Почести за Стојановски, Митков и за Стојковска
Интермајсторите Дејан Стојановски (рејтинг 2436) и Марјан Митков (2401), како и Моника Стојковска (1914), се најуспешни учесници на првиот Фестивал на шахот што се одржа на 22 и 23 јануари во хотелот „Континентал“ во Скопје. Стојановски на турнирот во забрзан шах единствен меѓу 58. учесници собра седум поени од девет партии, за што му припадна наградата од 11.000 денари од вкупниот награден фонд од 45.000. Втор, според Бухолц, заврши ВМ Драгољуб Јаќимовиќ (2427) со 6,5 поени, колку што освои и третопласираниот ВМ Влатко Богдановски (2421). На делба од 2 до 8 место се најдоа и ВМ Трајче Недев (2490), ФМ Зоран Илиќ (2269), ФМ Оливер Органџиев (2331), ИМ Орце Дамчевски (2400) и Роберт Велески (2268). Настапија пет велемајстори, седум интермајстори и 10 фидемајстори.
И покрај поразот од Богдановски во последното коло, Митков триумфира на турнирот во потезен шах. Тој освои 9,5 поени од 13 партии колку и Дамчевски, но Митков имаше бодобар Бухолц, па му припаднаа 6.000 денари од вкупниот фонд од 26.000. По девет поени освоија Стојановски, ФМ Ристе Менкиновски (2298) и Богданоски. Учествуваа 57 шахисти, од кои четири велем��јстори, седум интермајстори и осум фидемајстори.
Моника Стојковска ја оправда фаворитската улога меѓу 23 јуниори. Таа освои 8,5 поени од 9 партии, втор беше Кренар Таири (1690) со 6,5, колку што собра и Никола Николовски (1823).
Стент за Станојоски
Натпреварувачката тензија најмногу се одрази на велемајсторот Звонко Станојоски (2480). За време на турнирот во забрзан шах репрезентативецот на Македонија беше префрлен со акутна прединфарктна состојба на Клиничкиот центар каде што му беше вграден стент. (Р.Д.) |