Во Норвешка најдобро се живее
Обединетите нации во четвртокот ја посочија богатата со нафта Норвешка како земја во која најдобро се живее. Со животен век од 81 година и просечен годишен приход од 58.810 долари, Норвешка го надмина индексот за хуман развој (ХДИ) за сите години, освен за две од 2001 година. Таа не е лидер во ниту една индивидуална категорија, просечен приход во Лихтенштајн е 81.011 долари, а животниот век во Јапонија изнесува 83,6 години, но севкупните перформанси на Норвешка и' дадоа супериорност во рангирањето. Зимбабве е на последно место меѓу 169 држави што се рангирани, зад Мозамбик, Бурунди, Нигер и Демократска Република Конго. |