„Агротиквешија“ препозна политика во откупот на грозјето
Ангел Данов
КАВАДАРЦИ - Паника, револт и неизвесност. Вакво беше вчера расположението кај тиквешките лозари, откако како молња се прошири веста дека откупувачите и преработувачите ја спуштија цената за килограм „вранец-кратошија“, една од најмасовно застапените вински сорти во Тиквешко.
Лозарите велат дека сега килограм грозје од оваа сорта се откупува само за девет денари за килограм за шеќерност од 20 проценти. До вчера се плаќале и 12 денари за иста шеќерност. Производителите на грозје крајно револтирано изјавуваат дека со ова се погребува лозарството во Македонија, а полека, но сигурно, се уништува и егзистенцијата на илјадници фамилии.
Од регионалниот сојуз „Агротиквешија“ немо ја следат ситуацијата и коментираат дека е извршен невиден атак врз откупната цена, алудирајќи на големите винарски визби, кои и годинава биле кумови на цените. Од ова здружение препознаваат и политика во откупот и во цените. Се сомневаат дека во новонастанатата ситуација прсти има вмешано политиката. Извори од „Агротиквешија“ тврдат дека опозицијата им диктирала на винарските визби да ги намалуваат цените за да има незадоволство кај народот!
„Визбите сакаат да ја намалат цената и за грозјето што се извезува. Странските купувачи плаќаа во готово по 12 денари за килограм. Имаше одличен извоз. Со оваа цена се' се запира“, велат од „Агротиквешија“ од каде што до пред извесно време најавуваа и штрајкови доколку нема повисока цена за 30 отсто.
Нашите информации говорат дека винарската визба „Тиквеш“ откупува грозје од своите долгогодишни кооперанти во согласност со планот и програмата што ги има визбата. Од оваа винарска визба велат дека нема вистина во гласините дека цената за кратошијата е намалена.
„Годинава, за разлика од претходните години, ‘Тиквеш‘ се воздржа од истрчување со цените. Се чекаше прво друг да објави, за да не не' обвинуваат дека ние ги диктираме цените“, велат нашите извори од „Тиквеш“.
Вчера и помалите откупни пунктови имаа застој во откупот. Познавачите тврдат дека целата состојба е резултат на големите резерви вино во винарските визби особено од „кратошија-вранец“. Оваа сорта се' уште не се откупува во винарската визба „Повардарие“ во Неготино. Единствено овде е почнат откупот на висококвалитетни вински сорти, а извршена е и смена на менаџерот во „Повардарие“.
Гроздоберските празнувања завршија, но во Тиквешко бербата е завршена само 20 проценти. Лозарите во надеж дека многу брзо работите ќе се сменат на подобро и оти власта ќе ја согледа реалната состојба во Тиквешко. И додека симнатите цени го нарушија мирот на лозарите, родот пропаѓа на нивите.
Производителите на грозје забележуваат дека значително е намалувањето и на цената за висококвалитетните сорти. Пред три дена заменик- министерот за земјоделство, Перица Иваноски, при посетата на Кавадарци за време на гроздоберските празнувања во изјавата за медиумите ги убедуваше лозарите дека цените биле исти како ланските и немало никаков проблем со откупот.
Големи се уценувањата за тоа дали купеното грозје да се плати во готово или на почек. Така, на пример, на некои пунктови се плаќале девет денари за килограм кратошија ако се бара исплата веднаш и десет денари ако лозарите се стрпат до март наредната година. За разлика од лани многу помалку се плаќа во готово по самото предавање.
Лозарите стравуваат дека цената ќе се намали и за најмасовно застапената винска сорта грозје, смедеревка. Гневни се на сето ова што им се случува и настапуваат самокритично, дека поради неорганизираност ќе ја изгубат егзистенцијата. Голем дел од лозарите со кои разговаравме се' уште чекаат да биде организиран штрајк од „Агротиквешија“.
Коментарите одат и дотаму дека не било в ред за организирање штрајк прво да се согледува која гарнитура е на власт и од која власт затоа што поединци што се претставуваат за претставници на лозарите ќе имаат корист. „Ниту пет денари да дава државата за субвенции по килограм грозје нема да се покрие понижувањето што го прават визбите“, ова е ставот на лозарите.
Ништо чудно да констатацијата за вмешаност на опозицијата е точна,кога се знае да на чело на најголемиот откупувач винарската визба ,,Тиквеш,, е олигархот заслужен доајен на СДСМ.Дали преку грбот на лозарите почнува,,жешката,,есен на опозицијата,невидено лицемерие и бездушност.Владата треба под итно да најде одговор за барањето на лозарите ако треба и странски откупувач или зголемување на стимулациите,ако владата ова го премолчи тогаш се соработници во бездушноста кон лозарите.
Од: pero
Датум: 10.09.2009 07:49:48
Do koga razni zdruzenija ke gi organiziraat lozarite .Treba da se znae deka ovaa godina vladata rece deka ke dava subvencii 2.5 denari a tie ke gi dade od koga vizbite ke i platat na vladata .Tie 2.5 denari sto treba da gi platai vladata se nasite pari koi vizbite ni gi skusuvaat od lanskata cena i taka vladat ke bide dobra a vizbite losi .Neka ispadne nekoj od vizbite i neka ja kaze pravata vistina
Од: Лозар
Датум: 10.09.2009 08:12:11
Понижувањето на лозарите не е од сега, тоа трае со години. Луѓето гледаат спас во оваа реформска влада. За проблемите на винарите се гледа со голо око. Секоја година тие ги прошируваат своите капацитети, додека лозарите тонат секоја година се повеќе. Решението е многу едноставно, прашање е само владата на која страна ќе застане, дали на страна на лозарите или на страна на винарите.
Што сработија за сите овие години кавадаречките претставници во парламентот. Кавадарци има само е еден проблем. А нашите претставници немаат кажано ниту еден збор во заштита на лозарите, само се шетаат како пауни низ градот, а леб јадат од тие лозари.
Од: HMMK
Датум: 10.09.2009 08:14:59
Сега СДСМ е виновен за ниската цена на грозјето! Ох Господе, со што заслуживме да не казниш со толку многу глупост на толку мал простор?
Од: vesna
Датум: 10.09.2009 08:37:39
Kaj nas vladee haos vo zemjodelstvoto. Site lozari sekojdnevno se pod stres, dali ke najdat otkup, po koja cena, pa se slucuva da gi vratat, gi lazat, prosto kazano da si puknis od maka. Duri mozebi polesno bi im bilo da nastradalo vo nevreme, barem ke reces gospodova rabota. A vaka em ubav rod so mnogu trud i maka i trosok, em za dzabe go davas. A deka Tikves ne gi namalil cenite e cista laga - od sigurni izvor, isti se sekade cenite od 8-12 denari za kartosijata.
Од: od citatel
Датум: 10.09.2009 09:05:02
Greska_ ne opozicijata vinoven e Branko za neuspehot na lozarite ha,ha,ha....Pa sto cekaat lozarite koga Branko ja vodese drzavata lozarite bea pred vinarskite podrumi i pred opstinite kade sto bea SDSM gradonacalnici. Sega nikade gi nema.Ej prost lozarski narode, Grujo stravot vi go vtisnal vo koski. Ako, cutite i davajte go grozjeto bez pari i povtorno glasajte za nego. Taka i vi treba.Koga ke se svestite od vas ke nema veke nisto.
Од: xxl
Датум: 10.09.2009 09:21:10
Go vidov Branko vcera prepraven vo argat i gi ubeduvase grozdoberacite i vinarskite vizbi da ja spustat cenata. Kako ne mu e sram; namesto da odi vo Kina i da lobira za Makedonija, toj rovari po lozjata. Ke mi kaze li nekoj dali komentarot od Feliks e verodostoen ili pak e skriena kamera ? Bog da cuva !
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 10.09.2009 09:44:10
Гледам дека Феликс има интересна точка на гледање и не знам до кога вакви експерти ќе бараат кривци во политички припадности без и малку да ја споменат власта како главен креатор на економскиот амбиент па и во лозарството.
Се додека некој друг а не власта е крива ке си гледаме хорор - економија
Од: goran
Датум: 10.09.2009 11:27:56
sigurno branko e kriv i za potonatiot brod. Zaprete so sekakva istraga toj e kriv
Од: Земјоделец
Датум: 10.09.2009 11:38:23
Дали нашава „НАРОДНА„ влада навистина се грижи за народот? Или пак за секој грабеж на обичните граѓани бара вина кај опозицијата, кај ЕУ, кај НАТО? Зарем пред некој ден не промовираа некоја идеја „проект„ за развој на рурален вински туризам? Сумата предвидена за такви авантури, доколку ја пренаменат ќе биде доволна за загарантирана цена на грозјето- добиваме вински туризам, ги губиме лозовите насади. Само да ги потсетиме „народните„ министри дека 20%од земјоделието го сочинува лозарството. Многу фамилии дами и господа многу ....
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 10.09.2009 12:24:03
Do Utrinski Vesnik sakam licno da mi pisi na mojot e-mail zosto tolku mnogu ja kritikuva ovaa vlada i e na stranata na opozicijata , da li saka da go unistite seto ona sto je ostanato uste makedonsko ili pak mislite deka ovde na zapad ve ceka sve namesteno so isklucok ,a za pazar moxe da se najde i to grozjeto da se transportira do nasiot juzen,istocen sosed pa i site dru gi regoni sto ne opkruzuvaat ,no so to ke se zatvorat nasite poznati golemi vizbi i so toa ke zgolemi nevrabotenosta ,no sepak samo da drugi vladejat,kako ne im je dosadno , vladeeja i toa dosta vreme ise navjadeeja i treba da bidat zadovolni i treba duri dobrovolno da rabotat i da pomagaaat ,POZZ ORCE MAKEDONSKI
Од: Винар
Датум: 10.09.2009 14:11:32
Ах тој Бранко и тука има замешано прсти,даите бе луге да го мајнеме тој човек само зло ни сее во државата.