Таксират
Финална вечер за најдобрите, па Позитивна вечер
Позитивниот концерт има цел да го го одбележи светскиот ден за борба против сидата
Вечерва, на 29 ноември, во 19 часот во „Метрополис арена“ во Скопје ќе се одржи последната вечер од десеттиот јубилеен фестивал „Таксират“. По деветте дена на оф-програмата, фестивалот ќе се заокружи со спектакуларен концерт на главната ноќ, на која ќе настапат „Бернис пропаганда“, „Невил стејпл“, „Марки Рамон“, „Суперхикс“, „Д’рутс“, „Аудио булис“ и „Свејзак“.
Цената на билетите во претпродажба е 400 денари, додека на влезот на саемот е 500 денари.
Сепак, последната активност и настан со кој ќе се одбележи крајот на годинешниот „Таксират“ е Позитивниот концерт, кој ќе се одржи на 1 декември во клубот „Хавана“.
Позитивниот концерт има цел да го го одбележи светскиот ден за борба против сидата под слоганот „Сподели љубов, сподели знаење“. Покрај ноќната програма на која ќе настапат Дани Димитровска, ДНО, „Дејви ‘Д Боуви+паднатите од Марс“ („Фолтин“), „Мастрафизам саунд систем“, Светскиот ден на сидата ќе биде одбележан и со дневни активности на плоштадот „Македонија“ помеѓу 14 и 18 часот. Целата програма е бесплатна.
|