Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Е��ономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

САД во трка со времето

Не се знае што ќе се случи доколку не се зголеми лимитот од 14,3 милијарда долари долг до 2 август

Демократите и републиканците изразија претпазлив оптимизам околу шансите за зголемување на лимитот на американскиот долг до вторник и дека ќе се избегне неисполнувањето на обврските.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, изјави дека се забележува „ниво на сериозност кај вистинските луѓе на преговарачката маса“ додека траат преговорите. Ричард Дарбин, постар демократ во Сенатот, зборуваше за „попозитивно чувство“.

Како знак за вознемиреност околу ова прашање, војниците во Авганистан го прашаа адмиралот Мајк Мулен дали ќе бидат исплатени. Адмиралот, кој во улога на началник на Генералштабот на здружените американски сили е во посета на јужен Авганистан, изјави дека не знае дали ќе се случи тоа доколку САД не го зголемат лимитот од 14,3 трилиони долари до 2 август.

Досега демократите и републиканците ги одбиваа меѓусебните предлози за намалување на трошоците и зголемување на лимитот на долгот, јавува Би-Би-Си.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес не го прифати планот на шефот на демократските претставници во Сенатот, Хари М. Рејд за зголемување на лимитот за задолжување. Си-Ен-Ен јавува дека 173 претставници гласале „за“, а 246 биле „против“. Претседателот на републиканската група на претставници во Сенатот, Мич Меконел, му достави писмо на ��ејд во кое пишува дека предлогот на Рејд е неприфатлив. Писмото го потпишале 43 републикански претставници во Сенатот, јавува „Вашингтон пост“. Тоа значи дека планот на Рејд не би поминал ниту во Сенатот, каде што мнозинство имаат демократите.

Така, последниот предлог за зголемување на лимитот за задолжување пропадна уште на првото гласање. За да заживее мора да го помине гласањето во Претставничкиот дом и во Сенатот, а на крај мора да го потпише и претседателот Барак Обама.

Како што пишува новинар на „Вашингтон пост“, републиканските и демократските предлози во самата срж се многу слични, што е резултат на долгите преговори што беа водени минатиот викенд. Со двата предлога се бара поголемо намалување на трошоците за следните десет години и основање на 12-член одбор задолжен за пронаоѓање начини за дополнителни намалувања до крајот на годината. Сепак, планот на Рејд вклучува поголемо зголемување на лимитот за задолжување, додека, според предлогот на републиканецот Џон Бонер, Министерството за финансии би добило многу пократок рок, а од 12-члениот одбор би се барало да пронајде дополнителни 1,8 милијарди долари пред да се одобри ново задолжување на владата.

Челниците од Сенатот бараа брзо гласање, бидејќи крајниот рок за постигнување договор околу лимитот е многу блиску (2 август), а сега нема смисла за негово одржување. Претставничкиот дом го прифати предлогот на републиканците прагот на задолженост краткорочно да се зголеми за 900 милијарди долари. Но, тој план веднаш го одби демократскиот Сенат. Накратко, американскиот циркус продолжува, а Конгресот мора да се договори до утре доколку сака да избегне банкрот на најголемата светска економија. Планот што го предложи претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бонер, беше прифатен со 218 гласа „за“ и 210 „против“. Неговиот план предвидува да се намали дефицитот во идните десет години за 917 милијарди долари. Меѓутоа, Сенатот веднаш го одби планот на републиканците со 59 гласа „за“ наспроти 41 „против“.

Претседателот Барак Обама повторно побара компромис во Конгресот со тврдење дека веќе нема време. Во телевизиското обраќање тој ги повика Американците да ги притиснат своите претставници во Конгресот за да можат да најдат брз одговор на актуелната криза. „Постојат многу начини да се реши овој проблем. Конгресот мора да ги усогласи ставовите за планот за да можат да го поддржат двете партии. Тоа мора да биде план што јас ќе можам да го потпишам во вторник“, изјави тој.

Иако отворено изрази мислење дека планот на Бонер не нуди никакви решенија, бидејќи само краткотрајно го одложува проблемот, Обама, со оглед дека рокот е се' поблиску, на крај, сепак, би можел да се согласи со него и да ги натера демократските сенатори да го поддржат. Сигурно е дека тој не би сакал да биде прв претседател на САД на кого земјата му банкротирала, а тешко може да се очекува дека влијателните членови на движењето Ти парти во Претставничкиот дом ќе го поддржат планот на демократот Рејд, бидејќи нивна главна цел е дискредитација на Обама на следните избори.

Напнатата ситуација околу американското задолжување ги загрижи инвеститорите, па повеќето берзи овој викенд забележаа опаѓање. Курсот на доларот во однос на јапонската валута падна на најниска вредност за четири месеци. Во случај да не се постигне договор до 2 август, САД првпат во историјата би можеле да банкротираат што, како што проценуваат експертите, би предизвикало финансиски колапс што од Америка би се проширил на останатиот свет во различни димензии. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 679 пати.

Испрати коментар

Од: snajper
Датум: 01.08.2011 21:36:24
kako ne se znae sto ke se sluci, obama kaput toa ke se sluci so komunjarcinjata tamu.. ako ne go prifatat predlogot na republikancite im sledi kraj
Од: ez-mani
Датум: 02.08.2011 17:28:13
pa USA i evropa sadea tikvi so gjavolot ,pa da vidime kakfa e nagradata za toa

Најди! во Утрински
Свет
ЕУ го губи кредибилитетот
Несреќа со среќен крај
Помилуван да не биде ослепен
Бунт во Сирија – 47 загинати
Србија сака мир во Косово
Колку Ватикан ја сака Хрватска
Нема да запрат нападите врз Либија
Јапонија под вода
Грчките таксисти го окупираа солунскиот аеродром
Убиецот од Осло бара оставка од владата!

"""