Село во Кападокија умира од рак
Пештерите, камените куќи и фантастичните карпести формации во Кападокија, Турција, привлекуваат туристи од цел свет. Меѓутоа, сместено меѓу природните чуда, се наоѓа село каде што се верува дека земјата носи повеќе смрт отколку благодати. Речиси половина од смртните случаи во ова сиромашно село, како и уште во две други што се во неспоредна близина, се од редок вид канцер познат како месотелиома, што може да е предизвикан од минерал што се наоѓа во изобилие во таа област. Локалните власти се вознемирени и се презема преселување на сите жители. „Планот е да се урне старото село, да се затрупа на 1,5 метар длабочина и да се насади нешто врз него“, изјави градоначалникот Умит Балак.
|