Каменување или бесилка за прељубничка
Иран во четвртокот негираше дека Сакине Мохамади Аштијани, обвинета за прељуба и за соучесништво во убиството на сопругот, е пред егзекутирање. Пресудата да биде каменувана до смрт беше суспендирана во почетокот од годинава, откако истакнати политички и религиозни личности го оценија тоа како варварство.
Групата за човекови права со седиште во Германија, Меѓународен комитет против каменување, во вторникот соопшти дека таа ќе биде обесена во среда наместо да биде каменувања. Според исламскиот закон, кој е во сила во Иран од револуцијата во 1979 година, за убиство може да се изрече казна бесење, додека прељубата може да се казни со каменување. |