Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Во Даут-пашин амам почнува борба со влагата

Со задоцнет старт денеска почнува санацијата на објектот од 15 век

Катерина Богоева

Хроничниот проблем со влагата во објектот Даут-пашин амам на Националната галерија на Македонија, каде што се наоѓа и вредната колекција на уметнички дела од националната поставка, денеска ќе почне да се решава со користење на средствата од американската донација што во висина од 54 илјади американски долари на галеријата и' беа доделени минатата година. „Ќе почнеме со исколчување на просторот и со отворање на планираниот дренажен канал“, изјави вчера конзерваторот, стручен советник Лазар Шуманов, кој ќе го врши потребниот надзор на работите, додека истите ќе ги изведуваат, фирмата „Металелектрик“ Миодраг ДООЕЛ - Скопје и Конзерваторскиот центар - Скопје.

Минатата година беа отворени и се' уште се видливите сонди, поради детектирање на патот по кој се движи влагата во монументалниот објект изграден во втората половина на 15 век, а во наредниот период ќе се работи и на системот за дренажно одведување на подземните води. Ќе се заменува оштетениот и лошо изведена покривен покривач од бакарен лим чии делови во изминатите години во неколку наврати беа и мета на крадците на бакар, а планирано е поставување на вертикални и на хоризонтални олуци. Во ѕидовите на фасадата ќе бидат инјектирани потребните средства за заштита, а Конзерваторскиот центар ќе работи на санација на куполите во двете централни простории. Планирано е изработување на нови прозорски крила и др. Поради одржувањето на летните културни настани, на објектот најпрво ќе се интервенира странично, за влезот да остане слободен. Интервенциите со користење на американскиот грант, како што посочуваат од Националната галерија треба да завршат до крајот на оваа година, но тоа е само дел од целосната, неопходна заштита која е елаборирана во веќе изготвен проект за што ќе бидат потребни многу повеќе средства. „Годинава повторно ќе аплицираме за средства во американската амбасада, бидејќи и тие знаат дека доделените средства се доволни само за оваа првата фаза од потребната санација на влагата. Очекуваме и во 2011 година повторно од нив да добиеме грант што ќе му овозможи на објектот потрајна заштита од влага, најмалку десет години“, изјави вчера директорката на Националната галерија, Маја Крстевска. Проблемот со влагата во Даут-пашин амам трае со децении, а на него со години наназад, укажуваа повеќе стручни лица не само од земјава, туку и од странство. Иако во септември минатата година кога беше и доделен американскиот грант беше најавено дека работите од првата фаза ќе бидат завршени за една година, тие фактички се пролонгирани, делумно, и поради непредвиденото подолго траење на тендерската постапка. Галеријата на крајот на минати��т милениум беше реконструирана, куполите беа покриени со бакар и беа поставени олуци, но влагата остана. Кустосите што таму работат укажуваат дека таа хронично им штети на чувствителните акварели, но и на скулптурите кај кои е евидентирана црвоточина. Од влагата се рони и паѓа и оштетениот релјеф.

Амам е заштитен со закон како споменик на културата. Редизајнот на неговиот ентериер датира од 1982 и од 1999 година.


#
Статијата е прочитана 846 пати.

Испрати коментар

Од: eden
Датум: 22.06.2010 01:38:22
hahaha, direkorkata veli na toa ukazuvale eksperti od makedonija no i eksperti od nadvor........ Ona verojatno misli na chevli i chanti no i frizuri od nadvor..... Beti chvaj si ja i ponatamu ama da znaesh deka cela edna dejnost ti e na najnisko nivo, kako nkogash do sega.....!!!!!!
Од: od marika
Датум: 22.06.2010 11:26:02
Konecno , se najde vredna licnost kako sto e direktorot na NGM Maja Krstevska koja vredno i nesebicno se zalozuva za zastita na Daut pasin amam za negovata afirmacija, kako i na drugite objekti koi gi vodi taa.Kamo sreka da imame poveke takvi menadzeri vo Makedonija.Sekoja cest i pofalbi .Samo neka prodolzi taka.
Од: ljubitel na umetnost
Датум: 22.06.2010 11:32:54
Cestitam na uspesniot zafat.Uspesnana direktorka - uspesna institucija,cuvar na neocenlivo makedonsko bogatsvo
Од: Mladen
Датум: 22.06.2010 14:34:22
Maja e mnogu mnogu daleku od uspesna direktorka. Pa zarem ne citavte po novini?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Велосипед на синџир
Се трошат последните резерви на игли и шприцови
Били Ајдол го стресе Скопје
Европскиот Бразил и далечниот Брег
Реторичките прашања на премиерот
Или ратите навреме или отиде имотот
Капело
Тројца македонски државјани убиени во Косово
Енергетските проекти како Потемкинови села
Нема пари за пензии?
Кисело киви за светскиот првак
Опструкција или беспарица
Вести од мундијалот
Десничар во социјалистичко опкружување
Португалија ја прегази Северна Кореја со 7
Штрајк во француската репрезентација