Патрик Свејзи
Влошена состојбата на актерот
Патрик неодамна дозна дека му се влошила состојбата и дека ракот се проширил и на црниот дроб
Иако сите се надевале дека Патрик Свејзи успеал да ја победи тешката болест, неговата здравствена состојба деновиве сериозно се влошила. На актерот, кој боледува од рак на простатата, на неодамнешните анализи му било утврдено дека тој метастазирал и дека се проширил во пределот на црниот дроб. Свејзи одлучил дека е време да се збогува со своите најблиски.
Веста за здравјето на главниот шармер од филмот „Валкан танц“ ја открил извор близок на семејството за едно списание.
„Патрик неодамна дозна дека му се влошила состојбата и дека ракот се проширил и на црниот дроб. Лекарите му рекоа дека му се ближи крајот, но тој веќе претчувствувал дека ќе се случи такво нешто, бидејќи наеднаш почна сериозно да се чувствува немоќно“, изјавил пријателот на Свејзи, додавајќи дека неговата сопруга Лиса е во шок од неодамнешните вести.
„Лиса беше таа што го повика братот на Свејзи, бидејќи изразил желба да се збогува со него. Кога му се јавила, целата била во солзи, па братот Дони помислил дека тој веќе починал“, додал пријателот.
|