Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Помилуван да не биде ослепен

Иранецот за кого беше наложено да биде ослепен затоа што нападнал жена со киселина, е помилуван од неговата жртва, јави државната телевизија. Аменех Бахрами бараше „кисас“, ретко употребувана казна според шеријатскиот закон, но, според извештаите, таа се откажала од тоа право во последен момент. Судот го поддржа барањето на Бахрами во 2008 година Маџид Мовахеди да биде ослепен. Тој ја нападнал Бахрами во 2004 година откако таа ја одбила неговата понуда за брак, по што била тешко осакатена.

Групата за човекови права Амнести интернешенел лобираше против казната, нарекувајќи ја „сурова и нехумана казна што води до тортура“.

На веб-страницата на државната телевизија беше објавено: „По барање на Аменех Бахрами, жртва на напад со киселина, Маџид Мовахеди, кој беше осуден на ’кисас‘, е помилуван во последен момент“. „Немам намера да му го одземам видот“.

Новинската агенција Исна го цитираше обвинителот од Техеран, Абаз Џафари Долатабади, кој изјави: „Денес требаше да се изврши ослепувањето на Маџид Мовахеди во болница, во присуство на очен специјалист и судски претставник, но Аменех го помилува“. Исна ја цитираше Бахрами: „Седум години се борев со оваа пресуда за да им докажам на луѓето дека човек што фрла киселина треба да биде казнет со ’кисас‘, но денес го помилував, бидејќи тоа беше мое право“. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 1207 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
САД во трка со времето
ЕУ го губи кредибилитетот
Несреќа со среќен крај
Бунт во Сирија – 47 загинати
Србија сака мир во Косово
Колку Ватикан ја сака Хрватска
Нема да запрат нападите врз Либија
Јапонија под вода
Грчките таксисти го окупираа солунскиот аеродром
Убиецот од Осло бара оставка од владата!

"""