Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Енергетските проекти како Потемкинови села

Во енергитиката се' стои во мртва точка, премиерот Груевски упорно се фали со нешто што го нема

Маја Томиќ

Со голем ентузијазам и убедлив тон премиерот Никола Груевски завчера информира дека е на повидок најкрупниот пакет инвестиции во последните 20 години, што било круна на сите залагања на Владата. Сите тие веќе биле значително извесни, сигурни, а додека се градат, сериозно ќе влијаеле врз порастот на вработеноста и на бруто домашниот производ на земјава.

Речиси сигурна била изградбата на гасоводот во земјата, а биле добиени гаранции и за изградба на ХЕЦ „Бошков мост“. Се работело и на изградбата на ХЕЦ „Луково Поле“, „Чебрен“ и „Галиште“?!

Она што за Груевски е речиси готова работа и го нарекува - гаранции или позитивни сигнали од меѓународните институции, фактички се преговори и дадена усна согласност за нешто што ние го бараме како финансиска помош, а за што треба допрва да се разговара и преговара во наредните месеци. Не се знае кога воопшто ќе се одржат такви договарања кај меѓународните институции, а уште понеизвесно е дека тие би значеле и позитивен исход за нас.

Откако министерот за финансии Зоран Ставрески во мај преговараше во Загреб со ЕИБ и со ЕБОР за помош за инфраструктурни и енергетски проекти, јавноста беше информирана дека од македонска страна „е побарано ЕИБ да инвестира и во изградбата на една од хидроцентралите што планира да ја гради ЕЛЕМ во следниот период (’Бошков мост‘ н.з). За тоа е добиено ветување дека во следните неколку месеци ова прашање ќе биде разгледано од страна на бордот на директори“. Така пренесоа агенциите.

Според Груевски, пак, „добивме гаранции од ЕБОР и од ЕИБ за финансирање на проектот ’Бошков мост‘, кој многу брзо би требало да се подготви и да се почне со градба, најверојатно следната година. Во длабока фаза се разговорите и има позитивен сигнал од Светска банка за изградба на ХЕЦ ’Луково Поле‘. Како трет значаен проект се ХЕЦ ’Чебрен‘ и ’Галиште‘, кои се во фаза на процедура на барање концесионер. Се очекува до крајот на ова лето да го дознаеме концесионерот“, најави премиерот.

„Четири години Груевски најавуваше бројни инвестиции, особено пред локалните и претседателските избори, зборуваше за осум милијарди евра инвестиции, а од тоа уште нема ништо. Сега пред избори и на заминување не треба да се труди многу и да ветува. Не е во позиција да ветува. Досега требаше да остварува“, вели Владо Бучковски, поранешен премиер.

А, како, всушност, стојат реално работите? Според фактите, не се ни на повидок завршниците на тендерите, за кои се зборува веќе десетина години.

Најсвеж е примерот со гасификацијата. По потпишувањето на договорот за намирување на клириншкиот долг од 60 милиони долари во Санкт Петербург, министерот за финансии Зоран Ставрески децидно изјави дека работата е веќе договорена и со долгот „Гаспром“ ќе не' гасифицира преку приклучување кон гасоводот „Јужен поток“ . Набрзо потоа, пак, првиот човек на „Гаспром“, Алексеј Милер, потенцира дека дури по неколку месеци ќе има конкретен одговор за „евентуалното учество на Македонија во ’Јужен поток‘“. Затоа што прво треба да се направи анализа дали е изводливо тоа. Ако е, тогаш двете влади би потпишале договор.

Натаму, последниот од четирите неуспешни тендери за ХЕЦ „Бошков мост“, кој е тежок околу 60 милиони евра, е од лани во јуни. Рокот за пријавување беше септември 2009 година, но никој не се јави. Министерот за економија Фатмир Бесими тогаш најави дека ќе има промени во тендерските услови за да се привлечат инвеститори. Но, се' уште е молк околу тоа прашање. „Набргу ќе почнат да се прават измени во тендерските барања за наредниот тендер, при што ќе се имаат предвид повеќе пазарни параметри. А, кога ќе биде следниот тендер за ХЕЦ ’Бошков мост‘, сега е рано да се прогнозира“, изјави Бесими лани есента.

Значи ли последната најава на Груевски дека Владата се откажува од барање странски инвеститор за „Бошков мост“ и дека сама ќе го финансира проектот преку кредити?

По три неуспешни обида за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“, иако германската РВЕ беше многу заинтересирана за вложување, Владата лани реши да ја ангажира ИФЦ за да изработи добар тендер. До крајот на годинава е рокот во кој тој треба да се распише и да се најде инвеститор. На ИФЦ му платија 100 илјади евра за да успее проектот, утврден на околу 600 милиони евра.

За ХЕЦ „Луково Поле“, пак, се зборува од 80-тите години од минатиот век, откога постои техничка документација. Последните новини околу овој проект се од минатата есен, кога Бесими имаше деловна посета на Косово и беше кажано дека од „заеднички интерес за двете земји“ е проектот „Луково Поле“. Изградба ќе се финансира од средства на двете држави, а се планира да се бараат пари и од меѓународни финансиски институции. Вредноста на инвестиција изнесува 31,6 милиони евра, а рокот на изградба би бил четири години.

За жал, реалноста во Македонија е дека освен ХЕЦ „Козјак“, во последните 20 години нема друга инвестиција во енергетиката. Експертите одамна апелираат за итни проекти, поради големата зависност од увоз на струја, за што се трошат секоја година стотици милиони евра. Додека сите домашни капацитети во просек произведуваат 5.600 гигават-часови струја годишно, на земјава и' се потребни секогаш двојно повеќе.

Очигледно ќе минат уште многу години до конкретната реализација на планираните владини енергетски проекти и до првите количества струја, кои ќе потечат од нив. Единствен излез е во странскиот капитал, секако, кој на власта никако не и' успева да го привлече, а од друга страна, пак, државата ни оддалеку не располага со средства за вакви капитални инве��тиции. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 1172 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 22.06.2010 00:25:38
Dali nekoj znae do kade stasa rekonstrukcijata na aerodromite?
Од: debrestanec
Датум: 22.06.2010 00:35:34
Tolku se imaat zaneseno vo filmot,sto samite veruvaat kako piani a site drugi se svesni deka nema ni gram mozok vo ovie proekti. Lazat i oko ne im trepnuva,BEDA od vlada.
Од: Македонец
Датум: 22.06.2010 00:55:21
Како Б.Ц. така и Н.Г. ништо ново кажано ништо ново видено... само не ми е јасно од нив двајцата кој е лончето кој е капачето... или се јин и јанг... како и да е тешко нас со вакви луѓе... не осакатија за цел живот....
Од: Лазо Стефанов
Датум: 22.06.2010 07:14:42
Нема странски инвестиции без воведување европски вредности.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 07:54:30
Од зафатеност со инсталацијата на Големото Уво и отчетот пред Големиот Брат се нема време за инфраструктурата.Инаку дел кој има најголема подршка и е најлесен за добивање на кредити и инвестиции во истото.Но не се скулптури а и се оди на регуларни межународни тендери.Ќар за поединци - нема.Е нема ни инвестирање во инфраструктура и енергетика.
Од: valerija
Датум: 22.06.2010 10:44:01
do koga planirapremierot ni nas da ne laze toj ne laze i misli uste ke mu veruvame

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Велосипед на синџир
Се трошат последните резерви на игли и шприцови
Били Ајдол го стресе Скопје
Во Даут-пашин амам почнува борба со влагата
Европскиот Бразил и далечниот Брег
Реторичките прашања на премиерот
Или ратите навреме или отиде имотот
Капело
Тројца македонски државјани убиени во Косово
Нема пари за пензии?
Кисело киви за светскиот првак
Опструкција или беспарица
Вести од мундијалот
Десничар во социјалистичко опкружување
Португалија ја прегази Северна Кореја со 7
Штрајк во француската репрезентација