Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Владата заборави на најпогодените сектори

За металската и текстилната индустрија нема посебни мерки, реагираат стопанствениците

Јасмина Јовановска

Стопанствениците ја испофалија Владата за економските мерки против глобалната криза. Сепак, му забележаа на премиерот Никола Груевски дека во пакетот нема ништо за најпогодените сектори - металската и текстилната индустрија. Во овие сектори веќе се чувствуваат последиците од кризата. Обемот на работа се намалува, работниците се пуштаат на привремен одмор, а некои од текстилните погони се затвораат.

Токму од најзагрозените сектори немаше претставници на саботната средба со премиерот Груевски и економските министри. Имаше само околу петнаесетина бизнисмени затоа што, според објаснувањето, „салата била мала за сите членки на трите стопански комори“. По состанокот, наместо вицепремиерот Зоран Ставрески, како што беше најавено, се појави премиерот Никола Груевски, веројатно за да ги образложи подетално економските мерки.

Експертите и стопанствениците од фирмите најголеми извозници рекоа дека мерките не се секторски насочени и дека не одговараат на потребите што ги наметнува глобалната криза.

Премиерот Груевски најави дека Владата ќе биде на штрек за нови интервенции и останува со бизнисмените да се договорат каде уште треба да се реагира.

„Владата и натаму продолжува да ја следи состојбата. Се разбира, доколку се укаже потреба за некоја друга мерка за којашто и тие и ние ќе најдеме дека може да биде корисна и истовремено да не биде штетна на некоја друга страна во економијата, ние сериозно би размислиле за такво преземање“, истакна претседателот на Владата.

Тој потсети дека пред да ги претстави десетте мерки, Владата има преземено уште една мерка која, според него, е поволна за компаниите. Станува збор за намалувањето на социјалните придонеси што треба да почне да се применува од 1 јануари 2009 година.

Претседателите на Стопанската комора, на Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК) и на Комората на северозападна Македонија не избираа зборови за да ја пофалат Владата.

Според Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори на Македонија, пакетот-мерки на Владата се донесени во вистински момент, во пресрет на последиците од светската криза.

„Тие не само што се антикризни туку некои од нив ќе останат во подолг период и ќе бидат одличен стимул за развој на стопанството. Во вистинско време се носи нешто што е инјекција за стопанството“, потенцира Чекреџи. Тој смета дека дел од предложените мерки, како што се данокот на добивка и намалување на царините, директно ќе ја зголемат инвестиционата способност на компаниите.

И Стопанската комора на Македонија, главно, задоволна е од предложениот владин пакет-мерки. Но, побара со Владата да се разговара и за мерките што ги нема во пакетот, а би можеле да ја подобрат состојбата во челичната и текстилната индустрија. Според нив, мерките не се специјални мерки, туку претставуваат континуитет на соработката со Владата.

„Мерките се симболичен гест дека Владата ќе биде со нас и ако дојде до потешки состојби. Факт е дека компаниите и ние како нивни претставници имаме партнер што секогаш ќе биде со нас и тогаш ако дојде до прелевање на кризата во реалниот сектор, во димензии кои ќе бидат многу проблематични“, подвлече претседателот на Комората, Бранко Азески.

Од владините економски мерки е задоволна и Комората на северозападна Македонија. „Малку или ниедна од предвидените фискални мерки во пакетот ќе можат да се искористат од нашите членки, но другиот дел доста поволно ќе влијае на нив“, рече Џемаил Даути од Стопанската комора на северозападна Македонија.


Статијата е прочитана 529 пати.

Испрати коментар

Од: Lupco,Bitola
Датум: 01.12.2008 00:32:14
Кога ќе падне индустриското производство и *рејтингот* на владата заради текстилците и металургијата,Цацко ќе им биде крив.Е тогаш Ставревски нека се извини за гафот со откажување на дел од профитите на големите газди кои му го полнеа буџетот и запослуваа илјадници.
Од: Goran
Датум: 01.12.2008 07:58:37
Pu, ama bev budala sto gi plakjav site davacki za mojata firma, namesto da si kupev dzip Audi Q7 i za zena mi BMW X3! Ama ne sum "uspesen" biznismen kako onie istoporeni do Gruevski sto go gledaat so zaljuben pogled. Povtorno dojde dogovornata i samoupravna ekonomija!!!
Од: Chichko Stoilko
Датум: 01.12.2008 08:07:35
EVN sakame da go isterame,LUK OIL ima problemi a isto i SWED MILK,domasnite firmi se sogoleni od davacki i kazni.Od vkupno 5 milijardi evra godisno JDP 3 milijardi drzavata prisvoi za sebe.Pari se trosat za se i seshto a najchesto za gluposti no nikako za infrastruktura i stimulacija na stopanstvoto od koe se polni tokmu vladinata kasa.Go isteravaa i MMF kako ne bi postoela nikakva kontrola na finansiite. Losoto doprva doaga.Zgolemenite plati na budzetarite ke ne izedat i nas i stopanstvoto a bogami deficitot ke odi do plafon sto na kraj ke dovede do inflacija kako bi se namalila vrednosta na denarot.Za privremen spas ke gi koristat drzavnite rezervi koi ja stavaa Makedonija vo dobra i sigurna pozicija.Gospod neka ni e na pomosh.
Од: Pr..Dusko
Датум: 01.12.2008 08:24:58
Vazno e sto Azevski e zadovolen jaka garancija e nema sto.Podobro e da se izgubi da ne ja zasmevuva javnosta.Uste Cerkezi da iskoci kako sto kazuva na eden smesen medium ucilista ne treba fabriki togas svetot ke go spasat,a koj ke raboti ne obrazovan kadar a masini so sufisticirana oprema smeski obrazovanite Biljmezi kako cerkezi da znaat ke gi donesat fabrikite .Azevski-Cerkezi vie ste smesni nemate do sega na dvojca rabotn leb dadeno uste i drzava no po se izgleda stanavte del rapsodijata na vladata,da e normalna drzava na vas ne bi vi dala ni ovci da cuvate a kamo li ke izleguvate pred javnosta so vasi analizi.Ili Besimi Fatmir ke ja vodel Econ.vo drzavata uste nema plata dadeno na vrabotenite od alcnosta na negovata partija za unapreduvanje na nestrucnite,i nekompetetni lica.So vakvi luge ne ni treba kriza od nadvor i da ja nemame ke ja stvorime.A za prets.na taka narecenata asoci.zapadna komor.osven Knauf,renova so sto go polnite Budetot so koj kompanii ili samo daj da trosime.
Од: Vlado Masalko
Датум: 01.12.2008 08:26:09
Da taka e Gorane.Podobro ni bese za vreme na privatizacija i Stedilnicite.Da zivee SDSM,sakame PAK privatizacija!!!
Од: kiro
Датум: 01.12.2008 10:51:41
Chik pogodi ko sam? Vo socijalizmot policiski spion i komsomolec, pa potoa ucenik i izmek'ar na Sterjo, Sveto, Shuturko i sl, pa niven "komorash", pa falbadjija na Bucko, pa lizac na Grujo. Who is next?
Од: tose
Датум: 01.12.2008 11:55:39
Abe kakvi merki, kakvi bakraci. Samo stap za makedonceto!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Фудбалот е комбинација меѓу шахот и балетот
Опозицијата на избори соло, власта здружено
Невидливи ракети
Зденко
СОНК и Владата само чекор напред во приближување на ставовите
Протестен марш на Здружението на бранители „Достоинство“ во Скопје
Груевски пак ќе јава со името на избори!
Вербатим
Сенка врз ѕвездените моменти на Владата
Укинување на владините комисии - за и против
Во 2009 година македонските граѓани без визи во Европската унија?
Зоран Јолевски нов преговарач за името
Карикатура
Oсум новозаболени случаи од сида
Нови дневни ограничувања на берзата