Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

ЕУ го губи кредибилитетот

Белград и Приштина треба со дијалог да ги решаваат сите отворени прашања, додека ЕУ мора да го врати својот кредибилитет со понуда на конкретни решенија. Во Меѓународната кризна група (МКГ) оценуваат дека случувањата на границата меѓу Србија и Косово се загрижувачки, а фактот што едно лице загина и имаше многу екстремистички инциденти, го сметаат за трагичен.

„Голема штета е што сето тоа се случи на овој начин. Подобро ќе беше двете страни да седнеа на преговарачка маса и да се договореа за отворените прашања, како што е на пример царината. Таа тема беше на дневен ред во Брисел и ќе беше подобро таму да се договореа, наместо проблемот да се пренесе на улица“, вели Сабине Фрејзер, директорка за Европа во МКГ.

Иако сметаат дека по насилствата ќе биде многу тешко повторно да се седне на заедничка маса и да се разговара, во МКГ веруваат во брзо продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Фрејзер притоа потсетува дека и во минатото имало судири меѓу Албанците и Србите, но сепак успеаја да отпочнат дијалог.

„Лошо е тоа што косовските власти одлучија да ги преземат граничните премини, и тоа без претходен договор и во текот на ноќта. Од друга страна, разбирливо е и што се фрустрирани со состојбата бидејќи со години се обидуваат да го решат проблемот со царините низ дијалог. Значи, постои вина на двете страни и она што е сега важно е да се надминат инцидентите, и да се седне на маса“.

Во МКГ сметаат дека сликите на палењето на граничните премини ќе изгледаат лошо и за Србија и за Косово, и воопшто нема да им послужат на нивните евроинтегративни стремежи. Во МКГ посебно ја нагласуваат и важноста на улогата на ЕУ, чиј кредибилитет на Косово може да биде доведен во прашање.

„Сметаме дека ЕУ сега мора да ги зајакне своите напори. Тие не треба само да издаваат соопштенија во кои го критикуваат насилството, туку мораат да покажат и пат за решавање на проблемот“, заклучува Сабине Фрејзер во разговорот за Дојче Веле.



Тадиќ: Косово не е влог во изборната кампања



Белград - Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, во Собранието на Србија изјави дека прашањето на Косово не е и нема да биде влог во изборната кампања. 

„Сите што сметаат на тоа сами однапред се осудуваат на неуспех во политиката“, рече Тадиќ. 

Проблемот на Косово, според него, стар повеќе од еден век, подеднакво ги погодува и Србите и Албанците и другите народи што живеат на неделивиот простор на Балканот. (МИА)


#
Статијата е прочитана 934 пати.

Испрати коментар

Од: Vancho
Датум: 01.08.2011 03:09:13
Ami koj go stvori problemot-dvete strani na koi im nedostasuva BOG da bide izmegju niv a ne tradicionalna religija bez praviot posrednik BOG.A za zal u cel toj mes i EU pomogna da se iskompliciraat rabotite koi pochnaa ushte od Vatikan,Zapad,i potplateniot Gorbachov Lakom za Bogatstvo,Raskosh i Popularnost.Tova ti je gorchinata na Zloto Balkansko.
Од: Kole
Датум: 01.08.2011 14:00:14
Dodeka Srbija i Kosovo cekaat red za vlez vo EU, samata EU ke se zapise za clenstvo so Rusija ili Kina. ..Vo dogledno vreme , toa e realnosta na Evropa.
Од: k2
Датум: 01.08.2011 17:44:29
Korekcija....Go izgubi

Најди! во Утрински
Свет
САД во трка со времето
Несреќа со среќен крај
Помилуван да не биде ослепен
Бунт во Сирија – 47 загинати
Србија сака мир во Косово
Колку Ватикан ја сака Хрватска
Нема да запрат нападите врз Либија
Јапонија под вода
Грчките таксисти го окупираа солунскиот аеродром
Убиецот од Осло бара оставка од владата!

"""