Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Поп Ацев 15., Димовски 19. во Росарио

Македонските пливачи на долги патеки Евгениј Поп Ацев и Илија Димовски со незабележителен настап на стартот на сезоната во маратонско пливање во Аргентина. Поп Ацев го освои 15. место во трката од Гран-при серијата на ФИНА во Росарио, со награден фонд од 10.000 долари, а Димовски заврши претпоследен во конкуренција на 20 натпреварувачи. Шестопласираниот во вкупниот поредок минатата сезона ја исплива патеката долга 15 км за 2:16,50 часа, а човекот што лани го преплива Ла Манш оствари време 2:30,48 ч. Обајцата освоија по два бода и наредниот викенд ќе учествуваат во трката во Санта Фе, со должина од 57 км и со награден фонд од 11.000 долари.

Во Росарио пријатно изненадија победникот Франсиско Хервас од Шпанија со време 2:02,55 ч. и второпласираниот Белгиец Брајан Рикеман, а третото место го освои Александар Стуџински од Германија. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 210 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хрватска надвор од борбата за медали
Мурињо
Долгополов го исфрли и Содерлинг
Против Германците посилни со Ивовиќ
Хокејот повторно ќе се игра во Скопје
И Работнички и МЗТ на финалниот Куп-турнир
Почести за Стојановски, Митков и за Стојковска
Денвер лесно со Индијана
Карлсен го запре Накамура