Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Во поплави во Истанбул загинаа 23 лица

Поплавени се куќи, патиштата, а седум жени вчера се удавија во минибус на пат кон работа

ИСТАНБУЛ – Дваесет и три лица загинаа од поплавите што го зафатија турскиот град Истанбул, при што беа поплавени куќи, патиштата беа претворени во реки, а седум жени вчера се удавија во минибус што ги носеше на работа. Воени хеликоптери ги надлетуваа квартовите на европската страна на најголемиот град во Турција, што делумно се поплавени од најобилните дождови за 80 години. Луѓето стоеја на покривите на куќите и на возилата, чекајќи да бидат спасени.

Турската телевизија Си-Ен-Ен прикажа снимки на покриените тела на загинатите, пронајдени во населбата Халкали, во близина на меѓународниот аеродром „Ататурк“. Официјални претставници на аеродромот јавија дека летовите не биле прекинати. Гувернерот на Истанбул, Муамер Ѓулер, за турската телевизија Си-Ен-Ен изјави дека 23 лица загинале во областа Истанбул во последните два дена. Спасувачките екипи поставуваа штици и скали за да им помогнат на возачите на автомобилите и на камионите, заглавени во надојдените води, безбедно да пристигнат до мостовите и до повисоките делови. Во комерцијалниот кварт Икители, жителите се туркаа среде остатоците од канцелариска опрема. „Мојот пријател заглави во камион, откако водата надојде одеднаш. Возилото престана да работи, бидејќи се наполни со вода. Го спасивме со дигалка“, рече Ќамил Чоскун од квартот Икители, за телевизијата Ројтерс.

Али Ердем, главен аналитичар во Метеоролошкиот завод во Истанбул, јави дека врнежите од вторникот се најобилни во последните 80 години. Телата на седум жени вчера беа пронајдени во работничката населба Багчилар во Истанбул. Тие се удавиле во минибус што ги превезувал на работните места во текстилна фабрика, јави новинската агенција Анадолија.

Најтешко погоден од поплавите е западниот дел на градот, на европската страна. Истанбул е сместен на стрмните брегови на Босфорската Теснина, еден од најпрометните водени патишта во светот и голем канал за товарни бродови и нафтени танкери од Црно Море.

На други места во северозападна Турција уништени се два моста од надојдените води на патот Бахчекој-Сарај. Државната новинска агенција Анадолија вчера јави дека спасувачките екипи извлекле вкупно 23 тела за два дена од поплавите во северозападна Турција. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 562 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Лозарите во паника, паѓа цената на „кратошија“
Бродот „Илинден“ потонал и за време на Втората светска војна?
Мизеријата на Борисов
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Награда за едни, казна за други
Хакерите на „Фејсбук“ украле податоци на 10.000 македонски граѓани?
Македонец упаднал во куќата на Јованка Броз во Белград
Магична полнолетност
Македонија топ-реформатор - ама без инвестиции
Владата сака да стави рака врз синдикатите
Куполите на Собранието „изгореа“ со ребалансот
Шесткатница на плоштадот „Македонија“
Бакојани си бара работа во Брисел