Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Нема да запрат нападите врз Либија

Лондон- Британскиот министер за одбрана, Лијам Фокс, изјави вчера дека бомбардирањето на територијата на Либија ќе трае се' додека е во сила Резолуцијата на ОН.

Од почетокот на јуни се одвива нејзиното продолжување од уште три месеци, што треба да заврши на почетокот од септември годинава. Ова е првпат досега еден британски министер да постави рок за воената интервенција против силите на полковникот Моамер Гадафи и тоа да го поврзе за резолуцијата на Советот за безбедност на ОН..

Досега неколкупати министерот Фокс, како и премиерот, Дејвид Камерон, и министерот за надворешни работи, Вилијам Хејг, тврдеа дека учеството на Велика Британија во либиската војна „нема рок“, како и дека воената интервенција ќе трае се' додека „не бидат исполнети целите на мисијата и Гадафи не биде тргнат од власт“.

Русија и Кина, како постојани членки на Советот за безбедност со право на вето, веќе го предупредија Запад дека обемот на бомбардирањата ги надмина рамките на кои беше поставена Резолуцијата. Таа првично требаше да спречи насилство врз цивилите од либиската армија и да воспостави зона за забранети летови над либиската територија.

„Сандеј тајмс“ смета дека по убиството на бунтовничкиот генерал Абдел Фатех Јунес, кого го ликвидираа исламистите во бунтовничките редови на чие цело тој се наоѓаше, работите во Либија наместо подобри стануваат се' полоши, додека проториевскиот „Сандеј телеграф“ забележува дека убиството на г��нералот се случи во најтешкото време за владата во Лондон веднаш по признавањето на власта на бунтовниците, што го става под дилема целото британско учество во војната во Либија.


#
Статијата е прочитана 408 пати.

Испрати коментар

Од: Buntovnik
Датум: 01.08.2011 09:42:14
Neo nazistickata tajga narecena NATO (Nord Atlantska Teroristicka Organizacija) e vo raspaganje. Ova se smrtni potezi na edna trula evropska elita koja se uste e slep sluga na ZZionistickata mafija. Zzionisti poleka poleka si go pokazuvaat zlobniot duh. Istorijata pak ke se povtori. Vo Norveska pak se pak sretnaa Fasismot i ZZionismot ,kako sto se desi od 1932 do 1939 godina. Raspaganjeto na EU i NATO ke bide krajot na edna ZZio-Nazzi era.

Најди! во Утрински
Свет
САД во трка со времето
ЕУ го губи кредибилитетот
Несреќа со среќен крај
Помилуван да не биде ослепен
Бунт во Сирија – 47 загинати
Србија сака мир во Косово
Колку Ватикан ја сака Хрватска
Јапонија под вода
Грчките таксисти го окупираа солунскиот аеродром
Убиецот од Осло бара оставка од владата!

"""