Карлсен го запре Накамура
Во Најдорфова варијанта на Сицилијанска одбрана, Карлсен поентираше со ефектен напад
Магнус Карлсен во голем стил славеше против Хикару Накамура и повторно ја отвори трката за првото место на 73. шаховски супертурнир од 20. категорија во Вајк ан Зе. Поразот на Накамура (рејтинг 2751) го искористи Вишванатан Ананд (2810) за да му се придружи на врвот на табелата, обајцата со по 5,5 поени од досегашните осум кола. Дури петмина сега се на делба на третото место со по пет поени.
Во својата најдобра партија на турнирот, во која се играше Најдорфова варијанта на Сицилијанска одбрана, Карлсен (2814) поентираше со ефектен напад врз противничкиот крал. Алексеј Широв (2722) ја забележа својата прва победа, совладувајќи го Александар Гришчук (2773).
Резултати од осмото коло: Ананд - Аронјан реми, Карлсен - Накамура 1-0, Пономарјов - Крамник реми, Гири - Ванг Хао 1-0, Л’Ами - Непомњашчи реми, Широв - Гришчук 1-0, Смитс - Вашје-Лаграв 0-1.
Табела: Ананд и Накамура по 5,5 поени, Аронјан, Карлсен, Крамник и Вашје-Лаграв по 5, Непомњашчи 4,5, Пономарјов и Гири по 4, Л’Ами и Ванг Хао по 3, Широв 2,5, Гришчук и Смитс по 2.
Карлсен - Накамура
1. е4 ц5 2. Сф3 д6 3. д4 ц:д4 4. С:д4 Сф6 5. Сц3 а6 6. Ле2 е5 7. Сб3 Ле7 8. Ле3 О-О 9. г4 Ле6 10. г5 Сфд7 11. х4 Сб6 12. Дд2 С8д7 13. ф4 е:ф4 14. Л:ф4 Се5 15. О-О-О Тц8 16. Кб1 Дц7 17. х5 Тфе8 18. Ка1 Лф8 19. Сд4 Дц5 20. г6 Сец4 21. Л:ц4 С:ц4 22. Дд3 ф:г6 23. х:г6 х6 24. Дг3 Дб6 25. Лц1 Да5 26. Тдф1 Се5 27. Сд5 Л:д5 28. е:д5 Д:д5 29. Л:х6 ��:х6 30. г7 Ле7 31. Т:х6 Сф7 32. Дг6 С:х6 33. Д:х6 Лф6 34. Дх8+ Кф7 35. г8=Д+ Т:г8 36. Д:ф6+ Ке8 37. Те1+ 1-0. |