Стил
Студентски новогодишен календар
Идните млади лекари се соблекле, позирале и испечатиле календар во 1.500 примероци
Уште не дошол ни Божик, а шпанските студенти веќе размислуваат за велигденските празници. Студентките и студентите на Медицинскиот факултет „Вал д Хеброн“ во Барселона се досетиле како да си го платат патувањето на Карибите за Велигден и да го одбележат крајот на школувањето. Идните млади лекари се соблекле, позирале и испечатиле календар во 1.500 примероци што ќе го продаваат по цена од 8 евра. Идните лекари се фотографирале во различни болници откако факултетот им забранил да се фотографираат во нивните простории. Фотографирањето траело 11 часа, а заработката ќе ја потрошат уживајќи...
Дали овој календар ќе се најде во лекарските ординации низ Шпанија и како ќе реагираат пациентите... и уште милион прашања што отвора оваа студентска „акција“, не треба да бидат тема за размислување за нас и засега. Едноставно, олабавете се, насмејте се, чудете се... и не грижете се - ќе го нема во нашите аптеки, ниту со сини картончиња!
|