Во 2009 година македонските граѓани без визи во ЕУ?
Европски есперти ќе го проверат напредокот на Македонија, по што реално е во 2009 да се укинат визите
Димитар Чулев
Република Македонија е задоволна од оцените на Европската комисија која во својот минатонеделен извештај констатираше дека е постигнат значителен напредок во имплементација на патоказот за визна либерализација, со што се заокружува првата етапа од овој процес.
Оцената на ЕК, коректно и објективно ги евидентира постигнувањата на Република Македонија, сметаат во Министерството за надворешни работи. Македонија доби позитивна оцена од Европската комисија во исполнувањето на условите што треба да им овозможат на граѓаните слободно патување во земјите на Унијата, а ЕК оцени дека е постигнат значителен напредок во сферата на безбедност на документите, контрола на илегалната миграција и реадмисија, јавниот ред и безбедноста...
Сега, како што оценуваат во МНР, се очекува во почетокот на 2009 година ЕК да иницира правна процедура во Советот на ЕУ за укинување на визниот режим спрема Македонија и стапување во сила на безвизниот режим во текот на идната година.
Ова би било реално продолжување по оцените дека со воведувањето на биометриските патни исправи и лични карти државава „демонстрирала јасна политичка волја за заокружување на процесот на издавање безбедни патни документи“, дека Стратегијата за интегрирано гранично управување и акционите планови за нејзина реализација се речиси целосно имплементирани, дека активностите за воспоставување ИТ систем се интензивирани, дека во изминатите години Македонија направила сериозни напори за зауздувањето на организираниот криминал, спречувањето на корупцијата, особено во полицијата, судството и царината...
Реални се очекувањата Македонија да добие безвизен режим без да чека никого во регионот, особено по најавите од ЕК дека процесот на визна либерализација ќе биде индивидуализиран. Односно, дека активностите ќе се одвиваат врз основа на постигнувањата на секоја земја. Во МНР сметаат дека сега се очекува во земјава да бидат испратени таканаречени оценски мисии, составени од службеници на ЕК и експерти од земјите-членки кои на терен треба да го верификуваат постигнатото. Мисиите се планираат за првото тромесечје од 2009, а експертите на самото место ќе ја проверуваат безбедноста на документите, менаџирањето на илегалната миграција и реадмисија, функционирањето на јавниот ред и безбедност, додека за надворешните односи и фундаменталните права се предвидува организирање состанок на експертско ниво.
Од МНР велат дека експертите на земјите-членки се добредојдени, а по завршувањето на нивните извештаи се очекува Македонија да добие позитивна препорака за укинување на визниот режим и стапување во сила на безвизниот режим во текот на 2009 година. Во рамките на идните активности во дијалогот за визна либерализација, од МНР најавуваат дека ќе биде изработен преглед на реализирани и планирани активности, кој во текот на овој месец ќе биде проследен на разгледување до Генералниот директорат за правда, слобода и безбедност на ЕК.
Mislam deka novinarive preteruvaat t.e. rabotat neprofesionalno. Sekoj den davaat razlicna informacija, vestive im se "rekla-kazala", pa nekoj ocekuva vaka, nekoj taka. Koga EK ke odluci ke ne informira! Dajte napisete nekoja statija, sto znaci sengen, sto znaci visa-free, kolku moze da se ostane vo edna zemja itn. Kako drugite zemji go resavale toa. Neli treba da se integrirame, pisuvajte poveke za Evropa. Imate eden kup materijal na internet, treba samo da se prevede! Preku glava mi e odvakvo novinarstvo! Ja zatvaram stranava i nema veke da citam.
Од: Ljupco,Bitola
Датум: 01.12.2008 00:19:23
Не им одговара на владата да се отвори визниот режим за Македонците сите ќе отидат во западна Европа во потрага по подобарц живот и демократско општество.Овде веќе е неиздржливо.
Од: MK
Датум: 01.12.2008 00:31:40
Bavos za najdobrata vlada vo istorijata na Makedonija! Napred Vmro Dpmne!
Од: od mene
Датум: 01.12.2008 07:20:52
Bravo someone, konecno nekoj da ostavi nekoj korisen komentar za ovaa nasa "novinarska" neobrazovana fela, kojasto ne znam koga ke dojde vreme da sozreat i navistina da stanat ona sto treba da bidat! Zaradi vas dragi zurnalisti ovaa zemja ima izgubeno mnogu strategii, zasto ustata ili molivot vi se pobrzi od mozokot!!! Zaradi toa zaprasajate se malku sto pisuvam jas, prezentiram li provereni podatioci!!!!! Od sekoe drvce ako se pravese svirce, togas na magareto k.... zurla ke bese, samo tolku imam da kazam
Од: Chainsaw
Датум: 01.12.2008 08:39:42
:) imash pravo "someone." Pamtam pred 3-4 dena imashe statija kade pishuvashe "nishto od viznata liberalizacija." Dobro se manpulira so chitatelot, ne deka ke ima bilo kakvi reperkusii za takvo novinarstvo, samo zaguba na doverba kaj chitatelot. Ne se site chitateli idioti. Se dodeka gi tretiraat kako takvi, ke gubat doverba na kvalitetni chitateli a so toa i pari.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 01.12.2008 08:41:50
Schengen viza NE znaci avtomatski i dozvola za rabota vo site zemji od EU. Rabota bez dozvola vo EU e kriminal, i kaznata e zatvor. Znaci, vistinskiot filter za oni koi sakaat da "izbegaat" vo EU, ne se vizite, tuku rabotnata dozvola. Osnoven preduslov za dobivanje na rabotna dozvola, e dogovor za rabota. A onie koi imaat dogovor za rabota, vekje imaat viza. Taka da,... :)
Од: kocan
Датум: 01.12.2008 08:47:12
naprotiv tokmu ovaa vlada napravi najveke vo procesot na ispolnuvanje na obvrskite zadadeni od eu za viznoto olesnuvanje.na prethodnite sdsm-ovski vladini garnituri ne im cinese da ne pustat u evropa nas makedoncite,da vidime tamu nie graganite pa da pocneme i doma kaj nas da si voveduvame i cenime nekoj povisoki vrednosti.ama na bagrava sdsmovska ne i odgovarase pa ne zatvori i ne pokrade do maksimum.samo napred VMRO narodot e so tebe NIKOLA
Од: petar
Датум: 01.12.2008 09:34:02
Izgleda i na tie luge sto se vo E.U.im stana jasno deka koga ne mozat tie da izlezat na kraj so nasive politicari{NEMOJ NEKOJ OD POLITICARITE DA POMISLI DEKA NEE SPOMNAT} kako narodot moze da izdrzi pa si velat dajmu na narodot makedonski da proseta ne se mrdnati nadvor od drzavata duri od vremeto na TITO "mozi bolno zvuci za nekogo, da vidat kako se seta kako se zarabotuva pa makar i na crno" oti vo drzavava se e legalno"CRNO".
Од: donco
Датум: 01.12.2008 11:04:07
Neka odat kako pecalbari, a ne iselenici.Moj brat po
8 godini se vrati od Avstralija, a dedomi pak po 13
godini od Amerika.Bea pecalbari. Gn Gruevski sklopi
takvi konvencii so zemjite koi ni go goltat narodot za
vremena rabota do 15 godini i potoa nasilno vrakjanje
Inaku so tie vizi i pokraj nevrabotenost i kriza na Zapad
Makedonija ke ni se obezmakedonci.
Од: Samoil
Датум: 01.12.2008 11:13:59
Mislam deka vizi za Mkd gradjani ke ima uste mnogu,a toa e zaradi toa sto nasata vlada ne saka da gi trgne,jas patuvam mnogu i znam deka site granici se poslobodni od nasite,
Vo Slovenija Makedonci moze da rabotat mnogu ednostavno samo ako mozat da stignat do Slo.Znaci otvaraat tamu bezplatno firma i avtomatski dobivaat godisna rab.VIZA Mnogu svojte deca gi skoluvaat rabotejki vo Slovenija so Bugarski pasos,i parite gi prakaat vo Mkd taka da ako gi ukinat vizite mnogu od Mkd gradjanite ke se najdat vo Slo.a sigurno od tamu nema i da se vratat,Narode izlezete od drzavata za da ja sakate poveke,i da vidite kakvi luge ne vodat i sto pravat za gradjanite svoi
Pameten covek odi kaj sto mu e poubavo,
VO SEKOJ SLUCAJ GORD SUM STO SUM MAKEDONEC
Ama decava siromasni i posteni roditeli nemaat idnina vo Mkd
Од: srebre
Датум: 01.12.2008 12:14:38
ova gledanje e na vada realno bilo za ukinuvanje na vizi a ne na evskiot sovet koj po site poseti veli nisto nee napravena vo oblasta covekovi prava,sudstvo,korupcija a i od komentarite se gleda nisto nee napraveno site fantazirat za stranstvo poradi siromastija i beda neli e toa dovolen dokaz deka covekovite prava vo mak se na dno.
Од: aleks
Датум: 01.12.2008 12:25:11
za makedonec od EU
so zboris glupostyi be, od koga e krimen da rabotis u UE. ne e tocno...samo rabotodavacot moxze da strada paricno. nemoj da zboruvas gluposti...daj malku pervin nauci...nesto....
Од: VMK
Датум: 01.12.2008 13:39:02
Браво за коментарот на Самоил..гордно да го носиш името се разбира и ако ти е ник...е па вака ако Македонецот сакаше воЕУ немаше да дозволи на г.дин Бучкоски да фингира некој процеси за да ги оцрни сдс,се разбира не сум од нивната партија,туку кажувам дека така беше...истиот договорен со некој патриоти ги оцрни,пошто Радмила и компани ја успеаа да добијат кандидатски статус за МК...тука навлегоа и доста шпиони во сдс се договорија за пари се рабира,и се дојде до оваа влада која навистина незнам дали сака или не,ама не работи за да се влезе во ЕУ..дали тоа е за олигарсите,или нивни потреби незнам....што значи и ова и со бранителите и со даскалите мислам дека се е договорено,само да има немири,се разбир тука беа и изборите,со по некој куршум и убиство...се тоа водеше да не се влезе во ЕУ...што сега сакате...па мислам дека Македонциве не сакаме ни во НАТО ни во ЕУ...тоа го знаат ЕУ,ама и тие понекој користат,и во нив има профитери...па така да остануваме КИПАР..Никозија перална ...
Од: Od Makedonec vo EU do Aleks
Датум: 01.12.2008 16:37:29
Aleks, spored tvoeto nivo na pisuvanje, pretpostavuvam deka ti e tesko da sfatis - no kako i da e, rabotenje vo EU bez rabotna dozvola e nelegalno. Ako ne veruvas, odi probaj, siguren sum deka zatvorite im se podobri od vasite :)
Од: someone 2
Датум: 01.12.2008 19:55:07
Someone....!!!!!!!!!!!
LELE Kolku se slagam so tebe.....!!!!!!!!!!!!