Буш одобрувал измачување затвореници
Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш помладиот, откри во своите мемоари дека лично ја одобрил примената на озлогласената техника - симулација на давење за време на сослушувањата на затворениците во американската база „Гвантанамо“ на Куба.
Буш дал согласност техниката да се примени врз Калид Шеик Мухамед, осомничен дека го организирал терористичкиот напад во Њујорк, на 11 септември. Буш во книгата нагласува дека повторно би донел иста одлука доколку треба да спаси човечки животи. |