Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
ЕДИТОРИЈАЛ

Награда за едни, казна за други

Мирче Јовановски

Владата во обновениот популистички занес деновиве обелодени серија мерки со кои цени дека ќе им помогне на граѓаните и на фирмите во овие тешки времиња на економска криза. Наместо со заокружен проект, таа се одлучи за пооделни мерки. Така, една по една се редеа владините најави дека ќе се намали данокот на додадена вредност за становите, дека на странските инвеститори ќе им се одобрат дополнителни бенефиции за инвестирање во земјава, за поевтинување на откупот на дворовите, за помош на најсиромашните при плаќање на сметките за електрична енергија...

Иако сите овие мерки се скроени по мерка на поширока категорија граѓани, тие сепак во стручната, но и пошироката јавност, предизвикуваат најразлични реакции. Особено што наградата што ја добиваат едни категории граѓани и фирми, многумина ја чувствуваат како казна за нивниот коректен однос кон исполнувањето на обврските кон државата.

Допрва ќе се види дали станува збор за добро обмислени потези или пак само за ад-хок решенија насочени кон одржување на високиот рејтинг на владејачката ВМРО ДПМНЕ. Сепак, доколку Владата сакаше да изложи соодветна програма, тоа требаше да го стори на една прес-конференција, а не секој ден дозирано да ја бомбардира јавноста со своите јавни настапи.

Звучи невообичаено, дури и саркастично, за една десничарска партија како што се декларира ВМРО ДПМНЕ да изјавува дека оние што ги купиле дворовите биле мала група капиталисти, додека оние кои не го сториле тоа немале пари. Луѓето кај нас навистина се сиромашни, што впрочем го потврдуваат и многубројните анализи и извештаи, но општо е познато дека многумина и досега, со повисоките цени на дворовите, се обиделе да ги купат, но поради сложените процедури не успеале во својата намера. Поуката е дека и покрај тоа што сега цената на дворовите е ниска, доколку не се стори нешто на планот на поедноставување на процедурите и оваа атрактивна мерка тешко дека ќе заживее.

Дали тоа значи дека во својата немоќ да ги реши работите во својот двор Владата во иднина ќе се реши на уште понародско решение - да им ги отстапи без надомест дворовите на корисниците?

Дополнителна дилема е и мешањето на Владата во ингеренциите на општините и во нивните приходи бидејќи со оваа одлука директно им се кратат изворите на приходи на локалната самоуправа, кои и онака се недоволни за редовно извршување на нивните обврски. Но, ова не е прв пат власта да ги наградува оние кои од разни причини ги одложуваат или едноставно не ги извршуваат плаќањата за разни намени. Списокот на такви „попусти“ е долг: своевремено владата на СДСМ им дозволи на фирмите кои не плаќаа придонеси за пензиско и за здравствено осигурување тоа да го сторат со значаен попуст и на рати, актуелната власт, пак, излезе со слична мерка како поддршка на фирмите за излез од кризата. Локалната самоуправа не толку одамна им го прости долгот на оние кои не плаќаа данок на имот со години, со ветување дека во иднина нема да прогледува низ прсти, слично беше и со плаќањето на радиодифузната такса...

За многумина, ваквите потези не се знак за филантропија на владејачките партии туку доказ за немоќта на администрацијата да се фати во костец со актуелните проблеми и да понуди издржани и квалитетни решенија од кои никој нема да се почувствува онеправдан.

Згора на се', се доведува во прашање конзистентноста на политиката во време на криза и намалени приходи во Буџетот. И покрај уверувањата од страна на владините функционери дека мерките, како на пример намалувањето на ДДВ за становите, нема да значат помалку приходи во буџетот, туку напротив нивно зголемување, се чини дека сепак сметката е направен без крчмар. Впрочем, како и многу пати до сега, со тоа што на крај сметката пак ја плаќаа обичните граѓани, односно даночните обврзници.


#
Статијата е прочитана 1136 пати.

Испрати коментар

Од: Brian, Canada
Датум: 10.09.2009 03:48:59
Mirce pak ja otepa gugutkata. Aman ne ja brani SDSM, ja dotepa. Mnogu e ednostavna prikaskata. Ako jas koristam dvorno mesto, koe e skapo, a voedno nikoj drug ne go koristi, jas istoto nemam interes da go platam. I toa moze da odi so godini. Cenata od 1 Evro e sibolicna i ima za cel, bladata da ja simne od dneven red odgovornosta kon toa zemjiste, a istovremeno da gi zadovoli korisnicite, koj ke mora da vodat griza za istoto. Toa sledi podocna (kako i tuka vo Kanada, sopstvenosta nosi i obvrski). A kolku tolku i nekoja paricka ke se sobere, koja i taka ne bese ocekuvana.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.09.2009 08:07:34
Точна е констатацијата ( не на авторот) да неможе да просечната фамилија со двајца вработени која поседува семејна куќа со двор на пример од 300-4оо м2 да одвои 13 евра од м2 или 4-5000 евра.Не личи вакво социјално однесување на десничарска партија,но тоа така затоа што СДСМ не покажа социјален сенс ,туку инсталирање на олигарси па сега некој друг ја одработува нивната работа.
Од: citatelka 2
Датум: 10.09.2009 08:41:06
Па Брајан и не ќе да е така! Сепак е ова само уште една во низата популистички мерки. Имено, зарем истава оваа влада која пред некој период ја намали цената на квадратот и определи рок за плаќање (кој еве и јас побрзав да го испочитувам, па земав кредит за да го платам земјиштето), не можеше и тогаш истово да го стори? Или барем да не не ограничува со рокови. Јас работам во фирма која до последен денар секогаш ги плаќала придонесите кон државата а фирмата е сега на отстрел на владата.А на колку фирми им се простени долговите. Јас лично сум била меѓу оние 6% уредни плаќачи на МРТ, а никогаш никој од тие што не плаќале, не одговарале. Јас сум исто така една од тие ‘будалите‘ што редовно сум ги плаќала и даноците кон државата и никогаш ништо не ми било простено!!!И сега како се чувствувам што мислиш?За пофалба ли сум или за укор? Во Канада како ги третираат уредните плаќачи? Како капиталисти???
Од: Do prethodnite dvajca
Датум: 10.09.2009 08:45:03
Sto lup[ate bre glu[posti. Se toa bi bilo vo red ako od pocetokot bese zemjisteto dadeno po 1 evro za site gragani. Kako sega n aonie sto zemaa krediti i dvojat od lebot za da go isplatat dvorot da mu kazes deka komsijata do nego kje go dobie bukvalno na poklon. Ova se tolku populisticki merki sto mi se gadi od niv vekje.
Од: dr
Датум: 10.09.2009 09:09:03
abre.koga.ke.svatitedeka dvorovite treba bezpari da se dadat.kuka kupena 69 god.od gazdi koi vo nea ziveele od tursko sega nebila moja oti na nekoi mu teknaloda ja prekupuvam pa dali ima nekoj pameten da pokreniprasanje za ova a ne se karate koja bila cenata ..site dvorovi i kuki treba so zakonot za denacionalizacija da se vratat bez pari.
Од: Marko, Macedonia
Датум: 10.09.2009 09:23:11
Brian, ne si ja sfatil poentata. Ne e sporna cenata od 1 evro, tuku neednakviot tretman na sopstvenite gragjani, i toa kaznuvanje na cesnite, odgovornite i lojalnite, a favoriziranje na onie drugite.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 10.09.2009 09:55:11
Уште Одамна некои си стекнаа Богатства, без да дадат Денар! Погледнете во Општествените Станови, Општествените претпријатија, Општествените Куќи на „боговите“ на Водно... Бладата оди по добро изгазени патеки, применувајќи го правилото: ако не си со нас, тогаш си против нас!
Од: pravda
Датум: 10.09.2009 10:40:44
E ovoj BRIAN a nedobrian ja pretera,a za Feliks ne me cudi toj i onaka e proizvod na ovie netranziciski cudovista za koi se e dobro sto e od ovaa vlada,samo ima edno tocno vo negovoto kazuvanje -deka SDSM ne im naplacase na gradjanite za vozduhot sto go disea,za zemjata po koja odea oti e nivna i samo nivna,a ovie sega naplacaat se i sesto za da si gi polnat sopstvenite dzebovi
Од: pero
Датум: 10.09.2009 11:22:23
Зошто дрзавата бара повторно пари за нешто веке купено.Нека продава нешто друго а не земјиште што лугето го користат со години.Не е казано никаде дали низ цела Македонија ке биде иста цената .Немозе некој да плака 1 евро во Скоје и 1 евро во Берово

Најди! во Утрински
Насловна
Лозарите во паника, паѓа цената на „кратошија“
Бродот „Илинден“ потонал и за време на Втората светска војна?
Мизеријата на Борисов
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Хакерите на „Фејсбук“ украле податоци на 10.000 македонски граѓани?
Македонец упаднал во куќата на Јованка Броз во Белград
Магична полнолетност
Македонија топ-реформатор - ама без инвестиции
Владата сака да стави рака врз синдикатите
Куполите на Собранието „изгореа“ со ребалансот
Шесткатница на плоштадот „Македонија“
Бакојани си бара работа во Брисел
Во поплави во Истанбул загинаа 23 лица