И Работнички и МЗТ на финалниот Куп-турнир
По Фени индустри место на финалниот Куп-турнир обезбедија и МЗТ Скопје и Работнички откако и во реванш дуелите славеа над Лирија со 78.67 и над Овче Поле со 83:73. Последниот патник ќе биде победникот од дуелот Торус - АБА Струмица (реваншот се игра утре, а во првиот меч славеа струмичани со 62:60).
МЗТ Скопје, иако без Зивчевиќ и Талевски натпреварот со Лирија го реши уште во првата четвртина во која триумфираше со 32:10. Гостите се подобрија во вторите 10 минути (триумфираа со 22:12), но тоа беше се' што можеа да направат. Пред својата публика деби имаше новото засилување Златко Гоцевски, кој реализираше седум поени, како и Теодосиќ, кој постигна само три коша.
И Работнички предводен од Димитровски (најефикасен на мечот со 24 коша) уште по првите 20 минути си ја заврши работата. Тие плус 14 (46:32) им дозволија на домаќините да се олабават во вториот дел и на крајот да остварат победа со плус 10 (83:73). |