Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ИНТЕРВЈУ

Фудбалот е комбинација меѓу шахот и балетот

Еврокомесарот за проширување, Оли Рен, зборува само за фудбалот без „политика“

Кнут Прис
Августин Палокај

Дописничко биро на ВАЦ

БРИСЕЛ – Оли Рен, европскиот комесар за проширување во Брисел е добро познат како голем фудбалски фан, но всушност неговите врски со фудбалот се многу посилни. Во интервјуто за ВАЦ, во кое се зборуваше само за фудбалот „без политика“, тој го откри неговото минато и вистинските врски со фудбалот. Тој ни кажа дека бил полупрофесионален фудбалер во Финска, па дури и бил претседател на Финската национална фудбалска лига. „На шестгодишна возраст ја почнав мојата фудбалска кариера. Тогаш во Финска нашите фудбалски клубови ги носеа имињата на познати европски клубови. Така, јас почнав да играм за Манчестер јунајтед, потоа за Бенфика, Тотенхем и завршив како капитен во Реал Мадрид“, вели Рен објаснувајќи го почетокот на својата фудбалска кариера до 11-годишна возраст. Но, ние со него разговаравме и за „сериозни работи“. Разговаравме за предизвиците со кои се соочува фудбалот по предлозите од ФИФА за ограничување на бројот на странци во клубовите, што е против правилата на ЕУ, но исто така и за потребата да се задржи социјалниот аспект на фудбалот. Сега Рен настапува за неколку клубови во Брисел, вклучувајќи го и тимот на Европската комисија и неговиот клуб Финланд јунајтед. Во почетокот на интервјуто тој ни објасни дека и тој има проблеми како и повеќето мажи во рамките на семејството.

- Можеби не знаете, но Финска е позната и по тангото. Вечерва е Финска национална вечер на тангото во Брисел и мојата сопруга смета дека треба да одиме на тој настан. Но, мојот тим Финланд јунајтед вечерва игра против Шведска во Бриселската лига. Па и' реков на сопругата: „Мора да се шегуваш со мене“ и дека не можам да го пропуштам натпреварот меѓу Финска и Шведска.



Што е фудбалот за Вас - бизнис, фолклор, забава, култура или нешто друго?

- Едноставен, но точен одговор би бил дека тој е комбинација на сите елементи. Во последниве 20 години, особено од формирањето на Лигата на шампионите, тој стана повеќе разонода и бизнис. Меѓутоа, го задржа својот карактер како спорт и врска со општеството. Тој, исто така, има и елемент на култура. За мене фудбалот претставува комбинација на шах и балет. Треба да ја комбинирате интелегенцијата на шахот и формата и балансот како во балетот, и во исто време да имате тимски дух и организација. Погледнете ги Кристијално Роналдо и другите врвни голгетери и ќе забележите колку се важни овие елементи. Тоа е она што го прави фудбалот фасцинантен.



Може ли да се зачува овој спорт за во иднина как�� бејзболот, кошарката или хокејот во САД. Некој купува клуб и одлучува да го пресели каде што ќе посака, заедно со играчите и тоа е бизнис. Дали ова е во согласност со европската спортска култура?

- Овие работи ме загрижуваат. Ако ја погледнете Премиер-лигата во Англија и сопственичките односи таму, се' е перфектно легално, како според ЕУ законите така и според регулативите на Премиер- лигата, но лично сметам дека тоа е загрижувачко. За мене фудбалот има силни општествени врски. Дури и ако ја погледнете Финска, која спаѓа во пониската европска класа, статистиката покажува највисока бројка на луѓе кои го практикуваат овој спорт како хоби или професија, повеќе отколку на пример хокејот на мраз. Ист е случајот и со другите нордиски земји. Според мене, неопходно е да се задржи овој општествен карактер, но во исто време да се развие играта која е се' поинтересна и е од витално значење во светот на маркетингот. Не велам дека забавната и комерцијалната страна на играта мора по дефиниција да бидат во контрадикција со општествениот аспект на фудбалот.



Претпоставуваме дека одлуката за Босман беше в ред. Дали го делите мислењето со Мишел Платини, претседателот на УЕФА, во врска со сопственоста на англиските фудбалски клубови. Каде сме сега, во вистинска насока или не?

- Тоа е тешко прашање за некој што го следи фудбалот, но не е активно инволвиран во организациска смисла. Меѓутоа, имам право да бидам носталгичен.



Меѓутоа, Вие како член на Европската комисија се наоѓате во ситуација понекогаш дури и да донесувате одлуки за вакви прашања?

- Ако гледате на тоа од тој аспект, тогаш јас можам да се осврнам на општествениот аспкет на тоа. Меѓутоа, мора да постигнете баланс меѓу општествениот аспект на фудбалот и во исто време почитување на законите. Треба да усовршиме правила кои ќе охрабруваат инвестирање во млади луѓе. Кога млади луѓе играат фудбал, тогаш тие не се на улица, и тоа е еден аспект од општествена важност. Треба да ги почитуваме, исто така, и човековите права на младите играчи. Јас сум либерал, но за мене либерализмот значи секогаш да се почитуваат правилата. Што се однесува до случајот „Босман“, тоа беше неизбежно. Кога бев претседател на Финската национална лига знаевме дека ќе дојде до такво нешто и почнавме да се подготвуваме да го прифатиме тоа. Понекогаш го сметам за сосема позитивно тоа кога некои луѓе кои се збогатиле инвестираат во фудбалот. Тоа не е проблем се'е додека се почитуваат правилата.



Што е проблемот со предлогот на Блатер (6 плус 5). Зошто тоа е проблем, ако воопшто и е проблем?

- Треба да го задржиме социјалниот дух и да ги почитуваме правилата. Нема да биде лесно да се најде решение, но од голема важност е тоа што и ФИФА и УЕФА се ангажираат во негово пронаоѓање.



До кој степен го следите фудбалот во земјите- кандидати и потенцијални кандидати. Нивните репрезентации изгледа дека постигнуваат добри резултати на меѓународно ниво, но домашните првенства не им се толку добри, па дури и на кошаркарските натпревари има поголема посетеност на натпреварите?

- Тоа е точно. Со големо внимание ги следам настапите на националните тимови и на најдобрите клубови во тие земји. На пример, клубовите кои не се толку силни тоа се должи делумно на проблемите во последните 20 години и послабиот економски развој. Имаше голема „фудбалска емиграција“, има повеќе од 1.000 фудбалери од регионот кои настапуваат во најсилните европски лиги. Мислам дека некаде видов податоци кои покажуваат дека од поранешна Југославија има повеќе од 1.000 фудбалери кои играат во различни европски лиги.



Колку често ги коментирате фудбалските натпревари со вашите колеги од земјите- кандидатки. Дали може да научите нешто од нив во смисла на тоа да бидете поподготвен за одмерувањето на силите со земјите од Западна Европа?

- Мислам дека фудбалот е спорт број еден во Југоисточна Европа. Една од причините поради кои сакам да работам во таа област е што можам да користам такви метафори кои добро се разбираат во регионот, што не е секогаш случај со мојата земја. На Балканот и во Турција сите го разбираат фудбалскиот речник. Секако дека и со лидерите од регионот разговарам за фудбалот и за резултатите на нивните национални тимови на меѓународните натпреварувања.



Кој од тие лидери има најдобро познавање за фудбалот?

- Можеби не ќе можам да направам споредба, но најпрво би сакал да ги спомнам лидерите од двете земји кои водат преговори за влез во Унијата. Прво хрватскиот премиер Санадер е поранешен фудбалер, како студент во некои лиги и како што разбрав бил добар играч. Турскиот премиер Ердоган е поранешен полупрофесионален фудбалер и нему му бил понуден професионален договор од страна на Фенербахче. Се сеќавам на првата средба со Ердоган пред околу четири години. Тој беше во Брисел на состанокот на Европскиот совет и го прашав: „дали е точно, господине премиер, дека во вашата земја прекарот ви е Бекенбауер?“ на што тој ми одгодови: „да точно е“ и ме праша „патем на која позиција играте“ на што јас одговорив дека секогаш го носам бројот 14 на мојот грб. Тој потоа рече: „Добро е што овој пат играме за иста цел“. Тој веднаш се надоврза на 1974 и финалето меѓу Германија и Холандија кога Јохан Кројф го носеше бројот 14, а Бекенбауер бројот 5 на својот грб. Потоа го прашав: „која е сега вашата позиција“ и тој одговори: „знаете, кога сте млад и радикален, играте во нападот, а кога ќе станете постар државник играте либеро“.



Во Комисијата кој уште е љубител на фудбалот?

- Претседателот Баросо го следи и разбира фудбалот и заедно сме гледале некои натпревари, но не секогаш сме биле на иста страна, на пример во натпреварот Португалија-Турција или Манчестер јЈунајтед – Европска унија на „Олд трафорд“...Имаме тим на Европската комисија во кој во првите 11-мина имаме играчи од 8-9 националности, па тоа е доста европски...


Статијата е прочитана 476 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Опозицијата на избори соло, власта здружено
Невидливи ракети
Зденко
СОНК и Владата само чекор напред во приближување на ставовите
Протестен марш на Здружението на бранители „Достоинство“ во Скопје
Груевски пак ќе јава со името на избори!
Вербатим
Владата заборави на најпогодените сектори
Сенка врз ѕвездените моменти на Владата
Укинување на владините комисии - за и против
Во 2009 година македонските граѓани без визи во Европската унија?
Зоран Јолевски нов преговарач за името
Карикатура
Oсум новозаболени случаи од сида
Нови дневни ограничувања на берзата