Португалија не признава дека е во криза
Португалија ги отфрли гласиштата дека би можела да има потреба од санација, во стилот на Грција, откако нејзините трошоци на зајмување се зголемија и покрај мерките за штедење што се одобрени оваа недела. Ирска, исто така, се бори со се' поголеми каматни стапки за своите обврзници и покрај намалувањето на дополнителни шест милијарди евра во владините трошоци. Португалските власти „ја отфрлаат можноста за барање надворешна помош за финансирање на својата економија“, изјави портпаролот на власта, Педро Силва Переира. |