Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Македонец упаднал во куќата на Јованка Броз во Белград

По апсењето, Перо Давидовски (43) рекол дека им е син на Тито и на Јованка Броз

Скопјанецот Перо Давидовски (43) упаднал во куќата на Јованка Броз, прескокнувајќи ја оградата на куќата во белградската улица „Кнез Александар Караѓорѓевиќ“, каде што живее вдовицата на Тито. Инцидентот се случил во вторникот, околу 11 часот, по што еден од соседите го забележал Давидовски и ги предупредил полицајците што го чуваат нивниот прв сосед - политичарот Чедомир Јовановиќ. Полицајците влегле во дворот, го совладале Давидовски и го однеле во полициска станица, објавија вчера медиумите во поранешна Југославија.

На испитувањето Македонецот рекол оти им е син на покојниот Јосип Броз и на Јованка и дека се обидел да дојде до „мајка си“ и од неа да добие „позитивна енергија“. Судот за прекршоци во Белград му одредил екстрадиција и издадена му е забрана за влез во Србија во траење од една година.

Српскиот министер за труд и социјални работи, Расим Љаиќ, соопшти дека станува збор за психички нестабилна личност и додаде дека му го пронашле пасошот од каде што можело да се види дека постојано патувал, дури бил и на аџилак во Ерусалим. Љаиќ, кој изминативе години се грижеше за сопругата на маршалот, по инцидентот ја посети во вилата. Таа му рекла дека не е потресена, бидејќи била навикната да ја вознемируваат непознати луѓе.

„Не е ова првпат некој да ја прескокне оградата од куќата на Јованка Броз. Некои ја прескокнуваат од љубопитност, други за да се фотографираат до вдовицата на Тито, трети само за да ја видат одблизу“, објасни министерот Љаиќ. Српската влада одлучи да го финансира реновирањето на руинираната куќа за да и' го олеснат животот на Јованка, а неодамна и го дадоа и првиот пасош по смртта на Тито. (Х.Р.)

 


#
Статијата е прочитана 1735 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Лозарите во паника, паѓа цената на „кратошија“
Бродот „Илинден“ потонал и за време на Втората светска војна?
Мизеријата на Борисов
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Награда за едни, казна за други
Хакерите на „Фејсбук“ украле податоци на 10.000 македонски граѓани?
Магична полнолетност
Македонија топ-реформатор - ама без инвестиции
Владата сака да стави рака врз синдикатите
Куполите на Собранието „изгореа“ со ребалансот
Шесткатница на плоштадот „Македонија“
Бакојани си бара работа во Брисел
Во поплави во Истанбул загинаа 23 лица