Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Сенка врз ѕвездените моменти на Владата

Власта влегува во предизборие со изменет амбиент и бран незадоволства, а изгледаше дека се' е под контрола

Соња Крамарска

Владата неочекувано се најде пред два големи предизвика во пресрет на претседателските и на локалните избори што ќе се одржат во март идната година. Тоа се штрајкот на просветарите и штрајкот на дел од фармерите, како и растечката економска криза, што се' заедно може да го усложни предизборниот амбиент кој досега беше во стопроцентна корист на владејачката десница.

Загриженоста се виде и завчера на лицето на премиерот Никола Груевски, кој веднаш по враќањето од посетата на Норвешка ја свика Владата и донесе вонредни економски мерки тешки 330 милиони евра за справување со финансиската криза. Оваа криза, според оцените на Владата, дошла со задоцнување во нашата земја, но тоа ниту најмалку нема да ги намали негативните ефекти ако мерките не ги дадат очекуваните резултати.

Штрајкот, пак, на просветните работници се заканува навистина да им ги загорчи деновите на премиерот и на Владата. Просветарите, барем како што изгледа од нивните настапи, немаат намера да отстапат од своите барања за зголемување на платите, а Владата, пак, е решена да не попушта на такви притисоци. Сето тоа дополнително го комплицира амбиентот во земјава и го прави далеку поразличен од атмосферата што беше присутна само пред неколку месеци.

Опозицискиот СДСМ, правејќи се' за да се врати на сцената, зазеде поактивен однос кон штрајкот и веќе отворено го поддржува. Како што рече Андреј Петров, член на Извршниот одбор на социјалдемократите, тие „ги поддржуваат барањата на просветарите за зголемување на хранарината и на превозот“. „СДСМ застанува во одбрана на правото на штрајк“, објави опозициската левица, со што првпат по подолго време ја легитимираше својата социјалдемократска ориентација во одбрана на правата на работниците.

Како потврда на затегнатиот амбиент се повеќедневните препукувања меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ околу овој штрајк, а судирот се очекува да кулминира во парламентот, бидејќи социјалдемократите поднесоа интерпелација против министерот за образование, Перо Стојановски.

Обидот на Владата преку своите медиуми да го задуши штрајкот на просветарите, како што стојат работите засега, остана безуспешен, и не само тоа, туку предизвика нови незадоволства против нејзината политика во образовниот сектор.

Истовремено, Федерацијата на фармерите поднесе барање за средба со премиерот Никола Груевски со закана дека доколку тој не прифати да се сретне и да разговара со нив, в понеделник ќе излезат на протест пред зградата на Владата.

Владата, пак, во обид да се пресмета ��о штрајкувачите во образованието, преку посебен платен оглас се обрати до јавноста, велејќи дека економската криза во светот ја зафатила и Македонија и дека најмногу се погодени металопреработувачката, текстилната, чевларската индустрија и градежништвото. Со тоа, всушност, Владата првпат призна дека економските движења во земјава се движат во лоша насока.

И министерот за економија, Фатмир Бесими, завчера изнесе загрижувачки оцени во јавноста, велејќи дека ако светската финансиска криза потрае, Македонија може да очекува влијание врз трговскиот биланс и врз инвестициите. Тоа несомнено е нов момент што може да води кон влошување на расположението и растење на стравот дека по политичките турбуленции на кои е изложена нашата земја во врска со името и евроатлантските интеграции, ќе следуваат и драматични економски падови.

Сите овие случувања ескалираа во последниве неколку денови и тоа во моменти кога десноориентираната Влада на Македонија крои планови за апсолутно заземање на власта преку освојување на претседателската функција и мнозинството градоначалнички места низ земјава на изборната трка во март. Меѓутоа, политичките и економските трендови не и' одат во прилог онака како што се очекуваше и можат сериозно да стават крај на нејзините ѕвездени моменти.

Засега се' уште нема знаци дека земјава би можел да ја зафати бран штрајкови, но според мрачното расположение што владее во одделни буџетски и бизнис-сфери, на Владата нема да и' биде лесно во наредниот период. Нашите информации велат дека Груевски им го предочил тоа на своите најблиски соработници пред извесно време, навестувајќи влошување на политичката и на економската клима во земјава.

Македонските граѓани имаат причини и за политичко незадоволство, бидејќи ветуваното укинување на визниот режим, според најновите сигнали од ЕУ, нема да се спроведе толку лесно и толку брзо. Крајот на оваа година, според проекциите и на власта, а и на Брисел, за Македонија требаше да значи добивање датум за преговори со ЕУ, финиширање на процедурата за укинување на визите и засилување на позициите за членство во НАТО. Но, не се случи ништо од тоа.

Премиерот Груевски, пак, половина од оваа седмица ја потроши на гости во Норвешка, каде што ги развиваше релациите на Македонија со оваа скандинавска држава. Во Скопје го остави својот заменик Зоран Ставрески да ги гасне пожарите, но дали вицепремиерот беше успешен во тоа или, пак, ќе дојде до нивно разгорување наскоро ќе се види. Едно е сигурно, а тоа е дека шефот на Владата не излегува во јавноста да соопштува лоши вести, туку сака да носи само добри вести кои засекогаш ќе му гарантираат место меѓу ѕвездите.

 


Статијата е прочитана 1506 пати.

Испрати коментар

Од: sonja
Датум: 01.12.2008 00:17:51
imenjachke, gi zaboravi i branitelite i nivnoto nezadovolstvo od tretmanot od strana na najpatriotite vo drzavata. tie najpatriotski so lesnotija gi izignoriraa 30te iljadi potpisi na gragani so koi se izrazi poddrshka na branitelite. pa najgolem adut neli im bese patriotizmot? dodeka ahmeti si otvara muzei za svoite "braniteli", dzemaili e nedopirliv za zakonot, vistinskite braniteli se vlecat po ulici dovedeni vo situacija da molat za dostoinstvo - ama odednas za niv, za prosvetarite ima globalna kriza, a toa veruvam ke go potvrdata patriotite na glasot na bumbarot i glasot na vmro t.e. narodot
Од: commanddevil
Датум: 01.12.2008 00:30:08
super merki...odlicen stimul i nagrada za onie koi neuspesno se odnesuvaa vo minative godini kako firmi..ova e nagradata od kvisko-a za onie koi rabotea cesno--ma ke im nakaci uste nekoj danok na vrat-ta nekoj mora da gi plati ovie 330miljoni
Од: toni Melbourne
Датум: 01.12.2008 01:09:32
Ova ne mi lici kako seriozna drzava, isto mi lici kako vremeto koga jas bev vo upravata navmro-dpmne avstralija pa eden trajce t trajkovski (burekot) izigravase eden plejboj pa vodese lubovni igri so edna snezana i na krajot burekot se karase so stevxco prespanski ina krajot nikoj nisto ne znaese sto se pravi no za zal trajce bese na psihijatar i si go resi problemot taka i ovoj problem e isti
Од: maximus
Датум: 01.12.2008 01:57:52
Ma, kakva senka.Zarem, ne gledate deka edinstven zrak na nadezd doaga od rabotenjeto na mladite ,energicni i pred se cisti lugje na VMRO DPMNE i nivnite partneri.Pa narodot toa go gleda ,im veruva i maksimalno ce gi poddrzi na izborite .Vo prasanje se novi lica i toa e cista smetka.Sto ocekuvate so Branko ,Bucko,Stojan Tito? Ajde zamislete go VMRO DPMNE so Ljubco .18 godini isti lica i mozoci.Ne,narodot vece misli poinaku i bara svezina.Opozicijata ne ja nudi i tuka e problemot.
Од: od citatelka
Датум: 01.12.2008 02:13:54
Dosta bre zlikovci, nemoze covek nesto asolno da procita vo vasiot vesnik
Од: Tomce
Датум: 01.12.2008 03:20:21
Za strajkot na prosvetarite-toj g-gjo Kramarska samo da vi napomnam deka mnogu povekje ke im gi zagorchi denovite na decata otkolku na vlasta-imajte ja vo predvid i ovaa dimenzija na problemot a ne samo tesno politickata.Zasto prosvetarite ne strajkuvaa vo Juni,Juli tuku najdoa bas sega vo poln ek na skolskata godina a posle ke baraat decata da ja kompenziraat izgubenata nastava vo Saboti.Vo statijava si terate po svoe i si pishuvate raboti od vasha politicka gledna tocka,megjutoa dajte da vidime koj se realnite gubitnici.Za zal toa se decata a vie ne ni probavte da go kazete toa.Dosta nevkusno za novinar od vas kalibar.A za Swedmilk-toa prasajte go Zore Temelkovski kakvi dubari ima napraveno tamu.Za zal za politicki igri-tuka se zrtvuvaat farmerite-a vie sekako MNOGU ste zabrale gajle za nasite farmeri!!!Ne cini rabotata,samo do koga vaka vo ovaa nasa Makedonija???
Од: Ova e pocetokot na krajot na Gruevski
Датум: 01.12.2008 05:31:12
Epa neli do vcera Grujo- volsebnikot izjavuvase deka svetskata kriza nema da udri vo Makedonija i kako sega naednas demek seto ova bilo poradi svetskata kriza??!!! Toj si gi vrti rabotite kako nego mu odgovara ama nie ne sme glupi, ete se vide LAGATA ima kratki nogi. So onie LAZNI reklami sto vezden gi vrti po site televizii i so onakvi rezirani emisii kako Tanja bumbarkata toj mislese deka ke go zaslepi narodot ama seto toa sega go udira po glava i NIKOJ veke ne mu veruva. PRAVOTO i LAZNO lice na Gruevski izleguva na megdan.
Од: Iko
Датум: 01.12.2008 08:41:52
Ne mi e jasno zosto vo tekstot se najavuva moznosta od "bran strajkovi... vo narednioit period"? Krizata gi zafati mnogu zemji, no se uste ne sme slusnale deka vo svetot nekade strajkuvale. Iakoi nema logika da se strajkuva zaradi globalna ekonomska kriza, kaj nas se e mozno, osobeno koga se znae deka dogodina se odrzuvaat izbori. Mozebi novinarkata ima nekoi soznanija za scenarija sto se podgotvuvaat vo kujnata na SDSM? Barem za toa se majstori. Sega vo svojata nemoc, nemajki sto da izgubat, se podgotveni da ja iskoristi i makata na rabotnicite samo ako mozat da grabnat del od vlasta.
Од: Toso
Датум: 01.12.2008 11:13:25
Ова е што би рекле американцитe wishful thinking на госпоѓата Крамарска и сите љубители на СДСМ и почитувачи на ликот и делото на Б.Ц кои за среќа ги има се помалку и помалку. Жал ми е ама ќе бидат страшно разочарани на денот на изборите кога ќе доживеат и поголем дебакл од онај што го доживеа на 1 јуни оваа година. А "моралната" подршка што им ја дава СДСМ на штрјкувачите е страшна хипокризија.Мислам и дека теба да имаш морал за да можеш да даваш морална поддршка.
Од: violeta
Датум: 01.12.2008 11:27:31
Strajkuvaat i ucitelite vo Portugalija i toa masovno so izleguvanje na ulica, na plostad. Zamislite vo vreme na recesija i globalna ekonomska kriza se drznale da strajkuvaat. Otvori hrvatski veb portali ama nikde nema informacija deka vladeackata politicka partija se pusti da go zadusi strajkot. Tamu direktorite ne se ni spomnuvaat, nema zagrizeni partiski vojnici koi vrsat pritisok,se javuvaat od partiski telefoni i di vpletkuvaat decata vo politicki igri. Vo Portugalija, ama i vo Grcija, kako najsvez primer mi ostana generalniot strajk od pred eden mesec, go nema VMRO DPMNE. Kaj nas za zal ima se samo nema demokratija!!!!!
Од: mkd
Датум: 01.12.2008 12:31:41
Bravo za vladata ima pari za marketing, za prosvetnite rabotnici nema,ima za karikaturi od drvca sa sadenje pari za branitelite nema,pa dajte bre vmr-ovci sto ste zapnale dajte malklu otvorete gi ocite i poglednete realno na seto ova zlo od vlast.Manipulacija so decata pravite vie,gi prakate na skolo iako znaete deka postoi ustavno pravo za strajk ili pak vmrovskite nastavnici se zadovolni od nivnite plati,sramota na kogo mu mackat oci.
Од: maja
Датум: 01.12.2008 14:10:00
Samo cekam koga ke zapocnete za strajkot vo obrazovanieto da piosuvate od aspekt na toa,sto toj znaci za ucenicite,posebno za nivnite roditeli,a na kraj i za nasata si drzavicka.Dodeka vo razvieniot svet obrazovanieto nikogas ne prekinuva,se educiraat na poveke jazicimna rzlicni fakulteti ,na razlicni kursevi vo potraga za rabotno mesto vo taa silna konkurencija,kaj nas i toa malku obrazovanie i nikakvo kakvo sto im se nudi na nsite deca po javnite ucilista,so ovie strajkovi ke go nema.Koj ke i nadoknadi na ovaa generacija ,sto namesto vo klupi vremeto go pominuva doma spiejki,po kafulinja i sl?
Од: Дарко
Датум: 01.12.2008 14:40:29
После 18 години од падот на комунизмот пак дочеавме да живееме во недемократска држава. Држава во која власта со невидена медиумска пропаганда си го одржува рејтингот, а со најнедемократски мерки се обидува да го растури штрајкот на СОНК. Власт која не ја интересира ничие туѓо мислење и премиер кој мисли дека се знае и дека не треба за своите постапки на никој да одговара.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Фудбалот е комбинација меѓу шахот и балетот
Опозицијата на избори соло, власта здружено
Невидливи ракети
Зденко
СОНК и Владата само чекор напред во приближување на ставовите
Протестен марш на Здружението на бранители „Достоинство“ во Скопје
Груевски пак ќе јава со името на избори!
Вербатим
Владата заборави на најпогодените сектори
Укинување на владините комисии - за и против
Во 2009 година македонските граѓани без визи во Европската унија?
Зоран Јолевски нов преговарач за името
Карикатура
Oсум новозаболени случаи од сида
Нови дневни ограничувања на берзата