Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Што пишуваат весниците во светот

Несреќа со среќен крај



Авион се урна и се распадна на два дела при приземјувањето на главниот аеродром во Гванаја, во престолнината Џорџтаун, при што има повредени, но нема загинати. Авионот „боинг 737-800“ на „Карибијан ерлајнс“, на летот БВ-523 од Њујорк, пренесувал 163 патници.

Die Welt

Тутунска контрабанда

Еден од конкурентите на глобалниот гигант за цигари „Империјал тобако“ се движи близу дисконтниот центар на Ландсбергер Але. Неговата облека е искината. Тој е мал и жилав; неговите очи се недоверливи. Тој држи пластична кеса. „Ене еден од нашите пријатели, токму таму“, вели Бернд, здогледувајќи го Виетнамецот преку прозорецот од автомобилот. Додека излегува од автомобилот и се упатува кон него, човекот со брзање се оддалечува и исчезнува зад аголот, а мобилниот телефон му е прикачен за неговото уво. „Сега и другите момци знаат дека сме тука“, вели Бернд, палејќи цигара.

Бернд се опишува себеси како крупен човек. И тој не е полицаец. Барем не повеќе. Тој работеше за германската Федерална криминална полиција. Таму го научи самоуверениот чекор и начинот да гледа низ личноста. Тој, исто така, собра многу информации за организираниот криминал. Од таа причина, „Реемтсма“, германската подружница на „Империјал тобако“ четвртата најголема компанија за тутун во светот, со задоволство го ангажираше како шеф на обезбеду��ањето.

Во 2010 година во Германија биле испушени 22 милијарди неоданочени цигари, според „Дојчер цигаретенфербанд“, германско тобако лоби. Никој не се сомнева во бројката, и поради тоа, државата загуби повеќе од четири милијарди евра во даночни приходи минатата година, а профитот за компаниите како „Раамтсма“ и „Филип Морис“ (сопственик на „Марлборо“) беше сериозно погоден.

Le monde

Правењето пари и губењето на пријателите

Кинескиот народ можеби е фасциниран од многу богатите. Но, тие и не ги сакаат многу. Кинески поплаки на богатството на други луѓе се појавуваат насекаде. Во почетокот на мај се појави информација во која се обвинува државната компанија што управува со поранешната кинеска Империјална палата за тивко претворање на еден од деловите на Забранетиот град во приватен клуб за милијардери. Веста одекна како сензација кај кинеската интернет-заедница, која реагираше со бес на корупцискиот скандал.

Богатите млади возачи што се сметаат себеси дека се над законот се друга омилена цел. Во 2010 година синот на локален полициски началник во градот Баодинг удри и уби студентка во кампусот на Универзитетот „Хабеи“. Она што предизвика скандал не беше самата несреќа, туку арогантното однесување на младиот возач. Кога полицијата се обидела да го уапси, момчето – очекувајќи специјален третман – извикало: „Татко ми е Ли Ганг!“ За кинеските интернет-корисници, сега познатата фраза стана симбол за поседување имунитет.

Во 2011 година јавноста беше почестена со уште една грозоморна сторија во која беа инволвирани момче и автомобил. Откако удри жена со својот автомобил, Јао Џијаксин, студент, ја докрајчи жртвата така што ја избоде неколку пати. Кина опседната со пари го губи влијанието на моралот. На кинески тоа се вика „чоу фу“ – омраза кон богатите луѓе. Знаците за ова се насекаде.






#
Статијата е прочитана 880 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
САД во трка со времето
ЕУ го губи кредибилитетот
Помилуван да не биде ослепен
Бунт во Сирија – 47 загинати
Србија сака мир во Косово
Колку Ватикан ја сака Хрватска
Нема да запрат нападите врз Либија
Јапонија под вода
Грчките таксисти го окупираа солунскиот аеродром
Убиецот од Осло бара оставка од владата!

"""