Јапонија под вода

Најмалку три лица досега го загубија животот во големите поплави што ја погодија североисточна Јапонија, соопшти вчера јапонската полиција.
Две лица се водат за исчезнати во префектурата Фукушима, соопшти локалната полиција.
Властите повикаа речиси еден милион луѓе од Нигата и од Фукушима да ги напуштат овие делови на земјата, додека метеоролозите соопштија дека и натаму ќе има многу силни дождови, пренесуваат агенциите.
|