Хилари: Војниците на Нов Зеланд да останат во Авганистан
Американската државна секретарка Хилари Родам Клинтон вчера изјави дека се надева оти Нов Зеланд ќе ја продолжи мисијата на своите специјални сили во Авганистан. Клинтон ја пофали работата на 40-те припадници на елитните борбени единици на специјалните воздухопловни сили на Авганистан и наведе дека би сакала тие да останат и по крајот на сегашниот мандат. |