Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

Славни и богати за „Форбс“

Музичката двојка Бијонсе (27) и Џеј Зи (38) минатата година заработиле вртоглави 162 милиона долари и така се најдоа на првото место

Рамноправност на партнерите, еманципација на половите... и уште неколку општествено-политички коректни премиси, кои ги спроведуваат освестените активисти на глобален план, преведени на јазикот на шоу-бизнисот добиваат поедноставен призвук. Едноставно - убаво е да се биде богат, а уште поубаво ако и вашата подобра (или полоша – зависи како гледате на тоа) половина исто така добро заработува. Тоа мошне добро го знаат славните кои се најдоа на листата на „Форбс“ на десет најбогати двојки на шоу-бизнисот, односно парови кои заработиле најмногу во 2008 година. Музичката двојка Бијонсе (27) и Џеј Зи (38) минатата година заработиле вртоглави 162 милиона долари и така се најдоа на првото место на оваа престижна скала.

Речиси половина помалку, но доволно за второто место, заработиле Вил Смит и Џеда Пинкет Смит, кои 2008 година ќе ја паметат по убавите 85 милиони долари на сметките. На третото место, со 58 милиони долари, се постави двојката што инсистира на својот гламур Дејвид и Викторија Бекам. Зад нив, со 35 милиони заеднички долари се пласираа Тим Мекгроу и Фејт Хил. Ултимативно најприсутната двојка низ медиумите годинава Бред Пит и Анџелина Џоли се најде дури на петтото место според заедничката заработувачка од 34 милиони долари. Веројатно тоа е поради „породилното отсуство“ на Анџелина. Втората петорка на листата започнува со Џад Апатоу и Лесли Ман со 30 милиони долари. Гавин Росдејл и Гвен Стефани се најдоа на седмото место со заработени 28 милиони долари. Кит Урбан и Никол Кидман заработија 25 милиони долари, доволно да се најдат на осмото место. Тони Паркер и неговата „очајна домаќинка“ Ева Лонгорија се на претпоследното место од првата десетка со 22,5 милиони долари. Меѓу младите сили на Холивуд, образот на ветераните го обели Харисон Форд, кој заедно со својата поубава половина Калиста Флокхарт заработи 22 милиона долари, пласирајќи се на десеттото место на листата на „Форбс“.


Статијата е прочитана 448 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Хотелот „Атлантис“ прво чудо од Палма на Дубаи
Португалија
Големите гради не се болест
Студентски новогодишен календар
„Џамбоџет“ во воздух, „бентли“ на земја
Луксузни часовници по мерка на „бентли“
Финална вечер за најдобрите, па Позитивна вечер
Опседнат со своето име
Збунувачка вљубеност во Сара Пејлин
Влошена состојбата на актерот