Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

„Џамбоџет“ во воздух, „бентли“ на земја

Трајче Леов, Фијат Цаноски, Енвер Маличи се Македонци што поседуваат престижен автомобил „бентли“

Силвана Жежова

„Она што е Монт Еверест за планините, тоа е ’бентли‘ за автомобилите“, изјави Златко Муцунски, генерален директор на „Порше Македонија“ на ВИП-вечерата во „Воденица“ по повод првото „роад шоу“ на „бентли“, кое се одржа во вторникот и во средата низ улиците во Скопје. На тест-возењето на континенталната серија на „бентли“, македонските возачи имаа можност да уживаат во моќните перформанси и луксузниот изглед на новите модели на овој престижен автомобилски бренд „флаинг спар“, „ге те“, „ге те це“, и „ге те кабрио“. На настанот во организација на „Порше Македонија“ и „Порше Австрија“, беа поканети познати македонски бизнисмени меѓу кои Орце Камчев, Шенол Исмаил, Владимир Буцо Лазов, Олга Костовска, Трифун Костовски...

Првиот автомобил „бентли“со македонски регистарски таблички свечено му беше предаден на велешкиот бизнисмен Трајче Леов на галантна промоција во „Александар палас“, во мај годинава. Задоволството наречено „бентли континентал флаинг спар“, Леов си го дозволи на 56 години и го плати 250 илјади евра. Во Македонија се возат три автомобили „бентли“ со наши регистарски броеви, а инаку се вкупно седум.

Совршената комбинација на англиски стил со германско инженерство и најдоброто од двата света го чинат „бентли“ посебен со голема моќност, квалитет, луксуз и дизајн. Историјата поврзана со блиските релации со „ролс ројс“, учеството на трките Ла мон, а потоа и развојот под капата на „Фолксваген“ имаат еднакво важна улога во раскажувањето на приказната за овој култен автомобил. Естетските и квалитетните перформанси на новите модели се резултат на редизајнирањето и модулирањето на целата продукција. Моментно, „бентли“ ја има најбрзата седан лимузина во светот која развива 323 км/час, а која имаа можност да ја пробаат и македонските возачи.

„Бентли моторс“ работи на наследникот на „арнаж“, што веројатно ќе биде претставен за две години. Најмногу автомобили од овој брен�� се продаваат во Велика Британија, а потоа и во Америка каде што минатата година се случи пад на побарувачката на „бентли“ поради порастот на цената на нафтата, но и поради зголемување на даноците на возилата со поголемо испуштање на јаглероден диоксид. Светската финансиска криза, која годинава најмногу ја погоди и автомобилската индустрија, се одрази и на работењето на „Бентли моторс“

„Бентли моторс“ го намали производството за триесет отсто. Последните две години произведуваше десет илјади автомобили, но сега намали на седум илјади. Фабриките не работат пет дена во неделата и го забавуваат производствениот процес. Клиентите на „бентли“, кои се финансиски моќни, изгубија многу пари на берзите. Меѓутоа, не е прашањето како да купат автомобил, туку се работи за социјална обврска за одговорно однесување. Компаниите ги намалуваат трошоците, се отпуштаат работници... Потрошувачката моќ на клиентите се' уште постои, но имаат социјална одговорност која има огромен ефект во процесот на купување. Ги имаат парите, но размислуваат дали е паметно да ги вложат во автомобил во вакви услови на криза“, вели Николас Татер, директор за продажба на „Бентли Виена“.

Во Македонија, пак, според Златко Муцунски, кризата, како и се' друго, доцни:

„До крајот на годината не се очекуваат некои поголеми влијанија. Повеќе се чувствува стравот кај луѓето отколку реалните показатели за тоа. Вестите кои им сугерираат на луѓето да се откажат од купување нови автомобили, секако, дека имаат влијание врз нивната потрошувачка. Сметам дека идната година ќе имаме пад на пазарот за петнаесет отсто, но не поради тоа што е економски индицирано, туку од причините што веќе ги споменав. Што се однесува до пазарот за автомобили, возилата од типот на ’бентли‘, ’ламборџини‘, ’бугати‘ не влегуваат во ниту една категорија, значи се работи за поединечни примероци на возила кои се купуваат од страна на многу специјални купувачи“.

Оправданоста за влез на „бентли“ на македонскиот пазар „Порше Австрија“ ја гледаат во тоа што во сите земји, па дури и во малите, постојат потенцијални клиенти.

„Без разлика на тоа што македонскиот пазар е мал, сепак, во секоја држава освен што луѓето купуваат ’ауди‘, ’мерцедес‘, ’фолксваген‘, ’шкода‘, ’фиат‘ и други брендови, заинтересирани се и за поскапи автомобили. Но, ако само мал број можат да си дозволат да го имаат, тогаш барем многумина заслужуваат да го пробаат“, објаснува Муцунски и додава дека куповно моќните Македонци стравуваат да ги покажат парите.

Освен што се финансиски моќни, заедничко на клиентите на „бентли“ им е што сакаат посебни автомобили. Според Татер, тие што имаат пари, имаат и стил. „’Ролс-ројс’ е автомобил со висококвалитетни перформанси, но кога се движи, звучи како камион. Станува збор за шоферски автомобил, а за ’бентли‘ е најважно уживањето при возењето“, вели тој.

Пред шест години, „бентли“ изработи церемонијална луксузна лимузина за кралицата Елизабета. Многу модели се приспособени на барањата и на други ѕвезди како што се Бекам, Шерон Стоун, Мадона. Имено, избираат боја, ентериер и екстериер, а постојат многу начини за приспособување на автомобилот. „Познатите имаат специфичен вкус и добиваат специјален третман при конечниот избор на автомобилот“, додава нашиот соговорник.

Неодамна под знакот на „бентли“ почнаа да се произведуваат и луксузни лап-топи. Рачката за носење е иста како рачката на вратите од автомобилите, а под хаубата е хард-диск од 160 гигабајти. Ова задоволство чини 20 илјади долари. Во колекцијата на овој престижен бренд влегуваат јакни, маици, чадори, шолји за кафе.

„Порше Македонија, која е дел од „Порше Австрија“, се надева дека идната година освен што ќе биде зголемен бројот на возилата „бентли“ кај нас, на Македонците ќе им овозможи и да го почувствуваат задоволството од качувањето адреналин при возење „ламборџини“ и „бугати“. А, дотогаш „бентли“ нема да отстапи од амбицијата да се одржи во најпрестижната премиум-класа наменет само за најбогатиот светски џет- сет, кралските семејства, саудиските нафташи, екстравагантните колекционери и ретките Македонци.


Статијата е прочитана 561 пати.

Испрати коментар

Од: Влатко
Датум: 29.11.2008 01:30:38
Ќе биде добро првин да ги соблечат опинците пред да купат Бентли. Го гледате ли позерот на фотографијата, како го истопорил ролексот за да го зголеми „восхитот“ кај читателите кога ќе го видат, така „успешен“, со сите нишани. Не верувам дека некогаш ќе разберат дека потребно е нешто повеќе од автомобили и часовници за статус и углед во општеството. Ваквите статии само дополнително го хранат нивното сељачко его и го промовираат лажниот систем на вредности кај помладата популација.
Од: кико
Датум: 29.11.2008 03:34:51
ПРИЛЕП - Сопственикот на „Леов компани“ и „Пролукс“, Трајче Леов, од Велес и Димитрија Стојаноски од Прилеп, поранешен претседател на УО на „Пролукс“ и А.Д. „Пролукс“, се осомничени дека го оштетиле доверителите за 600 илјади евра. Според МВР, Леов и Стојаноски со намера да прибават противправна имотна корист, иако знаеле дека „Пролукс“ е со блокирана сметка, во 2005 година потпишале договор за купопродажба на линија за топло поцинкување и пластифицирање. Вредноста на линија била 10 милиони денари, а тие со договорот ја зголемите вредноста на 16 милиони денари, а договорот требало да го исплатат за три месеца.
Од: Maja
Датум: 29.11.2008 05:54:19
"Меѓутоа, не е прашањето како да купат автомобил, туку се работи за социјална обврска за одговорно однесување." Se prasuvam koga kaj nasite Makedonski novopeceni bogatasi ke se razvie custvoto za "socijalna obvrska i odgovorno odnesuvanje" kon sopstveniot narod!!!!!
Од: Toronto
Датум: 29.11.2008 07:13:20
Bravo be Vlatko, komentarot ti e na mesto.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Хотелот „Атлантис“ прво чудо од Палма на Дубаи
Славни и богати за „Форбс“
Португалија
Големите гради не се болест
Студентски новогодишен календар
Луксузни часовници по мерка на „бентли“
Финална вечер за најдобрите, па Позитивна вечер
Опседнат со своето име
Збунувачка вљубеност во Сара Пејлин
Влошена состојбата на актерот