Крис Мартин
Збунувачка вљубеност во Сара Пејлин
Мартин изјавил дека многу го привлекувала Пејлин и дека сериозно бил заинтересиран за неа
Токму откако започнале приказните за кризата во бракот на актерката Гвинет Палтроу и фронтменот на групата „Колдплеј“ Крис Мартин, нејзиниот сопруг изјавил дека бил фасциниран од друга жена. Станува збор за кандидатката за заменик-претседател на САД, републиканката Сара Пејлин.
Имено, Мартин изјавил дека многу го привлекувала Пејлин и дека сериозно бил заинтересиран за неа.
Британскиот музичар, кој инаку го поддржувал Обама за време на изборите, бил особено збунет за време на прогласувањето на победникот, бидејќи потајно ја посакувал Сара Пејлин, која се посочува како главен виновник за загубата на изборите на републиканскиот кандидат.
„Ситуацијата со Пејлин ми го помати умот. Тоа е морална дилема, некој ти се допаѓа, а не се согласуваш со тоа што го зборува. Посакувам да ја бакнам и да побегнам. Така не сум се чувствувал уште од средно училиште“, искоментирал Крис Мартин за таблоидот „Сан“. |