Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Нови дневни ограничувања на берзата

Македонската берза од денеска воведува нови дневни ограничувања во продажбата на акциите. Така, за сите хартии од вредност и за хартиите од вредност кои се тргуваат во режим на фиксинг и за хартиите од вредност кои се тргуваат во режим на континуирано тргување, од денеска до среда ќе важат дневни ценовни ограничувања (статички лимити) од +/- 10 проценти.

Од четврток, за хартиите од вредност кои се тргуваат во режим на фиксинг се воведуваат ценовни ограничувања од +/- 20 проценти, додека за хартиите од вредност кои се во режим на континуирано тргување остануваат ценовните ограничувања +/- 10 проценти.

Од четврток, исто така, ќе важи и нова мерка за сите хартии од вредност кај кои во пет едноподруги денови на тргување нема остварено тргување, со тоа што на шестиот ден на тргување ќе се тргуваат без ценовни ограничувања.

Македонската берза и натаму бележи мал промет, или вкупно 845 илјади евра. Индексот порасна за 3,3 проценти.

Најтргувани беа акциите на „Макпетрол“, „Алкалоид“ и „Витаминка“ Прилеп. Најголем раст имаа акциите на „Гранит“ и ТТК банка, за повеќе од 7,5 проценти. Со најголем пад беа акциите на „Македонија турист“, ОХИС и „Жито Вардар“ - Велес, сите со пад поголем од 4,9 проценти. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 349 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Фудбалот е комбинација меѓу шахот и балетот
Опозицијата на избори соло, власта здружено
Невидливи ракети
Зденко
СОНК и Владата само чекор напред во приближување на ставовите
Протестен марш на Здружението на бранители „Достоинство“ во Скопје
Груевски пак ќе јава со името на избори!
Вербатим
Владата заборави на најпогодените сектори
Сенка врз ѕвездените моменти на Владата
Укинување на владините комисии - за и против
Во 2009 година македонските граѓани без визи во Европската унија?
Зоран Јолевски нов преговарач за името
Карикатура
Oсум новозаболени случаи од сида