Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Пекинг против Нобеловата награда за мир

Копенхаген - Кина им се закани со последици на земјите што во декември годинава во Осло ќе испратат свои претставници на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда за мир на годинашниот добитник Лиу Сијаобо.

Според данскиот дневен весник „Политикен“, Кина испратила писма до европските амбасади во Осло и ги повикала да се држат настрана од Нобеловата церемонија.

Секоја европска влада што ќе испрати свои претставници на церемонијата ќе се соочи со последици, рече во петокот на прес-конференција во Пекинг Цуи Танкаи, заменик-министер за надворешни работи на Кина.

„Оваа Нобелова награда е политизирана. Изборот за европските земји и за другите е едноставен. Дали сакаат да учествуваат во политичка игра за предизвикување на кинескиот правен систем или, пак, посакуваат развивање пријателски односи со владата и народот на Кина, на еден одговорен начин“, рече Цуи Танкаи.

Лиу Сијаобо се наоѓа на издржување на 11-годишната затворска казна поради својата опозициска активност.

Кина соопшти дека секоја форма на симпатија за него, изразена од страна на меѓународната заедница, ќе биде третирана како напад на правниот систем на Кина. (МИА)


#
Статијата е прочитана 495 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 06.11.2010 19:43:33
Neznam dali ovoj Kinez ja zasluzil i so sto ovaa nagrada za mir...megutoa nacelno poslednite godini ovaa nagrada ja dobivaat luge koi ne ja zasluzuvaat nitu za mir vo svojata kuka...
Од: devicanecot
Датум: 06.11.2010 19:49:47
Навистина, ако се проанализира кој добува Нобелова награда за мир..барак Обама...па навистина мирот ја губи целата своја вредност.

Најди! во Утрински
Свет
Професионални плукачи на Интернет
Буш одобрувал измачување затвореници
Авионска несреќа во Куба - 68 загинати
Основачот на „Викиликс“ бара политички азил
Португалија не признава дека е во криза
Двојникот го чека Обама во Индонезија
Би-Би-Си во штрајк
Кинеско-француски дил тежок милијарди
Село во Кападокија умира од рак
Ќе го пречекаат папата со геј-бакнување
Разрешена мистеријата за гробот на Чаушеску
Хилари
Нова Помпеја во Индонезија
При напад во џамија во Пешавар загинаа 50 лица
Каменување или бесилка за прељубничка
Во Норвешка најдобро се живее






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status