучуваме на присилна наплата“, велат од Прокредит банка.

Од оваа банка објаснуваат дека заклучно со декември бројот на кредити во доцнење над 90 дена кај нив изнесувал 1,55 отсто, додека просекот на банкарскиот сектор изнесува 9,10 проценти. Од банките велат дека кризата несомнено се одрази на способноста на клиентите за редовно сервисирање на обврските. А тоа, пред се', се однесува на клиенти кои дејствуваат во индустриите што се најпогодени - рударството, металопреработувачка и во текстилната. Подобрување на оваа ситуација се очекува со закрепнувањето на економските усл��ви на домашно и на глобално ниво. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 4615 пати.

Испрати коментар

Од: mm
Датум: 22.06.2010 06:51:21
Lazat od Pro Kredit! Ni go zemaa imotot i ne cekaa 90 dena nitu pak ponudija prestruktuiranje. Samo se zakanuvaa ako ne platite rata do vecer do 19:00 od utre odi na izvrsitel. Beter od lihvari. Sekakov kredit ce ti odobrat samo ponudi im nedvizen imot, na nisto ne gledaat zosto ce go prodadat i vo dobivka se. Begajte podaleku od ovaa banka!
Од: makedonec-makedonec
Датум: 22.06.2010 06:54:05
Nad trieset godini rabotam so privaten biznis vo stranstvo, i so krediti. Zemam zaem kolku mi e najneophodno, a na decata im pomognav kako sto dolikuva. NE im kupiv nitu BMW nitu PORSHE...nitu pak si dozvolija da se dvizat kako onie sto velat"KREMOT na SKOPJE" trosat vreme do zori vo kafichite... tie rabotat, a jas na bankite skoro im go vrativ dolgot, a tie koi dale stanovi da im ugodat na decata za gluposti, sega neka svirat...
Од: Vane
Датум: 22.06.2010 07:55:25
Bi bila interesna edna analiza kolku privatniot sektor ima pobaruvanja zaglaveni poveke godini vo sud, kolku graganite imaat sredstva i imot zaglaven vo sud (na primer denacionalizacija), kolku imot (znaci necii pobaruvanja ) ima zaglaveno vo deceniski stecajni postapki.Ne dolzat samo graganite i firmite.Dolzi i sudskiot sistem a so nego i drzavata za pobrzo da tece kapitalot .
Од: jovan
Датум: 22.06.2010 08:22:11
Vo poveketo slucaevi ke bide "otide imotot", pa mozno e so cenite na nedviznostite da se sluci amerikanskoto scenarijo t.e pad na cenite na nedviznostite. Nekoj banki veke se soocuvaat so nemoznost da se prodadat nedviznostite ostaveni pod hipoteka.Neznam samo so koj pamet pred nekoj den Gruevski barase namaluvanje na zadolzitelnata rezerva, koga bankite i ovie pari sto gi imaat nemozat da gi plasiraat vo stopanstvoto.Najverojatno toa go bara za da tie "oslobodeni"pari zavrsat kaj nego.I Vladata i Bankite igraat igra na steta na drzavata i narodot.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 22.06.2010 10:38:42
Живееме во зачаран круг!Зошто ли некои граѓани очекуваат социјализам од банките?Научија да живеат на Туѓа Сметка,на Туѓи имоти,на Кредити,На Туѓ Труд!Интересна илустрација е кога Англичанец во една од нашите продавници во чудо ја прашува продавачката како ли успева со нејзиниот рецепт-да зема 200 евра,а да троши 400!Токму така!Доволна ви е врска во Банките,најчесто партиски обоена,со која е возможен „социјализмот“!Рецептот го спомна и еден колумнист: Бланко Меници,специјалитет на „Најголемите патриоти“!Човекот,кому му реков дека ваквите Празни меници се Поголемо Антидржавно делување отколку мојот говор против Власта,сега,го Советува Врвот!Најверојатно,за тоа е најзаслужна неговата пот!Се утепа претопувајќи од шупливото во празно!Чиста Магија!Како еден Голем патриот со Странско државјанство,кој од Ништо,создаде Империја која тежи повеќе стотици милиони евра!Их,што ти е Патриотизам!Немаш,Се удираш во градите,продаваш Магла и со „Натчовечки напори“,за 2-4 години,ти Претекува од џебовите!
Од: RND
Датум: 22.06.2010 12:19:28
Bankite nema da bidat zadovolni ni kozata koga ke vi ja soblecat.... ama ne se tie krivi - nekoj nim im dozvolil da go pravat toa a vo isto vreme vam ne vi ovozmozil da se vrabotite za da mozete da si otplatite.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Велосипед на синџир
Се трошат последните резерви на игли и шприцови
Били Ајдол го стресе Скопје
Во Даут-пашин амам почнува борба со влагата
Европскиот Бразил и далечниот Брег
Реторичките прашања на премиерот
Капело
Тројца македонски државјани убиени во Косово
Енергетските проекти како Потемкинови села
Нема пари за пензии?
Кисело киви за светскиот првак
Опструкција или беспарица
Вести од мундијалот
Десничар во социјалистичко опкружување
Португалија ја прегази Северна Кореја со 7
Штрајк во француската репрезентација