Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Професионални плукачи на Интернет

Во Бугарија може добро да се заработува со говорот на омраза преку Интернет

Сениште се шири по Југоисточна Европа, сеништето на професионалните плукачи преку Интернет! Тоа секојдневно ги посетува разните Интернет- форуми, групи и онлајн-магазини и таму остава траги на опустошување по угледот на политичарите и други јавни личности. Неговите активности се засилуваат, секако, за време на предизборните кампањи во земјите од регионот. Притоа професионалните плукачи седат којзнае каде, можеби дома, комотно пред персоналниот компјутер, можеби во пижами со шолја утринско кафе и ќесичка чипс.

Еден од нив е Влад Урсулеан, кој за време на предизборната трка за претседателските избори во 2009 година ги напаѓаше на Интернет- страниците двајцата главни фаворита за иден претседател, секако, по налог на третиот кандидат. Она што тогаш не беше познато е дека Влад Урсулеан живее во Букурешт и оти е професионален новинар. „Секој ден на е-пошта добивав список од 30 до 40 линкови за статии на Интернет, или за разни форуми и блогови, на кои требаше да испратам соодветни пораки. На пример, дека актуелниот претседател на државата, Трајан Басеску, е виновен за сите проблеми со кои е соочена земјата или дека неговиот најголема соперничка, Мирчеа Ѓоана, направила разни криминални дела. Тоа беа директни напади врз личноста на кандидатите“.

Влад Урсулеан дошол до оваа вносна професија така што преку повеќе фиктивни адреси на „Фејсбук“ се пријавил како учесник во групите на Либералната партија и набрзо бил ангажиран како соработник за изборната кампања. Според неговите сознанија, ваквата практика е многу раширена во Романија и ја применуваат речиси сите поважни партии. Пред околу една година сенатор на Социјалдемократската партија на Романија во јавно интервју дури призна дека неговата партија плаќа луѓе за клеветење на политичките противници. Притоа не покажа ни малку грижа на совест. Единственото по што жалеше е дека неговата партија платила помал број вакви професионалци од другите политички партии во земјата.

И во соседна Бугарија може добро да се заработува со говорот на омраза преку Интернет. Социологот Харалан Александров од Софија објаснува: „Можеме да сметаме дека дел од пораките на Интернет потекнуваат од членови на партиите, односно дека тие стојат зад нив како нарачатели. На Интернет-форумите ваквите учесници во дебатата често се означуваат како платеници. Во меѓувреме, и тој израз стана дел од политичката пресметка и служи за дезавуирање на оние што имаат поинакво мислење во Интернет-дебатите. Можам да кажам дека бугарските форуми се многу нецивилизирани во тој поглед“.

Во таквиот „нецивилизиран виртуелен свет“ во Југоисточна Европа не учествуваат само партиските платеници, туку има и учесници што сеат омраза од убедување. Така, на пример, во бугарските форуми често можат да се најдат паушални обвинувања против Ромите дека тие го пљачкосуваат бугарското население, додава Харалан Александров. Токму во кризни времиња, како што е ова, на Интернет поинтензивно се шират расистички пароли.

И косовскиот новинар Ибрахим Маколи тврди дека Интернетот е погодно место за ширење омраза врз етничка основа: „Меѓу корисниците на Интернет се води вистинска војна што може да се забележи не само на Косово, туку и во другите балкански земји. Во изјавите има голема нетолерантност меѓу етничките групи во регионот“.

Ибрахим Маколи, меѓутоа, не верува дека ваквите изјави на омраза можат да имаат опасно влијание врз јавниот живот, туку ги смета за поединечни феномени со ограничено влијание.

Како поединечен феномен би можело да се категоризира и групата на „Фејсбук“ против Ирена Цветковиќ, која во Македонија јавно се залага за правата на истополови парови. Но, тоа не ја намалува болноста на изјавите полни со омраза, со кои таа е соочена. Ирена Цветковиќ не се предава: „Не дозволувам тоа да ме исплаши или да ме навреди. За мене е само алармантно тоа што толкав голем број луѓе мисли оти борбата за човекови права претставува предавство на татковината!“

За разлика од неа, една млада парламентарка од Романија се обиде да го спречи говорот на омраза на Интернет. Откако беше преплавена со ниски и подмолни навреди, таа поднесе предлог-закон во парламентот, според кој, рубриките за коментари на романските Интернет-магазини и весници би требало централно да се набљудуваат и регулираат.

Кристијан Пантаци, главен уредник на романски Интернет-портал, ваквата иницијатива ја смета за погрешна: „Со тоа би се отворила Пандорината кутија. Штом ќе се појави првата препрека за слободно изразување на мислењето на Интернет, ќе се отвори патот и за натамошни ограничувања“.

Со тоа, според него, би се загрозила слободата на изразување. Наместо државно регулирање, неопходно е саморегулирање на самите Интернет- портали и весници, смета Лијана Ганеа од Агенцијата за набљудување на медиумите „Актив воч“: „Сметаме дека саморегулирањето треба да го преземат издавачите и сопствениците на Интернет-страниците, а не парламентарците или организациите за заштита на малолетници. Секој од издавачите мора да донесе одлука за тоа на кој начин ќе го води дијалогот на форумот и со тоа да ја преземе одговорноста за објавените прилози“. (Дојче веле)

 


#
Статијата е прочитана 860 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 06.11.2010 14:21:08
И кај нас многу добро функционира плукањето преку интернет.Можеби не се високи функционери,но тоа се платеници кои земат плата како административни работници.Има дел кои пишуват по нарачана критика а и самите не разбрале што напишале и за што се однесува.А другите самите кои сакат да си кажат сопствените болки, се следени од специјални служби.Иако се кажува дека кај нас следењето (прислушувањето) е по судски налог.Кај нас прислушуван е секој.Со извинување слободно неможеш и да си прднеш.Дали има логика.Сигурно нема овој кој ке прдне го истеруват на чист воздух а другите ја трпат смрдеата.Затоа македонскиот народ ,било по кој начин се снаоѓа да избега од овој резерват.
Од: cutatel
Датум: 07.11.2010 12:05:45
OVaa pojava nee nitu nova nitu nepoznata. Vijanieo na "profesionalnite" web komentatori ili da gi nareceme mentalni gnjavatori vrz javnosta e diskutabilno a lesno se prepoznatlivi. NEiventivni se, siromasni so recnikot, pisuvanjeto im e katastrofalno a mislite neubedlivi. E otkrivaat uste od prvite nekolku recenici. Ako pogledame niz nasite web izdanija, gi ima nekolku locorani vo Bugarija, koi go izmacuvaat makedonskiot, potoa gi ima nekolku vo grcija. Imaat grcite plaeteno i po nekoj intelektualec od Makedonija, medjutoa komentarite im se poveke tehnicki odosto sustinski . OD niv se voznemireni samo neupatenite koi retko gi otvaraat ON-line izdanijata. DOsta vlijatelni e edna neformalna grupa na citateli na koi od razni pricini im e "tesno" vo makedonija. ne mozat da ja prifatat realnosta deka mnozinstvoto Makednoci imat predstava za sebe i za svoite potrebi i ideji. Ti se krijat za t.n Evropska Opcija, i vo nea gledaat sansa za ponistuvanje na bilo kakva Makedonska avtenticnost

Најди! во Утрински
Свет
Буш одобрувал измачување затвореници
Пекинг против Нобеловата награда за мир
Авионска несреќа во Куба - 68 загинати
Основачот на „Викиликс“ бара политички азил
Португалија не признава дека е во криза
Двојникот го чека Обама во Индонезија
Би-Би-Си во штрајк
Кинеско-француски дил тежок милијарди
Село во Кападокија умира од рак
Ќе го пречекаат папата со геј-бакнување
Разрешена мистеријата за гробот на Чаушеску
Хилари
Нова Помпеја во Индонезија
При напад во џамија во Пешавар загинаа 50 лица
Каменување или бесилка за прељубничка
Во Норвешка најдобро се живее






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status