Џон Мајер
Опседнат со своето име
Притоа, неговата понежна половина е во паника дека тој ќе се опседне со славата
Откако пејачот Џон Мајер се смирил со актерката Џенифер Анистон, медиумите почнале повторно да пишуваат за него, што предизвикало вистинско воодушевување кај него. Откако неодамна проструиле гласиштата низ Холивуд, музичарот станал зависен од своето име.
Дека навистина му импонира кога му го спомнуваат името говори и фактот што на својот компјутер ја вклучил опцијата Google Alert, која се активира секогаш кога неговото име ќе излезе во некоја статија или коментар. Ваквата зависност новинарите ја коментирале како болест, при што Џон Мајер самиот си е најголем обожавател.
Притоа, неговата понежна половина е во паника дека тој ќе се опседне со славата, но бидејќи е вљубена во него, смета дека ќе успее да најде соодветно решение и логично оправдување.
Некои злобници дури сметаат дека на Мајер му е најважно да биде во врска со славна девојка наместо да и' се посвети на музиката.
|