Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Мурињо: Не ми треба поддршка од навивачите

Реал тешко ја совлада Мајорка со 1:0, и така остана на минус четири бода во однос на Барселона

Резултатски многу потешко од очекуваното Реал ја совлада Мајорка со 1:0. Тренерот на мадриѓаните Жозе Мурињо одлучи да смени нешто во составот. Така стартуваше со Кака, а Озил го остави на клупа (на полувреме ситуацијата беше променета).

Реал создаваше шанси, но на голот се чекаше 60 минути кога асистенцијата на Гранеро, Карим Бензема ја претвори во водство. Десеттата домашна победа во 10. меч одигран на „Бернабе“ му овозможи на Реал да го задржи минусот од четири бода во однос на Барселона.

„Дојдовме до победа против одлично подготвената Мајорка, која има добри играчи, добар тренер и која е добро организирана. Најважно е што победивме, дека сме меѓу 16. најдобри во Лигата на шампионите, на второ место во Примера и полуфиналисти во Купот на кралот. Дербито со Атлетико мадрид остави психичка и физичка трага на моите фудбалери. Ова ни беше второ дерби во период од седум дена и јасно е дека мораше да го земе данокот. В среда не чека важен меч од Купот против Севилја и затоа променив нешто во првиот состав. Ризикував, но сега имам поодморни играчи“, изјави Мурињо.

В среда кога треба да го игра мечот од Купот Португалецот можеше да биде и во Италија. Но, нема да биде.

„Не можам да одам и да ја примам наградата за најдобар тренер во 2010 година. Тој трофеј многу ми значи, бидејќи го изгласаа сите играчи од Серија А и затоа би сакал да бидам таму. Ми беше мило да слушнам дека за мене гласаа 90 отсто од противниците. Затоа таа награда ми е најдрага во периодот што го минав во Италија“.

За транспарентот на поддршка од навивачите кои во судирот со спортскиот директор Хорхе Валдано застанаа на негова страна Мурињо вели: „Ако ја бодрат екипата ме бодрат и мене, бидејќи јас сум дел од нив. Не сакам и не ми треба поддршка од индивидуалци. Им благодарам, но не ми се потребни. Она што сакам од навивачите е да бидат со мојата екипа. Не мислам дека денес беа посебно среќни, но тешко е во јануари да одиграш девет меча на највисоко ниво“.

Резултати од 20.коло: Алмерија - Осасуна 3:2, Гетафе - Еспањол 1:3, Спортинг - Атлетико М 1:0, Сарагоса - Депортиво 1:0, Реал - Мајорка 1:0, Вилјареал - Реал Сосиедад 2:1. Табела: Барселона 55, Реал 51, Вилјареал 42, Валенсија 40.



Претседателот на Моги Мирим,

Ривалдо, Ќе игра за Сао Поало



Некогашниот фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Бразил Ривалдо потпиша едногодишен договор со Сао Пало. Ривалдо се согласи да замине како позајмен фудбалер од Моги Мирим, матичниот клуб на кој е и претседател. Ова е еден од првите, ако не и прв случај, првиот човек на една екипа да игра во еден конкурентски тим. Ривалдо има 37 години, а од 1993 до 3003 година одигра 74 меча за Бразил постигнувајќи 34 гола.



Милан остана на плус 4



По двата нерешени исхода во низа во првенството фудбалерите на Милан успеаја да најдат пат до победа. На „Сан Сиро“ ја поразија Чезена со 2:0 (автогол на Пелегрини во 45+1 минута, Ибрахимовиќ во 90+3 минути) во последниот меч од 21 коло во Серија А.

„Одигравме добар натпревар со исклучок на воведните 20 минути“, беше првичниот коментар на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по 13 сезонска победа на неговата екипа.

„Росонерите“ прокнижија три бода, но остануваат со проблемите. Првите се поврзани со реализацијата и покрај неколкуте изгледни прилики за гол во кои најчесто се наоѓаше бразилскиот напаѓач, Робињо. Со него и Ибрахимовиќ, за првпат во стартниот тим на Милан се најде и Антонио Касано кој беше најзаслужен за ситуацијата во 45 минута кога Пелегрини ја погоди сопствената мрежа што е негов втор автогол во само седум дена.

Вториот проблем што ги мачи „росонерите“ се повредите. Во дуелот со Чезена тренерот Алегри не можеше да смета на Сидорф, Пирло, Боатенг, Замброта, Амелија, Јанкуловски и Инзаги, при загревање се повреди и Гатусо, а за време на мечот се повреди и Алесандро Неста.

Серија А, 21. коло



Резултати: Милан - Чезена 2:0, Киево - Џенова 0:0, Болоња - Лацио 3:1, Бари - Наполи 0:2, Сампдорија - Јувентус 0:0, Фиорентина - Лече 1:1, Удинезе - Интер 3:1, Рома - Калјари 3:0, Парма - Катанија 2:0, Палермо - Бреша 1:0.

Табела: Милан 44, Наполи 40, Рома 38, Лацио 37, Интер 35 (-1), Јувентус 35, Палермо 34, Удинезе 33, Сампдорија 27 (-1), Калјари 26, Фиорентина 25 (-1), Парма 25, Болоња 25, Киево 24, Џенова 24 (-1), Катанија 22, Лече 20, Чезена 19, Бреша 18, Бари 14.


#
Статијата е прочитана 854 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хрватска надвор од борбата за медали
Долгополов го исфрли и Содерлинг
Против Германците посилни со Ивовиќ
Поп Ацев 15., Димовски 19. во Росарио
Хокејот повторно ќе се игра во Скопје
И Работнички и МЗТ на финалниот Куп-турнир
Почести за Стојановски, Митков и за Стојковска
Денвер лесно со Индијана
Карлсен го запре Накамура