Бунт во Сирија – 47 загинати

Сириската армија започна напад врз градот Хама во северна Сирија, при што жителите јавија дека загинале десетици. Во Хама владее бунт и градот практично е опколен во последниов месец. Локалните жителите јавуваат дека повеќе од 47 луѓе загинале во „интензивни вооружени престрелки“ откако силите влегле од неколку страни. Армијата најави дека нема да толерира безредија од голем обем пред месецот Рамазан, бидејќи се очекува протестите да се интензивираат, јавуваат дописниците. Повеќе од четири месеци во Сирија има протести поради авторитарното четиридецениско владеење на партијата Баат, на претседателот Башар ал Асад. (Би-Би-Си) |