Јолевски побарал на следната средба со Нимиц во неговиот тим да бидат Димитров и Протоѓер
Димитар Чулев
Нов македонски преговарач во спорот со името е Зоран Јолевски, актуелен амбасадор на Република Македонија во Вашингтон. Амбасадорот Јолевски пред заминувањето во САД извршувал повеќе значајни политички функции, меѓу кои и прв човек на Кабинетот на претседателот Борис Трајковски, македонски претставник во повеќе меѓународни мисии и институции. Наедно, Јолевски е професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Европскиот универзитет по економски науки и бизнис.
Медијаторот Метју Нимиц за новиот преговарач ќе биде информиран денеска. На следната рунда преговори се очекува македонскиот тим да биде составен од тројцата преговарачи.
Изборот на амбасадорот Јолевски беше речиси извесен, откако од владини кругови, во средината на ноември беше лиферувана неофицијална информација дека преговарачкиот процес со Грција продолжува, а на списокот, за можен иден претставник на разговорите со Грција биле три имиња: амбасадорот Благој Ханџиски, кој е шеф на Канцеларијата за врски во Атина, професорот на Правниот факултет, Ѓорѓи Иванов, и амбасадорот во Вашингтон, Зоран Јолевски.
Изборот на новиот преговарач со грчката страна во преговорите во Њујорк што се водат со посредство со Метју Нимиц го направи Владата, која предлогот го испраќа до претседателот Бранко Црвенковски, кој треба да го именува амбасадорот Јолевски на новата дополнителна функција. Претседателот, кој во саботата телефонски бил известен од премиерот Никола Груевски за изборот, се согласил Јолевски да биде нов преговарач за името.
Претходна согласност имало и од амбасадорот, кој, како што се дознава, побарал во неговиот тим што ќе ја претставува Македонија на разговорите за разликите околу името да останат досегашниот преговарач, амбасадорот Никола Димитров, и шефот на Кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер.
Токму Протоѓер, кој пролетоска се вклучи во „преговарачкиот тим“ и го следеше Димитров на четири средби со Метју Нимиц, беше наведен како причина за разрешување на Никола Димитров. Шефот на државата на 3 ноември, на собраниска седница закажана со цел да се изгради стратегија за преговорите со Грција, обвини за несериозност затоа што официјалниот преговарач е „надгледуван“ од шефот на Кабинетот на премиерот. Црвенковски оцени дека тоа говори „за недоверба на Владата во преговарачот“. Во образложувањата на овој изненадувачки потег, од Кабинетот на претседателот изјавија дека дуализмот на преговорите по вклучувањето на Мартин Протоѓер и' нанесува штета на Македонија.
aj ako znae nekoj neka navede eden uspeh na nviov pregovarac, oven toa toa sto aerodromot petrovec go krstil aleksandar makedonski od koga vsusnost pocnuva i grckata histerija isprovocirana. inache mislam deka ovoj go bara dimitrov zasto e svesen za svojata nesposobnost a protoger go bara radi odrzuvanje na poltronskiot odnos so vmro ne deka mu treba nesto. jas sum cul dve nepovrzani izjavi dosea od ova lice i tie vo stilot sakam kazam ne znam recam. posledno sto go pamtam e po nasmeanite sliki koga go pratese gruevski so bedz fyrom , kako li ne mu zasmeta bedzot ne mi e jasno. a za karakterot, dovolno e da gi prasate bliskite na pokojniot trajkovski , so koj ovoj se skara iako boris bese najdobrodusniot politicar vo rm; isto taka e eden od akcionerite na beton itn, samo uspesi ne znaeme koi mu se
Од: Lupco,Bitola
Датум: 01.12.2008 00:23:18
Ништо не правиме таман цела фудбалска репрезентација да оди на преговори,зголемени трошоци,слаба преговарачка позиција и капацитет.*Два лоша убише Милоша*,велат браќата Црби.
Од: Asolen tim
Датум: 01.12.2008 00:53:11
Stom nasiot tim za pregovori pocna da se namnozuva , od eden na dvajca a sega i na trojca , jas predlaga,m da se prosiri uste za eden clen , pa daovaj tim dobie cetvrt clen za igranje na han vo slododnoto vreme,da ne se dosaduvaat. A dobro bi bilo da vo timot vleze i amdi Bajram , zaradi zabava i stimunga ne e loso i Vlatko Djorcev , za odzuvanje na visoko nivo na nacionalniot patriotizam vo pregovarackiot tim, a ne e loso da vleze i baba Dujmicka da im se najde na decata za gotvenje na caj ,supa , tavce gravcei sl. .. Bogami koga ce vidat Grcite so kolkav tim nastapuvame , mozat i da se isplasat i da ja svitkat opaskata,i uspehot vo pregovorite e na povidok
Од: Chris-London
Датум: 01.12.2008 01:25:31
Izborot na Jolevski za glaven pregovarac e dokaz deka Gruevski vo redovite na svojata partija nema nikakov potencijal nitu iskusni intelektualci pa se odluci da izbere covek od poltronskiot esalon,so koj gi popolnuva kljucniteambasadorski i pretstav-
nicki mesta vo razni evropski i svetski institucii,so
sto rejtingot na R.Makedonija od den na den opagja.Sramota.Pa zgora na se da se priklucat i
Dimitrov i diletantot Protogerov,cie blgarsko poteklo
samo ja dopolnuva slikata za koe i kakvo VMRO
stanuva zbor.Gospod da i e napomos na Makedonija.
pretsavnicki
Од: ljupco,bitola
Датум: 01.12.2008 02:43:08
И по 17 години независна Р.Македонија некои луѓе не можат да сватат дека се слободни граѓани,а не газолижачи и полтрони на нашите``браќа`` од север.Па се лутат кога ги нарекувам Тифусари.
Од: Skopje
Датум: 01.12.2008 07:30:33
Bog da cuva!!!! Bas sme za smea niz svetov. Epa narode prviot poteg na Jolevski e katastrofalen a za ponataka samo po sebe KAZUVA SVE. Samata pojava so trojca pregovaraci e totalna mizerija. So toa odnapred dokazuvame deka sme duduci, nepismeni i nesposobni. Neznam kako ne im e SRAM site trojca da se pojavat tamu. E, navistina ovaa Vlada go unisti dostoinstvoto i na Drzavata i na Makedonskiot narod. Puuuu... ziva BRUKA SME
Од: makedonce
Датум: 01.12.2008 08:11:29
mene da me odberea za pregovaravc , da im kazev na grcite i site drugi deka makedonija nema da menuva ime po nikoja cena ....kratko i jasno a sekoj prodolzetok na pregovori e samo na steta na makedonija se so cel da se smeni imeto a ne da se naJDI NEKOE RESENIE....SRAM GOLEM ,BEDA NA POLITICARITE STO PREGOVARAAT ZA IMETO SVOE
Од: Robert
Датум: 01.12.2008 08:21:51
Frckoski za pregovarac!!!On e "mozok"na ovaa tema!!!LOL
Од: petar
Датум: 01.12.2008 08:32:28
zar ima nekoj vo ovaa drzava da kaze nesto vo interes na drzavata site do sega precutno prifakaat se; zar ne se gleda deka albancite na celo so polupismen se vo koalicija so grcite na vlasta toa ne i smeta deka eden polupismen zede oruzje i sega see strav i da bide tragedijata pogolema javno kaza deka MAKEDONIJA vo dogledno ke se preimenuva vo "dardanija".
Sto da mislime osven da gi povikame povtorno branitelite pa zaedno da zamineme vo svetot kade se pocituvaat vakvite podvizi a na vlasta ke i bide ubavo i vo "dardanija".
Од: zabegan
Датум: 01.12.2008 08:41:08
kakva sramota joleski baral dimitrov i protuger da bile vo timot za pregovori.mesto eden sega trojca ako joleski ne bil sposoben sam sto prifaka no toa e samo maslo na GRUJA do koga be go osakativte narodot go stavivte vo kafez ko kastro na kuba.
Од: Atanasija
Датум: 01.12.2008 09:11:46
Kога Владата излезе со предлог за тројца мозни кандидати за преговораши,знаев дека само ни дофрла тема замуабетење,зашто Ханџиски нема да биде прифатливвв бидејќи не е од таборот на Груевски,а на груевски тука му треба Иванов да му ги преви анкетите пред изборите.
Јас уште мислам дека преговарачот оди кај Нимиц со инструкции од домашната власт која,пред секој состанок со него ,гради позиција а преговарачот само ја пренесува.
Така беше досега.
Зошто се сега тројца?Па да не се казе дека непогрешивиот Груевски направил грешка.Тој знае-така вели рекламата,ако е Димитров може и Протуѓер,а ако ова беше смешка-еве ви да видите-уште еден преговорувач,и ќе прави тим додека сите не се умориме.А не знае дека веќе сите сме уморни од овие недомислености.
Зосто сега тројца?Па
Од: donco
Датум: 01.12.2008 10:56:04
Gn Gruevski dobro teras.Ako padnes protivnicite ke
smenat odmah imeto. Albanskite ultrasovinisti ke
treba da zaminat za Albanija.Da ostanat samo
miroljubivi Albanci. Pri Tito togas se iseluvaa Turcite
a Albancite bea galeni za sega da ni barat teritorija.
Од: ДимоАго
Датум: 01.12.2008 11:01:27
Дали владата не ја научи лекцијата што им ја одржа претстедателот Црвенковски кога го разреши Димитров за да се избегне дуализмот во нашиот преговарачки тим.Јолевски е солидно решение меѓутоа ни на крај памет не смее да им падне да се појавуваат сите тројца на средбите со Нимиц.Доколку пак се случи тоа,тогаш оваа влада ќе ја прогласам за најАНТИмакедонска влада до сега а светот на чело со Грција слободно нека не се смее во лице бидејќи друго и не заслужуваме.
Од: ramadan
Датум: 01.12.2008 11:33:38
Predlogot e super.Ima potomci od trite dela na Makedonija.Jolevski od Porecijata (RM),Dimitrov od( E.M.) ,Protudjer od (Bug).Jolevski ce gi ceka na aerodrom vo Njujork.Ovie dvajca postari ce mu ja dadat postata od Grujo.Vo razgovorite so Nimic,Jolevski ce se smeska,Dimitrov ce vadi notez od torbata,a Protudjer ce sedi malku nastrana za da snima so spionkata.E moja mila i draga makedonijo do koe li deredje stasa.Komunistite Te napravija drzava,ovie denesnive vo ime na narodot ce te rasturrat.
Од: jota
Датум: 01.12.2008 12:28:42
Ova farsa samo da se opstane na vlast igrata ista 18god ova nema smisol a narod trpi i gleda da bega i ova bila narodna vlast???da bese narodna ce gi trgnese statuite pred vlada grcki i nemase da bara tudjo i da ja provocira grcija i ce vlezevme vo eu i ce imase leb za site.