Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Против Германците посилни со Ивовиќ

Во вечерашниот меч од Светската лига во Штутгарт се враќа јунакот на победата над Русија на ЕП

Роберт Димитриевски



Благое Ивовиќ во вистински час се враќа во македонската ватерполо репрезентација, која вечерва во Штутгарт ја очекува натпреварот со Германија од третото коло во Светската лига. Дефанзивецот на шпанска Барселонета, кој имаше извонредно деби за Македонија на ланското Европско првенство во Загреб, кога даде два гола на стартот против Русија, меѓу кои и победничкиот од контранапад во финишот. Но, веќе во следниот меч со Грција го повреди рамото и тоа го оддалечи неколку месеца од базените. Корпулентниот Црногорец, висок 194 см и тежок 100 кг, беше најавуван како големо засилување за македонскиот државен тим, па сега ќе може да го докаже тоа во Светската лига и во квалификациите за Европското првенство 2012.

Покрај кам-бекот на братот на попознатиот Александар Ивовиќ, оптимизам во македонскиот табор внесе и уверливата победа на Работнички во Обреновац од 13:3 против Шабац на стартот во Првата Б-лига на Србија. На пропатување за Германија македонскиот тим што претставува база за репрезентацијата ги доби четвртините со 2:0, 4:0, 3:1, 4:2, при што репрезентативците Босанчиќ и Милановиќ постигнаа по четири гола, Кречковиќ, Манасков и Димовски по еден, а новакот Ракоњац два.

Македонските ватерполисти ги изгубија и двете средби во своето второ учество во Светската лига - 6:10 против Србија во Белград и 8:12 од Шпанија во Скопје. Германците, пак, беа подобри на пенали од Шпанците со 11:10 во Барселона и загубија од Србија со 13:9 во Диселдорф.

Германија ги доби сите четири меѓусебни дуели со Македонија, која најблиску до изненадување беше на ЕП во Загреб, кога загуби со 8:7, а Даниел Бениќ во последната секунда од само два метра и непречен од никого го погоди само голманот Чигир. „Панцерите“ во два наврата беа подобри на олимписките квалификации, и тоа во Братислава 2007 победија со 13:8 и во Орадеа 2008 со 9:4, а во рамките на групата на ЕП 2008 во Малага славеа со 7:5.


#
Статијата е прочитана 281 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хрватска надвор од борбата за медали
Мурињо
Долгополов го исфрли и Содерлинг
Поп Ацев 15., Димовски 19. во Росарио
Хокејот повторно ќе се игра во Скопје
И Работнички и МЗТ на финалниот Куп-турнир
Почести за Стојановски, Митков и за Стојковска
Денвер лесно со Индијана
Карлсен го запре Накамура