Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Бакојани си бара работа во Брисел

Бакојани се споменува како можен кандидат за наследник на Хавиер Солана

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Грчката шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, според неофицијални информации, си бара функција во Брисел, и иако засега е во втор план, нејзиното име циркулира како можен кандидат за наследник на Хавиер Солана, односно прв министер за надворешни работи на ЕУ. Нејзина најголема препорака е доминантната позиција на Групата на народните партии на која и' припаѓа Нова демократија, и очекувањето нејзината партија да ги изгуби изборите, па како жена-кандидат да и' се најде функција на која ќе биде згрижена.

На „шаховската табла“ во Брисел распоредот на функциите се' уште е недефиниран, но кога ќе се стават во игра партиската припадност, полот, тежината на земјите од кои доаѓаат кандидатите, географската распореденост и кој кого сака, а кого не, обично на функција не доаѓаат најдобрите, туку најкомпромисните. Она што е извесно е дека новиот шеф на дипломатијата и претседателот на ЕУ, ако пројде Лисабонскиот договор, ќе бидат именувани на самитот на крајот на октомври, а неофицијално најдобри шанси да стане нов Солана има шведскиот министер Карл Билт. Негов хендикеп, сепак, е што не го посакуваат Франција и Германија, првата поради силната протурска позиција, а втората поради силната антируска реторика, додека еврокомесарот Оли Рен, кој исто така се бори за оваа функција, важи за добар кандидат, но од резервниот ешалон, бидејќи групата на либералите нема силна позиција во Брисел. Како можен ривал се споменува и Австријката Урсула Пласник, но проблем е што социјалистите ја бараат оваа функција, а сите споменати освен Рен се од редот на народните партии.

Иако Македонија последните години излезе од описот на функцијата на еврофункционерот Солана, кој главно се фокусираше на кризни региони надвор од Европа, последните најави се дека министерот за надворешни работи на ЕУ во својот ресор ќе контролира и важни прашања околу проширувањето, па не е јасно се' уште дали ќе постои воопшто еврокомесар за проширување и каде ќе се концентрира моќта околу ова прашање. Кој ќе и' ја крои иднината на ЕУ, а со тоа и на Македонија, треба да се знае идниот месец, иако ратификацијата на Лисабонскиот договор во Ирска не е последниот чин, бидејќи тој е заглавен процедурално и во Чешка, Полска и Германија.

Прв кој треба да биде реизбран е претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, кој неделава поминува низ вистинска политичка тортура во Европскиот парламент, среќавајќи се со сите политички групи за да ги убеди да му дадат поддршка, а пр��д се' да се согласат неговиот избор да се најде на гласање идната недела во Стразбур. Притоа, речиси секојдневно Баросо трпи политички удари дури и од неговата група на народните партии, иако едногласно беше именуван за кандидат и упорно се тврди дека нема алтернатива за оваа функција. Самодовербата најмногу му ја разнишаа политичките игри во Франција, од каде што стигнаа изјави дека премиерот Франсоа Фијон е подготвен, ако не успее Баросо, да ја прифати таа функција, што сугерираше дека Париз има поголеми амбиции од тоа да го поддржи актуелниот претседател на ЕК. Пинг-понг со неговата кандидатура си играат и социјалистите кои еден ден пред средбата со Баросо објавија дека не е кредибилен кандидат за кризни времиња, дека програмата му е 95 отсто препишана од претходната и дека за вакви историско тешки периоди кога осум милиони луѓе загубија работа во ЕУ, тој предлага политика без визија. Денес, сепак, ќе биде многу појасно дали Баросо ќе го помине парламентарниот филтер и ќе добие доволно гласови да биде избран идната недела, откако ќе се сретне со трите најголеми опозициони групи во ЕП.


#
Статијата е прочитана 2455 пати.

Испрати коментар

Од: Mene do Vas
Датум: 10.09.2009 00:10:20
Da i dadat rabotno mesto: Minister za covekovi prava. Ha ha ha. Koga taa i takvite kako nea ce rabotat vo EU - ce propadne mnogu pobrzo EZ. Ke glasam za nea odma.
Од: od Bobby
Датум: 10.09.2009 00:51:02
Kogo go enteresira za pandorka.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 10.09.2009 01:21:54
Evropa saka da se reshi problemot, no ne mozhe da napravi nishto, ako GR i MK ne se spremni za kompromis. Grcite vazhat za kolevka na evropskata kultura, a toa sigurno nema da go delat so nas. Nashite najgolemi avtoriteti po istorija, kako Katardjiev i Ristevski nikogash ne go gradea nashiot identitet na antichka istorija, tuku na antibugarska i projugoslovenska osnova, pa ne dojde do nekoj konflikti. Zatoa mozhebi najdobro e da se otkazheme od antichkata istorija. So makedonski identitet na antibugarska osnova sme vo posigurni vodi.
Од: ee
Датум: 10.09.2009 05:18:38
lele, ke ne kine togas
Од: Ајван Доктор®
Датум: 10.09.2009 08:44:29
Неа и се барем Широко Отворени Вратите на Брисел!!! Се прашувам каде ли во светов ќе најдат место нашиве фелдфебели?! Неспособни и Полуписмени Незнајковци, какви што се, имаат важност и „големина“само во МК, но од Деве Баир, натаму, никој не ги зарезува и може да превземат само функција на некој потпросечен батлер!!
Од: mimi
Датум: 10.09.2009 09:36:23
tesko bogami da vleze vo brisel , neka nauci prvo Angliski da zbori ..glupava baba
Од: Vasko
Датум: 10.09.2009 09:47:01
Ovaj kultiviraniot balkanec, nema da mu e poarno da odi da sadi tutun , nego tuka da dava komentari?
Од: kole
Датум: 10.09.2009 10:14:50
И ќе добие, силни се Грците а ние се занесуваме со Црн и Бел Бумбар на Тања...... а нашиот Милошоски ќе го примеле со Договор на дело во Брисел како LIFTBOY........
Од: ilija
Датум: 10.09.2009 11:52:39
Zenava beshe na listata na 10-te najmokjni zeni spored FORBS...Istata godina beshe gradonachelnik na Atina koga se odrzaa najdobro organiziranite olimpiski igri do togash...Go reshi soobrakjajniot kolaps vo Atina koj dotogash beshe nezamislivo da se reshi...Ni se dopagjalo toa nam ili ne,se raboti za mnogu mokjna politicharka i zena koja kaj nas moze samo da ja ismevaat so internet komentari i emisii od tipot na Toni i Deo(klasichen debilizam,btw spomnatata emisija)...Toa shto nie ne moze da napravime trotoar vo dolzina od 100m ne ni e kriv nikoj... Toa e toa, a sega ajde eden rafal-Pandorka cigankata,nacistot,grdosijata....itn
Од: pameten
Датум: 10.09.2009 14:06:12
Do Kultiviran Balkanec: Politichkata sostojba denes ne e istata. Bugarija e isto chlenka na Eu,nema ja Jugoslavija, a nikoj ne se plashi od Bugarskiot iridentzam.

Најди! во Утрински
Насловна
Лозарите во паника, паѓа цената на „кратошија“
Бродот „Илинден“ потонал и за време на Втората светска војна?
Мизеријата на Борисов
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Награда за едни, казна за други
Хакерите на „Фејсбук“ украле податоци на 10.000 македонски граѓани?
Македонец упаднал во куќата на Јованка Броз во Белград
Магична полнолетност
Македонија топ-реформатор - ама без инвестиции
Владата сака да стави рака врз синдикатите
Куполите на Собранието „изгореа“ со ребалансот
Шесткатница на плоштадот „Македонија“
Во п��плави во Истанбул загинаа 23 лица