Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Ќе го пречекаат папата со геј-бакнување

Во Бареселона ќе се протестира поради антигеј-ставот на Католичката црква

БРИСЕЛ - Хомосексуалната и лезбиска заедница во Барселона се подготвува за двеминутно бакнување пред папата Бенедикт Шеснаесетти за да го изрази своето „незадоволство“ поради антигеј-ставот на Католичката црква. Настанот ќе се случи в недела изутрина на 7 ноември пред Готската катедрала во градот. „Папата доаѓа во Барселона и неговата светост е лидер на институција што традиционално е непријател на сексуалните права за оние што практикуваат нерепродуктивен секс и оние што не сакаат на начин одобрен од црквата. Поради тоа, се одлучивме да излеземе на протест за да го искажеме нашето незадоволство“, се наведува во соопштението на организаторите.

Организаторите ги покануваат учесниците да донесат лица од ист пол и да почнат да се бакнуваат цели две минути веднаш штом поглаварот на Католичката црква влезе во папскиот автомобил и ќе ја почне процесијата до Сеграда фамилија, црква која е проект на архитектот Гауди.

„Без плакати, без знамиња, без скандирања и без слогани. Само бакнување е дозволено“, се наведува на „Фејсбук“ страницата на организаторите. Откако протестот со бакнување ќе заврши, учесниците ќе заминат „како ништо да не се случило“.

Онлајн страницата е повторно во функција откако привремено беше затворена од шпанскиот провајдер на „Фејсбук“ кој го сметаше терминот „педер“ за навреда. „Бидејќи терминот беше користен во авто-реферцијален начин - единствен пример во кој ние дозволуваме навреди против заштитени заедници - „Фејсбук“ денес повторно ги врати и настанот и страницата во етерот“, изјави портпаролката на социјалната мрежа за британскиот весник „Гардијан“.

Порано упориште на католицизмот и дом на инквизацијата, Шпанија сега е една од најлибералните земји во светот, со легализирање на хомосексуалните бракови и посвојувања на деца од истополни двојки. Секуларниот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро неколкупати се судри со Црквата околу прашања како абортусот и разводот. Токму овој вид на секуларизам е она со кое германскиот папа ќе се обиде да се справи за време на неговата дводневна посета на Шпанија, изјавија официјални претставници на Ватикан.

Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, изјави дека папата ќе зборува за Европа во говорот планиран за в сабота во Сантијаго де Компостела во североисточниот дел на Шпанија, третото најголемо свето место за Католиците по Ерусалим и Рим. Папата ќе предупреди на „релативизмот и идејата наследена од Француската револуција дека со цел да се биде целосно човечен треба да се биде ослободен од религиозната традиција“, вели Целсо Морга, потсекретар за конгрегација на свештенството кој беше цитиран од АФП. Запатеро, исто така, накратко ќе се сретне со поглаварот на аеродромот пред неговото заминување в недела.

Во меѓувреме активистите за правата на хомосексуалците во Италија беа изненадени од неодамнешниот потсмев од италијанскиот премиер Силвио Берлускони кој во одбрана од последниот скандал за сексуален однос со малолетничка, рече: „Подобро е да се биде страстен со прекрасни девојки отколку да се биде хомосексуалец“. Италијанскиот активист за човекови права, Паоло Патане, рече: „Тоа е толку застарен, навредлив мачоизам што е вулгарен и неоправдан“. Според Карима Кејек, Мароканката која имаше само 17 години во времето кога Берлускони ја поканил на забавата за Денот на заљубените на почетокот од оваа година, премиерот покажал сопствена мермерна статуетка прикажан како супермен и организирал т.н. „бунга бунга“ секс забава по вечерата. Кејек негираше дека имала сексуален однос со него, но наведе дека добила коверт со пари и дијамантско синџирче од 74-годишниот италијански политичар. (ЕУ обсевер)


#
Статијата е прочитана 572 пат��.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Професионални плукачи на Интернет
Буш одобрувал измачување затвореници
Пекинг против Нобеловата награда за мир
Авионска несреќа во Куба - 68 загинати
Основачот на „Викиликс“ бара политички азил
Португалија не признава дека е во криза
Двојникот го чека Обама во Индонезија
Би-Би-Си во штрајк
Кинеско-француски дил тежок милијарди
Село во Кападокија умира од рак
Разрешена мистеријата за гробот на Чаушеску
Хилари
Нова Помпеја во Индонезија
При напад во џамија во Пешавар загинаа 50 лица
Каменување или бесилка за прељубничка
Во Норвешка најдобро се живее






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status