Разрешена мистеријата за гробот на Чаушеску
Експертите на романскиот Национален институт за судска медицина потврдија дека ексхумираните посмртни останки ова лето, кои повеќе од 20 години почиваа на букурешките градски гробишта „Генча“, и' припаѓаат на диктаторската брачна двојка Николај и Елена Чаушеску.
Ексхумација и утврдување на идентитетот на посмртните останки побараа постариот син на Чаушеску, Валентин, и зетот Мирча Опреану, сопруг на покојната ќерка Зоја. Во едно интервју дадено непосредно пред смртта, Зоја Чаушеску се жалела дека никогаш не можела да се поклони на гробот на родителите, бидејќи не знаела над чиј гроб плаче.
Брачната двојка Чаушеску беше стрелана на Божик, на 25 декември 1989 година, во текот на бурните и крвави револуционерни настани во Романија. |