Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Бродот „Илинден“ потонал и за време на Втората светска војна?

Петар Трајковски од Скопје тврди дека бродот бил потопен во напад на фашистичките сили

Бродот „Илинден“, кој во саботата во смрт однесе 15 бугарски туристи, потонал вторпат. Ова за Радио Охрид вчера го изјави Петар Трајковски од Скопје, кој на почетокот од Втората светска војна бил во Охрид. Според него, бродот „Илинден“, на почетокот на фашистичката окупација на тогашното Кралство Југославија, бил потопен кај Свети Наум, во напад на здружените германско-италијански фашистички сили. Бродот тогаш пловел под името „Крал Петар“ и бил дел од воената флота на Кралството Југославија.

Според сведочењето на Трајковски, првото тонење на охридскиот „Титаник“ се случило многу брзо. Кратко време по потопувањето бродот бил изваден, реставриран и повторно ставен во употреба.

Во меѓувреме, во Охрид се' уште останува неразјаснета дилемата кога ќе биде извлечен бродот „Илинден“ од езерското дно, по саботната несреќа во која се удавија 15 туристи од Бугарија кај кампот „Елешец“. Според едни претпоставки, тој ќе биде извлечен по добивањето на понудите од неколку специјализирани фирми од Хрватска и од Србија, а според други најави, тоа би требало да се случи за четири дена.

Од мешовитата комисија составена од по тројца експерти од Македонија, Бугарија и од Хрватска се дознава дека тие ќе го сугерираат најквалификуваниот понудувач, а трошоците ќе ги сноси Министерството за транспорт и врски. Точниот датум на извлекување на бродот ќе биде утврден по склучувањето договор со избраната фирма, во кој е наведено и потребното време специјалната опрема да биде донесена во Охрид.

Во недостаток на официјални информации од надлежните македонски органи се дознава дека ќе биде применета техника со балони, кои ќе бидат поставени под и околу бродот и со нивно полнење со воздух пловилото ќе биде извадено на површината. Засега не се знае дали по извлекувањето бродот ќе биде изваден на суво на брегот кај автокампот „Елешец“ или на некоја друга локација за да се направи детален преглед за утврдување на причините за несреќата.

Потонатиот брод „Илинден“ се' уште се наоѓа на местото на несреќата на 200 метри од брегот кај автокампот „Градиште“ на длабочина од шест до седум метри. Тежината на бродот е 54 тони, а наполнет со вода сега тежи околу 55 тони, товар што може да се подигне само со наменска и проверена современа опрема. Извлекувањето на „Илинден“ на суво и експертизата треба да ги потврдат или да ги демантираат сомневањата за причините за неговото потонување. Неофицијално, како причини досега се спомнуваат кинењето на сајлата што го поврзува кормилото со пропелерите, преоптовареноста и новата втора палуба за која се смета дека ја нарушува стабилноста и затоа бродот брзо потонал.

Мораториум на комплетниот езерски сообраќај на Охридското Езеро вчера побара едриличарскиот клуб „Пампур“, укажувајќи на низа пропусти и непочитување на меѓународните стандарди и на Законот за внатрешна пловидба. Клубот напомнува дека на Охридското Езеро „речиси нема ознаки за пловни патишта, нема некакви наутички ознаки на влезот во Капетанијата, речиси нема светилник неопходен за ноќна пловидба“.

„Не постои никаква наутичка карта на Охридското Езеро со назначени дозволени сидришта, места каде што е забрането пристанување, подводни опасни места, длабочини, еколошки предупредувања“, укажуваат од ЕК „Пампур“ со соопштението до јавноста. Тие го цитираат и член 43 од Законот за внатрешна пловидба, според кој, бродот може да превезува само определен број патници, чиј број и сместување се одредува врз основа на пропишаните услови, пловните својства на бродот, расположливата површина за сместување на патниците, уредите и опремата наменети за патниците и хигиенските услови.

„Со спроведување редовна контрола на бродските дневници, фискалните апарати, пријавените приходи, може да се провери колку пати оваа одредба е прекршена“, реагираат од едриличарскиот клуб. Од „Пампур“ прашуваат зошто на бродовите со македонска државна припадност не се вее македонско знаме, што е обврска.

„Охридското Езеро можеби е единствено туристичко езеро во Европа каде што нема организирано пристаниште. Непостоењето на ваков објект каде што чамците, едрилиците и бродовите ќе пристануваат, редовно ќе се сервисираат и ќе полнат гориво на прописна бензинска станица само го зголемува хаосот“, велат од клубот. (С.И.-Г.А.)

 


#
Статијата е прочитана 4843 пати.

Испрати коментар

Од: ZS ??????
Датум: 10.09.2009 00:13:22
Ako bil sopstvenost na kralstvoto na SHS kako so denacionalizacija mue vrateno na semejstvoto Filevi ????? Prasanje za milion dolari za obvinitelstvoto i MVR.
Од: Makedon
Датум: 10.09.2009 00:26:44
Ne treba da se bide golem stručen statičar za da se zakluči narušenata stabilnost na "Ilinden" so dogradenata "nova paluba" ili platforma so što e podignata težišteto na i onaka patnički nestabilniot brod.Zgora na se ako se ima vo predvid podvižniot tovar na taa paluba jasno e što se slučilo,po pukanjeto na sajlata i promenata na težišteto na brodot pod vlijanie na nagloto svrtuvanje vo desno i negovoto vlijanie na podvižniot tovar,patnicite.Za žal plakjame danok na "itrina",naivnost,i profesionalna neodgovornost i "zamižuvanje".Kako i vo site sferi vo Makedonija.
Од: od Bobby
Датум: 10.09.2009 00:47:48
Icistetego Ezeroto i vo otpad tretoiot pat ne bi sakal da nekoj sedi vo nego.
Од: Doktorot od Detroit
Датум: 10.09.2009 04:02:18
Statijata e na mesto. I toa za znameto e tokmu kazano. So parite za fiskalna kasa mozel da si kupi pojasi za spasuvanje.
Од: Daso
Датум: 10.09.2009 07:59:57
Zar ne e vreme da se ispita stabilnosta i na ostanatite brodovi koi plovat vo ezeroto koi isto taka imat so rekonstrukcija dobieno "turisticki palubi" ???
Од: LOLO
Датум: 10.09.2009 08:05:49
do SZ: covekot uredno si go kupil od GP Trudbenk od Ohrid. I uste nesto,covekot nema nikakva odgovornost,toj ne e kriv,vakvi nesrekli se sluicuvaat sekojdnevno nasekade vo svetot.
Од: Диме-БТМКД
Датум: 10.09.2009 08:32:06
Премногу прашања без одговори: -Кој дозволи и го регистрира за патнички брод без помошен чамец за спасување ( нема правило да не се превезуваат непливачи, мали деца или трудници)? -Кој дозв��ли да плови бродот без “елеци за спасување“? -Кој врши проверка на бројот на превезувани патници во една тура па макар таа била и предходниот ден? -Кој врши техничко-санитарна инспекција на пловилата? ........ безброј “КОЈ“ не си ја завршил работата во рамките на своите овластувања и задолжувања а сепак не бил санкциониран
Од: kliment
Датум: 10.09.2009 08:46:06
Не е точна информацијата од Петар Трајковски, кај Свети Наум потонало бродчето КОРЗИКА кога се удавиле повеќе лица, тоа се случило во триесеттите години на минатиот век, покасно Корзика била извлечена од езерото и била пренесена во Преспанско Езеро... ова се податоци што сум ги слушнал од постарите...Поздрав
Од: freeman
Датум: 10.09.2009 09:34:20
Ниту еден брод на Охридското езеро со доградена туристичка палуба нема соодветни пресметки за стабилноста и колку патници смеат да се качата на таа палуба. Ама ај забрани им ги. Веднаш ќе почнат да урлаат дека владата (сеедно чија) „го уништува туризмот на Охридското езеро“. А газдите на бродовите ќа почнат да подмачкуваат, да се закануваат ... Веројатно затоа во капетанијата никој досега не сакал да се нафати да го реши тој проблем.
Од: jovan
Датум: 10.09.2009 09:34:43
Gospodinot Petar Trajkovski koj bil vo Ohrid POsle vtorata svetska vojna Ocigledno ima narusena memorija zatoa sto brodot "Kral Petar" bil namerno potopen od Ohrigjanite za da ne padne vo racete na okupatorot i posle vojnata izvaden od ezeroto. No bordot "Kral Petar" e denesen brod- Makedonija a ne Ilinden!!! p.s. ovaa nedela protekoaa 10 tocni informacii za nesrekata i 400 dezinformacii. I za toa treba nekoj od mediumite da odgovara
Од: neutralen
Датум: 10.09.2009 09:53:17
Prasanje na vreme bese koga ke se sluci vakvo nesto. Celo leto brodovite plovea natovareni so patnici kako "grozdovi". Nalikuvaa na brodovite od nekoja si provincija vo Indija koi gi prikazuvaa pri slicni tragedii. Preoptovaren, bez pojasi za spasuvanje, pa uste se prasuvame za pricinite. Bezocna alcnost za zarabotuvacka. Kade bea inspekciite, kade bese kapetanijata. Site treba da odgovaraat. Ja sramat cela drzava. Nema opravduvanje od tipot "nesreki se slucuvaat nasekade". Dokolku bilo se po procedura nemase da dojde do ova. NEUTRALEN
Од: mile do lolo
Датум: 10.09.2009 11:30:51
lolo kako ne ti e sram da treskas gluposti kade vo svet tonat taka ednostavnom i neodgovorno?vo afrika mozebi,koga sme cule da ponol brod preoptovaren so turisti bo bug,hrvatska ili albanija a vo alban ioma ne 2 tuku iljadnici brodovi a brod na filipini vo okean so 1000patnici potopen vo okean imal 8 ztrvi a ova e sram neviden mnogumina vo ohrid se pravat budali a se znae poadjaci od vlasnikot kapetanot(so koja diploma?)pa kapetanija,gradiónacalnik se e toa korumpiran odpad nerlim ona sto vo velat vo ohrid plati mito 50000 evra butaj kuca gradi zgrada..mi se gadi.
Од: ohrid
Датум: 10.09.2009 12:37:13
celosno se soglasuvam so komen.na lolo sekade se slucuvaat i za zal ke se slucuvaat nesreki toa nikoj ne go posakuva zarem sega nikoj ne socuvstvuva so mladiot sotir zarem toj go sakal ova da se sluci pa i toj mozese da bide edna od zrtvite sto luge ke bevme nie ama bas nikakvi
Од: mac
Датум: 10.09.2009 13:38:51
site tie informacii ili dezinformacii se dojdeni od nekoj tret koj gi prenel kako prikazna no za tocnite informacii vo vrska so pricinite i posledicite poradi koi se slucila ovaa nesreka-incident se daleku od toa sto tocno i kako bilo a dodeka se razjasni ova ke projde mnogu vreme i mnogu rabiti ke ostanat zataeni (kako i za poveke raboti vo drzavata) i mnogu ke se zaboravi no zagubata na semejstvata nema nikogas da se nadomesti ni po 1,2 ili kolku bilo godini moe socustvo do semejstvata na nastradanite
Од: Zevs
Датум: 10.09.2009 13:39:47
Red okolu soobrakajot po Ohridskoto ezero ke ima otkako ke se decentraliziraat ingerenciite od Centalno na opstinsko nivo. Gi boli uvo onie vo Skopje, sto, kako i kade po Ezerono. Ohrid i Ohridskoto Ezero na ohrigjani i struzani! Definitivno!
Од: A KOJ RABOTI VO KAPETANIJATA ??
Датум: 10.09.2009 15:15:08
Vo kapetanijata rabotaat ludje koi aber nemaat sto e ezero i voden soobracaj pola neznaat da plivaat duri i nozite ne si gi mijat vo legen i neznaat kako izgleda pojas za spasuvanje a ezeroto i brodovite gi gledaat ednas mesecno (koga zemaat plata).Vraboteni od edna ili druga partija pobrzo ce gi najdete vo kafani i kladilnici a zamisli imaat i potparol za odnosi so javnosta i toa koj ?????

Најди! во Утрински
Насловна
Лозарите во паника, паѓа цената на „кратошија“
Мизеријата на Борисов
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Награда за едни, казна за други
Хакерите на „Фејсбук“ украле податоци на 10.000 македонски граѓани?
Македонец упаднал во куќата на Јованка Броз во Белград
Магична полнолетност
Македонија топ-реформатор - ама без инвестиции
Владата сака да стави рака врз синдикатите
Куполите на Собранието „изгореа“ со ребалансот
Бакојани си бара работа во Брисел
Шесткатница на плоштадот „Македонија“
Во поплави во Истанбул загинаа 23 лица